fbpx

За 34 здравствени установи низ земјава ќе се набавуваат 1.300 кревети и 700 телевизори

„Со реновирање на здравствените установи низ целата земја, на медицинскиот персонал ќе им овозможиме подобри услови за работа, но и подобри и подостоинствени услови на пациентите за престој во болница“ соопштуваат од Министерството за здравство

-

Министерството за здравство ги објави двата тендера за реновирање на 34 здравствени установи низ земјава, како и за набавка на 1.300 болнички кревети и 700 телевизори за потребите на овие установи. Тендерот за набавка на градежно – занаетчиски работи ќе опфати комплетно молерисување на здравствените објекти, поправка и репарирање на внатрешните врати и прозорци и замена на зидните и подните плочки и на галантеријата во тоалетите.

„Со реновирање на здравствените установи низ целата земја, на медицинскиот персонал ќе им овозможиме подобри услови за работа, но и подобри и подостоинствени услови на пациентите за престој во болница“ соопштуваат од Министерството за здравство.

Двете тендерски постапки ќе бидат отворени до првата половина на септември, по што Министерството за здравство ќе ги избере најповолните понудувачи за градежно – занаетчиските работи и за опремување на здравствените установи со нови болнички кревети и телевизори. Вкупната вредност на инвестицијата ќе се знае по изборот на најповолните понуди и потпишувањето на договорите со компаниите.

Здравствените установи ќе се реновираат во рок од 60 дена по добивањето на одобрение за извршување на градежно – занаетчиските работи, се наведува во тендерот објавен на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН). Набавката на болничката опрема ќе се врши постепено, и тоа во период од 90 дена по добивањето писмено барање за креветите и во рок од 30 дена за телевизорите. Доколку успешно се спроведат тендерските постапки, реализацијата на проектот за реновирање на здравствените установи ќе може да започне претстојната есен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...