fbpx
Таг: министерство за здравство

таг: министерство за здравство

За превенција од корона вирусот, од денес засилени контроли на сите гранични премини и аеродроми во земјава

Заради новонастанатата состојба со корона вирусот во италијанските области Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања, утрово министерот за здравство Венко Филипче одржа состанок со Комисијата за заразни болести, на која се констатираше дека се подигнува на повисоко ниво степенот на подготвеност за превензија од и справување со евентуални заболени од корона вирусот. Новите мерки ќе бидат дополнително координирани на денешниот состанок со...

Тројца починати и 5.660 новозаболени од грип досега во земјава

Од Институтот за јавно здравје информираат дека расте активноста на грипот во државата. Евидентирани се вкупно 5.660 новозаболени лица од сите градови во државата, што претставува 74 процентно зголемување, се вели во соопштението на Министерството за здравство. Лабораториски е докажано присуство на инфлуенца тип А и Б. Најголем број од заболените лица припаѓаат на возрасната категорија од 15 до...

Волонтерите од Црвен крст на 25.064 лица им помогнале полесно да се снајдат во клиниките во Скопје

Волонтерите од Црвен крст за 5 месеци им помогнале на 25.064 лица полесно да се снајдат во универзитетските клиники во Скопје, соопштуваат од Министерството за здравство. Министерството информира дека успешно функционира овој проект кој се одвива во соработка со Црвениот крст, во кој волонтерите им помагаат на пациентите полесно да се снајдат низ клиничкиот комплекс, со цел да стигнат...

Mакедонскиот државјанин со коронавирусот е во добра здравствена состојба

Министерство за здравство информира дека заболениот македонски државјанин со коронавирусот на бродот во Јокохама, Јапонија е во добра здравствена состојба. „Се работи за блага форма на заболување, меѓутоа со оглед на рутинските процедури, овој наш граѓанин е транспортиран во болница на лекување“, потенцираше лекарката Гордана Кузмановска. Кузмановска додаде дека Македонија постапува согласно насоките од Светската здравствена организација и целосно сме подготвени...

Еден од тројцата Македонци на бродот во Јокохама заразен со корона вирусот

Еден од тројца Македонци што се наоѓаат во карантин на бродот "Diamond Princess" закотвен во јапонскиот град Јокохама е заразен со новиот корона вирус (COVID-19), соопштија од Министерството за надворешни работи (МНР). По потврдувањето на овој случај, Македонецот е хоспитализиран во здравствена установа во Јапонија. Македонската амбасада во Токио е во комуникација со споменатиот македонски државјанин. „Амбасадата на дневна основа...

Засега не се регистрирани лица заразени со корона вирусот во нашата земја

Во земјава засега нема регистрирано ниту еден случај на лице заразено со корона вирусот, а државните власти прават напори за максимална контрола на лицата кои патувале во Кина и пристигнуваат на скопскиот аеродром. Министерот за здравство, Венко Филипче, денес го посети медицинскиот тим на Меѓународниот аеродром Скопје, кој со употреба на термална камера успешно ја спроведува постапката за идентификација...

Министерство за здравство со препорки за заштита од коронавирусот

Министерството за здравство информира дека редовно се следи состојбата со корона вирусот во државата и дека се преземени сите мерки на заштита и превенција. „Досега во државата не се забележани сомнителни случаи на корона вирусот, па дури и во препораките за патување издадени од повеќе земји, Македонија е ставена во рамки на земјите со вообичаена доза на претпазливост при патување....

Рапустот заврши: Мијте раце, 260.000 ученици ги демнат жолтицата и грипот

Заразната жолтица, која ја нарекуваме уште и болест на валкани раце, може да се рашири сега на почетокот на второто полугодие, па затоа многу е важно да апелираме до родителите, наставниците, но и до самите ученици, редовно да одржуваат лична хигиена, а посебно хигиената на рацете, вели д-р Владимир Микиќ, од Институтот за јавно здравје. Eпидемиолозите очекуваат со стартот...

Скопските клиники добија 13 нови амбулатни возила

Министерот за здравство Венко Филипче и директорите на Здравствен дом - Скопје, Виктор Исјановски и Бесим Кока, утрово ги промовираа новите 13 возила наменети за Поликлиниките во градот Скопје, информираат од Министерството за здравство. - 10 возила се наменети за единицата за домашно лекување, а останатите возила за секојдневно транспортирање на материјали во работните единици во Здравствениот дом - потенцираше...

Прогласен крај на епидемијата на морбили која траеше речиси цела година

Комисијата за заразни болести при Министерство за здравство констатираше дека се исполнети епидемиолошките услови за одјава на епидемијата на мали сипаници на територијата на цела држава, со што престануваат да важат дополнителните мерки за контрола на епидемијата, информираат во Министерството за здравство (МЗ). Овој заклучок е донесен откако поминале 45 дена од последниот пријавен лабораториски случај на мали сипаници или...

