fbpx

Прогласена жолта алертна фаза, високи температури и УВ-индекс

-

Според Управата за хидрометеоролошки работи, денеска и утре целата држава ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза.

Комисијата за следење на состојбата и ефектите од високите температури, во рамки на Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури.

„Заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Носење светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината). Консумирање лесна храна и течности, посебно да се внимава при подготовка и консумирање на храната, како и избегнување термички необработени производи, на пример мајонези од домашни јајца и внимателно да се консумира сладолед и разни кремови. Потребно е внесување поголемо количество течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.Во текот на ваквите екстремно топли денови, останете во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка. На хронично болните лица им се препорачува редовно земање на пропишаната терапија“, велат од Министерство за здравство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОНХЦР: Застрашени сме од гробниците околу болниците во Газа

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОНХЦР) Волкер Турк изјави дека е „застрашен“ од гробниците во Газа, пренесува Би-би-си. Во трите гробници кај болниците Насер и Ал-Шифа беа...