fbpx

Воспитувачка и седуммесечно бебе – нови пациенти со морбили на Инфективна

-

Во тек на вчерашното дежурство на Клиниката за инфективни болести, прегледани биле четири сомнителни случаи на морбили, од кои двајца биле задржани на болничко лекување.

– Станува збор за седуммесечно бебе, кое не е вакцинирано и воспитувачка на 35 годишна возраст од градинка во Кисела Вода. На клиниката во моментов има 26 пациенти – информираат во Министерството за здравство.

Оттаму додаваат дека со МРП вакцина, од почетокот на епидемијата на 3 јануари досега, вакцинирани се вкупно 4.387 лица. Само утрово до 9 часот вакцина примиле 42 пациенти.

Во врска со стравувањата дека епидемијата ќе земе замав со стартот на второто полугодие, во министерството велат дека засега не се очекуваат драматични промени.

– Само пет отсто од училишните деца не се вакцинирани со МРП. Тоа е мал процент и не очекуваме да направат ескалација. Но сите деца се повикуваат на вакцинација. Инаку најодговорно тврдиме дека вакцините се во рок, никогаш немало проблем со роковите и тие се со европски квалитет, проверени се и се со сите сертификати – велат во министерството.

На почетокот на епидемијата, кога во декември се појавија првите случаи на заболени во градинката во Радишани, одговорните излегоа со податок дека во главниот град има 15.000 невакцинирани деца.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...