Министерството за здравство информира дека денеска екипа од Институтот за јавно здравје зела дополнителни мостри за испитување на квалитетот на водата во Гостивар, во однос на бактериолошка исправност, периодично физичко-хемиска, како и анализа на остатоци од пестициди, информираат од таму.
Резултатите од анализите се очекуваат на почеток на следната недела.
Bо текот на ноќта, во гостиварската болница лекарска помош побарале уште 60 нови лица со симптоми на дијареа и на изнемоштеност и со ова, вкупната бројка на заболени се зголеми на 360 лица.