Во Охрид отворен Регионалниот центар за рани интервенции и третман кај деца со аутизам

Од денес во Охрид започна да функционира регионалниот Центар за рани интервенции и третман кај деца со нарушување од аутистичен спектар. Центарот е сместен во просториите на Општа болница – Охрид, а е опремен со најсовремена соодветна опрема која ги опфаќа сите потреби на децата, од психолошки развој до социјализација. Во име на општина Охрид, претседателката на Советот на општината,...

„Градски паркинг“ за 4 години заработил над 1,7 милиони евра од паркингот во Клинички центар (инфографик)

Над 1,7 милиони евра заработило јавното претпријатие „Градски паркинг“ во изминативе 4 години од управувањето со паркингот во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Податоците од годишните извештаи за работењето на ова претпријатие за периодот 2015 - 2018 година покажуваат дека овој паркинг му носи најголеми приходи во споредба со било кој друг јавен паркинг со кој...

Повторно стопирани градежните работи на новата Клиничка болница во Штип

Веќе неколку недели не се работи на зградата на новата Клиничка болница во Штип. Ова е четврти целосен прекин на работите за изградба на здравствениот комплекс. По пропаѓањето на „Бетон“- Штип, градежните активности како изведувач ги презеде грчката компанија „Интеркат“. Овој пат, како што објаснува државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев, причина е барањето на изведувачот за...

Охрид доби Центар за лица со аутизам

Во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид беше отворен Центарот за рехабилитација, едукација и сензорна интеграција за возрасни лица со аутизам. Охридскиот градоначалник Константин Георгиески на отворањето на центарот укажа на неговото значење за регионот и потсети дека тоа ќе претставува постепено поместување во перцепцијата и ослободување од предрасудите за лицата со посебни потреби. - Важно е...

МЗ: Над 30 молекули биолошка терапија за жените со рак на дојка

Министерството за здравство со централизирана набавка обезбеди над 30 молекули скапа биолошка терапија што не е на позитивната листа на лекови, а им е достапна на пациентите со рак на дојка. Со ваквата набавка, сите жени со рак на дојка имаат терапија, информираат од Министерството за здравство. „Воведена е новина за двојно читање на мамографските слики. Отсега, мамографските снимки за...

Пропадна првиот, ќе се распишува втор тендер за изградба на монтажни гаражи на Клинички

Ниту една компанија не пројавила интерес за да ги гради двете монтажни катни гаражи во Клиничкиот центар - Скопје. Од Министерството за здравство за „Мета.мк“ информираат дека ниту една понуда не пристигнала на јавниот оглас за доделување на договор за јавно - приватно партнерство, којшто беше распишан на почетокот од август годинава. Ова значи дека за неколку месеци ќе...

Производителите на канабис ќе плаќаат 10 отсто од прометот на државата

На својата вчерашна, 156-та седница, Владата го прифатила новиот предлог-закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, со кој нема промена - и понатаму канабис ќе може да одгледуваат само правни лица, кои ќе уплаќаат во државниот буџет 10 отсто од прометот. Според владиното образложение, основната цел на новиот закон е „спречување и сузбивање на злоупотребата на опојните дроги...

Младите без средства за контрацепција што можат да се земат на рецепт

И покрај тоа што невладините организации редовно реагираат, младите во Македонија сѐ уште не можат да купат ниту едно контрацептивно средство на рецент со пониска цена, која што делумно би се подмирила од Фондот за здравство. По повод одбележувањето на 26 септември - Меѓународниот ден на контрацепцијата, ХЕРА повторно предупредува за ризикот по репродуктивното здравје на младите од земјава...

При крај е распределбата на возилата од МЗШВ за здравствените установи

Министерство за здравство извести дека при крај е процедурата за распределба на возилата кои ги даде Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) до здравствените установи, пишува „Порталб.мк“. „Изготвени се одлуките за давање на трајно користење на возилата од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во следните јавни здравствени установи: Клиничка болница Битола, Клиничка болница Тетово, Клиничка болница Штип, Општа...

Немаше кој да ги брани вакцините на антиваксерската конференција помогната од Владата

Антиваксерите, односно родителите кои се залагаат за правото на избор при медицинска интервенција, во два дена викендов одржаа конференција на тема „Вакцините во 21 век – предизвици со кои се соочуваме“. На настанот присуствуваа домашни странски доктори и правници, а она што не може да се заобиколи е фактот дека Здружението „Од нас за нас“, кое беше организатор на...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...