fbpx
Таг: министерство за здравство

таг: министерство за здравство

Филипче: Исплатата на зголемениот додаток за дежурства треба да почне во април

Министерот за здравство, Венко Филипче, заедно со државниот секретар во Министерството, Влатко Милошев денеска беа во посета на штипската болница, каде направија увид во изградбата на новиот објект на болницата. Како што изјави Филипче, новиот објект треба да биде завршен и опремен во текот на следната година, а ќе биде пуштен во употреба во 2019 година. Тој изјави дека исплатата...

Филипче изврши увид во градежните работи на новото крило на струмичката болница

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска ја посети Општата болница во Струмица и изврши увид во градежните работи на новото крило во оваа Јавна здравствена установа, соопштија од Министерството за здравство. Новото болничко крило, како што се наведува во соопштението, се простира на површина од 6.500 квадратни метри, каде ќе бидат сместени најсовремен ургентен центар и уште осум болнички...

Министерство за здравство уверува: Нема инсулинска криза

Нема инсулинска криза, порача Министерството за здравство попладнево, откако во некои медиуми беше пренесен апелот на дијабетичарите до премиерот Зоран Заев да преземе итни мерки да се реши проблемот со инсулинот. Според „Шеќерче - Лолипоп“ еден месец нема инсулин, што директно погодува околу 50.000 пациенти коишто мора да го примаат. Министерството за здравство вели дека се обезбедени доволни количества преку...

Алијансата за Албанците нема да ја напушти владината коалиција

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села попладнево по состанокот на Централното собрание на партијата што се одржа во Гостивар, изјави дека нема да ја напуштат владината коалиција. Тој изрази верување дека со премиерот Зоран Заев повторно ќе се сретнат околу условите за нивното останување во коалицијата. -Ние одлучивме дека ќе бидеме дел од владата за реализација на програмата која...

Таравари: Без Алијансата за Албанците немаше да има влада, жал ми е за Заев

Заев вели дека Министерство за здравство е дадено на Алијансата поради мене како личност. Кога го слушнав ова првпат, ми дојде многу жал за него. Поради недостаток на реално оправдување за насилното одземање на Министерство за здравство тој прати една незрела вест, вели градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари на својата „Фејсбук“ страница. „На ова оправдување на Заев не верува...

Алијансата за Албанците утре ќе одлучува дали ќе остане во владината коалиција

Централното Собрание на Алијансата за Албанците утре во 11 часот, во просториите на ресторанот „Арена“ во Гостивар ќе одржи состанок на кој треба да одлучи дали ќе остане во владината коалиција. Вчера премиерот Зоран Заев во интервју за емисијата „Ноќно студио“ рече дека владата ги доставила предлозите за новите министри до Собранието и дека предлог за министер за здравство е...

Заев: Предлогот на Села за министер за здравство беше неприфатлив

Премиерот Зоран Заев синоќа во интервју во емисијата „Ноќно студио“ изјави дека предлозите за испразнетите министерски места и заменик министер се испратени до Собранието на Република Македонија и дека предлогот на Алијансата за Албанците за министерското место за здравство бил неприфатлив. Владата како до Собранието го испрати името на Венко Филипче како предлог за министер за здравство. Заев рече дека Алијансата...

Села не се откажува од здравство, не сака да добие „заменик-премиер за носење бурек“

Остануваме на нашите ставови дека нема да прифатиме позиции кои се местат преку ноќ за да се омаловажува Алијансата за Албанците и бараме да го водиме министерството за здравство, рече , Зијадин Села по средбата во Владата со премиерот Зоран Заев. - Јас му дадов предлог на премиерот да стокми уште една друга позиција, што би била заменик премиер за...

Заев верува дека преку дијалог ќе ја врати опозицијата во Собранието

Премиерот Зоран Заев денеска не сакаше да соопшти дали синоќа се одржал најавениот состанок со коалициските партнери околу пополнувањето на испразнетите министерски места, меѓу кои и она во Министерството за здравство. Заев рече дека штом ќе има решение за новите членови во Владата јавноста ќе биде извесетан. - Знаете дека има испразнети пратенички места кои треба да бидат пополнети од Државната...

Ќе се испитува водата во Гостивар, резултатите од анализата – следната недела

Министерството за здравство информира дека денеска екипа од Институтот за јавно здравје зела дополнителни мостри за испитување на квалитетот на водата во Гостивар, во однос на бактериолошка исправност, периодично физичко-хемиска, како и анализа на остатоци од пестициди, информираат од таму. Резултатите од анализите се очекуваат на почеток на следната недела. Bо текот на ноќта, во гостиварската болница лекарска помош побарале уште 60...

