Во „Мој термин“ се воведуваат два нови упати „Итен 24“ и „Упат без термин“

-

Министерството за здравство и Управата за електронско здравство воведуваат новини во националниот систем „Мој термин“, соопштуваат од таму.

Целта, како што велат, е подобрување на здравствената евиденција и поедноставување на работата на здравствените работници, но пред се заради оптимизација на процесот на упатување на пациентите и побрзо добивање на услугата која им е потребна на пациентите.

„Најзначајната новина која се воведува се два нови упати, од кои првиот тип е „Итен 24“, кој ќе се издава доколку лекарот кој врши преглед утврди дека пациентот заради неговата состојба (животозагрозувачка/итна состојба) е неопходно да биде прегледан од специјалист, односно супспецијалист или да му биде извршена одредена дијагностичка процедура во рок од 24 часа. Вториот тип на упат се нарекува „Упат без термин“ и се користи во случај кога пациентот има потреба од преглед, поврзан со остварување одредено право и прегледот треба да се изврши во следните седум дена. Овој тип на упат ќе се користи доколку во установата каде што се упатува пациентот не постои слободен термин во следните седум дена за т.н. регуларен преглед“, соопштуваат од Министерство за здравство.

Имено, „Упатот без термин“ нема да се користи за прв преглед, туку за остварување права и обврски на осигурениците од задолжително здравствено осигурување и тоа за препорака за боледување, препорака за користење хронична терапија, препорака и издавање ортопедски помагала, остварување право на БПО, остварување други права за кои е потребно мислење од специјалист, супспецијалист, конзилиум на лекари, преглед/аплицирање терапија, која поради здравствената состојба треба да се изврши во рок од 24/48/72 часа.

„Во делот на болничко работење се воведува нова мерка, со која отпусното писмо задолжително ќе се издава на денот на испишување на пациентот од болница, а најдоцна во рок од 24 часа. Доколку за пациентот се чека хистопатолошки наод се издава отпусно писмо со работна дијагноза, а по добивање на резултатите и отпусно писмо со конечна дијагноза. Исто така, интерклиничкиот упат и интерболничкиот упат се спојуваат во еден тип – Упат за трансфер на хоспитализиран пациент“, се додава во соопштението.

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...