fbpx
Таг: министерство за здравство

таг: министерство за здравство

Десетина затруени лица во болница, јаделе во „Сендвичара 7“ во Карпош

Десетина лица се во болница откако, како што изјавиле се затруле со храна од познатата скопска сендвичарница „Сендвичара 7“ во Карпош, информира Министерството за здравство „До завршување на вонредниот надзор бројката на лица со стомачни тегоби, проливи, гадење, повраќање и висока температура 39-40 степени изнесува: 9 лица згрижени на ЈЗУ УК за инфективни болести и фебрилни состојби, од кои 5...

Тројца нови директори во здравството, разрешени голем број економски менаџери

Министерството за здравство информираше дека се именувани тројца нови директори на здравствени установи. Нов директор на Геронтолошкиот завод е Салија Љатиф, на Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле е Ангелчо Андоновски, а Филип Гучев е новиот прв човек на Универзитетската клиника за ревматологија. На првата функција во Психијатриската болница Бардовци и понатаму ќе биде досегашниот директор, Ќамиљ Ковачи. Исто...

Серија нови именувања на директори на клиники и на здравствени домови

Министерството за здравство денеска ги соопшти имињата на новоназначените директори на клиники и на здравствени домови. Промените на директорските места почнаа кон крајот на јуни, речиси еден месец по стапувањето на должност на новиот министер за здравство, Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, еден од трите клучни партнери во владината коалиција. Нов директор на Институтот за трансфузиона медицина е Кочо...

Министерството за здравство со препораки до граѓаните поради портокаловата фаза

Министерството за здравство, во согласност со метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, соопшти дека почнувајќи од утре и во текот на викендот територијата на целата земја ќе биде зафатена со висока температура од портокалова фаза. Министерството препорачува во следните три дена (од петок до недела) од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и лицата над 60-годишна возраст, додека сите други лица...

Директорите на 33 клиники се сменети поради реваншизам и омраза, смета ВМРО-ДПМНЕ

Последната одлука за која денеска дозна јавноста со која биле разрешени 33 директори на клиники, болници и на здравствени домови е удар врз целокупниот здравствен систем во државата, изјави денеска Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ. - Директорите се разрешени без основа и целосно спротивно на законот, што говори дека тоа не е направено врз основа на некој вредносен систем или какви...

Чакаровски: Денеска 33 здравствени установи ќе добијат нови директори

Министерството за здравство денеска ќе назначи нови директори на 33 здравствени институции, промените ќе продолжат утре, а до петок ќе се направат сите измени на директорските места во институциите под контрола на Министерството за здравство, порача денеска заменик-министерот за здравство Гоце Чакаровски. -Ги работиме документите. Денес ќе назначиме директори на 33 здравствени институции. Утре ќе продолжиме со другите, до петок...

Извршена е дератизација и дезинфекција во Симница по двата смртни случаи

Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство на 26 јули одржала итна седница поради двата смртни случаи од вирусна хеморагична треска, соопшти денеска Министерството за здравство. Во соопштението се наведува дека стручен тим извршил епидемиолошки увид, анкета на домаќинствата на починатите, притоа е извршена дезинфекција и дератизација во домовите и во околината на починатите лица, земени се мостри од водата за...

Разрешени директорите на клиничките болници во Штип и во Тетово

Министерството за здравство донесе одлука за разрешување на медицинскиот директор на Клиничката болница во Штип, Александар Стојановски, како и за разрешување на економскиот директор во Клиничката болница во Тетово, Зоран Станковски. „По извршената инспекција во Клиничката болница во Штип, воочени се одредени нерегуларности во работењето, неетичко однесување од дел од вработените, а воедно е утврдено дека хигиената во установата не...

МТСП: Работодавците да ги почитуваат препораките за заштита од топлото време

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) денеска ги повика работодавците да ги почитуваат и да се придржуваат до препораките за заштита на работниците во деновите со неповолни временски услови за работа, односно од топлотниот бран кој ја зафати земјава. На работодавците, како што стои во соопштението од МТСП, им се препорачува да го реорганизираат работното време во насока на...