Уште 60 лица од Гостивар побарале лекарска помош поради дијареа и изнемоштеност

Bо текот на ноќта, во гостиварската болница, лекарска помош побарале уште 60 нови лица со симптоми на дијареа и на изнемоштеност, информираат од Министерство за здарвство. Со ова, вкупната бројка на заболени се зголеми на 360 лица. Од Министерство за здравство уште еднаш потврдуваат дека „од епидемиолошките и од другите спроведени мерки, со сигурност може да се констатира дека не постои поврзаност за...

Вакцинирани околу 100 лица кои биле во близина на заболените од мали сипаници

Центарот за јавно здравје Скопје (ЦЈЗ) информира дека за време на викендот биле вакцинирни околу сто лица, кои биле во непосредна близина на заболените од мали сипаници (морбили) и кои не се вакцинирани или немаат потврда за вакцинација на територијата на Општина Гази Баба, каде од петокот е прогласена ограничена епидемија. „Екипи од ЦЈЗ - Скопје и од Институтот за јавно...

Заев би го вратил Таравари на министерската функција ако не стане градоначалник

Премиерот Зоран Заев е подготвен да го врати Арбен Таравари за министер за здравство ако тој изгуби во градоначалничката трка, без оглед што самиот си поднесе оставка. Гостувајќи во емисијата „Топ-тема“, Заев рече дека не е проблем Таравари да се врати ако загуби на изборите, оти демократијата подразбира право за битка за гласовите на граѓаните. Тој нагласи дека, пред сè,...

Таравари: Ако гостиварци не ми веруваат, се враќам на лекарската професија

Министерот за здравство во заминување, Арбен Таравари, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“ зборува за проблемите во ресорот што ги затекна и со кои се справуваше, како и за својата кандидатура за градоначалник на Гостивар. - Сега е моментот да видам колку тежам и вредам во мојот град. Ако тие ми веруваат и ми дадат гласови, ќе знам дека вредам...

Шуто Оризари доби гинеколог од Албанија

Скопската општина Шуто Оризари од денеска има гинеколог кој ќе работи во амбулантата во општината. Пациентките ќе ги прегледува доктор Вјолца Мбиара, специјалист гинеколог со долгогодишно работно искуство, меѓу другото, и во американска болница во Албанија, информираат од Министерството за здравство. Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека конечно во амбулантата во Шуто Оризари ќе работи и гинеколог, со што...

За смртта на трите бебиња, Комисијата утврдила дека биле запазени медицинските протоколи

Министерството за здравство информира дека Комисијата за стручен надзор донела заклучоци во врска со трите починати новороденчиња на Клиниката за гинекологија и акушерство. „Комисијата констатира дека се работи за високоризична, повеќеплодна бременост, проследена со гестациски дијабетес зависен од инсулин, хипертензија и инфект кај мајката, што довело до предвремено раѓање на новороденчиња со ниска гестациска возраст (помала од 28 гестациска недела)...

Тројка бебиња починале на Клиниката за гинекологија и акушерство

Три новороденчиња починале вчера на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, соопшти Министерството за здравство. Како што инфромираат оттаму, завчера на Клииката била хоспитализирана пациентката И.М., поради болки во стомакот, која истиот ден била породена со царски рез во 27-та недела од бременоста со тројка. Новороденчињата биле прифатени од педијатар и акушерка во операционата сала, по што била извршена примарна реанимација...

Пет лица затруени со храна во гостилница „ДМ“ во Скопје

Пет лица имале труење со храна во гостилницата „ДМ“ во Скопје, соопшти Министерството за здравство откако денеска Центарот за јавно здравје го известило Државниот санитарен и здравствен инспекторат дека заразното заболување било пријавено од Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби. Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска извршил вонреден инспекциски надзор во гостилницата „ДМ“, лоцирана на улица Орце Николов,...

Во болница остануваат уште 12 патници повредени во автобуската несреќа

Се очекува денеска дома да бидат пуштени уште тројца пациенти од автобуската несреќа што се случи во неделата на автопатот Велес - Скопје, кои беа хоспитализирани во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, соопшти Министерството за здравство. Од Клиниката за oртопедија информираат дека петмина пациенти се веќе пуштени дома и во моментов кај нив се хоспитализирани уште осум повредени...

Едно лице почина во автобуската несреќа, a 28 се хоспитализирани

Едно лице им подлегна на повредите, а 28 се хоспитализирани поради тешката сообраќајна несреќа која што се случи на патот Велес-Скопје, информираат од Министерство за здравство. На Универзитетската клиника за хируршки болести „Св Наум Охридски“, се примени шест лица, од кои еден повозрасен маж е на интензивна нега, но е во стабилна состојба. Сите други пациенти се надвор од животна...

ЦУК: Поплавени подруми во охридско од поројниот дожд

Поројниот дожд во текот на изминатото деноноќие предизвикал поплавување на подруми и гаража на две куќи на ул. „Стив Наумов“ во Охрид, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). „Регионалниот...