Во наредните три дена да се ослободат од работа бремените жени и хронично болните

Поради информацијата дека во наредните три дена земјава ќе биде зафатена од многу висока температура од портокалова фаза, Министерството за здравство препорачува од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години. Министерството на работодавците им препорачува да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот....

Отворена телефонска линија за контакт на граѓаните со министерот Таравари

Министерството за здравство воведе телефонска линија за директна комуникација на граѓаните со министерот за здравство, Арбен Таравари, преку мобилните апликации „вибер“ и „вацап“. Од министерството информираат дека почнувајќи од денеска, функционира телефонската линија 071/349-999 на која граѓаните преку електронска порака може да се обратат до министерот со каква било идеја, со предлог, со пофалба или, пак, за пријавување одредени неправилности,...

ВМРО-ДПМНЕ го осуди обидот за убиство на Тодоров, бара одговорност

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение денеска го осуди обидот за убиство на Никола Тодоров, остро го нападна СДСМ како подготвувач на теренот за посегнувањето по животот на досегашниот министер за здравство и побара одговорност и од владејачката партија и од „Шарената револуција“. „Сега јавноста може да ја види катастрофата од деструктивната политика што следи како нуспродукт од насилничкото враќање на животот. СДС и...

СЈО ги проверува тендерите во Клиничката болница во Битола

Обвинители од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) вчера влегле во Клиничката болница во Битола, за да приберат подетални информации за дел од тендерите распишани во изминатите години, потврди за „Мета“ директорот на болницата, Василе Најдовски. - Обвинители на СЈО дојдоа во билницата да приберат документација за дел од тендерите распишани од Министерството за здравство. Ги пречекавме, разменивме телефони и им помогнавме...

ВМРО-ДПМНЕ: Има доволно средства за инсулинска терапија на пациентите

„СДС очајно се обидува да направи сензационална вест од вообичаена финансиска процедура во едно министерство, со единствена цел да го наруши угледот на Министерството за здравство“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на пратеничката на СДСМ, Јагода Шахпаска. Од партијата велат дека „најважно е дека до крајот на годината има доволно средства за да се покријат потребите на сите пациенти...

Министерство за здравство: Од отровот за кучиња може да страдаат и деца

Министерството за здравство апелира да не се фрла отров за кучиња затоа што тој може да биде исклучително опасен и по здравјето на луѓето. „Апелираме на поголема свесност и совесност зашто злоупотребата на овие материи директно го загрозува и здравјето на децата, кои лесно може да дојдат во допир со фрлените отрови на јавни површини. Според стручните лица во областа, за...

Надлежната комисија не нашла пропусти во случајот со починатите во брзата помош

Комисијата за стручен надзор на Министерството за здравство тврди дека немало лекариски пропусти во лекувањето и при транспортот на двајцата пациенти од Крива Паланка, кои, кон средината на овој месец, починаа во возило на брза помош на кое му откажаа сопирачките, пренесува „Телма“. Комисијата беше формирана од Министерството за здравство за да го испита случајот. Комисијата, повикувајќи се на документацијата...

МОН: Распустот продолжен до 23 јануари, деновите ќе се одработуваат во сабота

Министерството за образование и наука (МОН) ја прифати мерката на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за продолжување на зимскиот распуст за учениците, поради состојбата со грипот. Со ова, и официјално, второто полугодие од учебната година наместо на 18 јануари, ќе почне на 23 јануари.­ „Врз основа на сиот ризик што постои од грипот, предложената мерка е...

Рано е да се каже дали грипот и студот ќе го продолжат зимскиот распуст

Сè уште е рано е да се размислува за тоа дали зимскиот распуст за учениците, кој трае до 18 јануари, ќе биде продолжен поради состојбата со грипот, велат неофицијално од Министерството за образование и наука (МОН). Официјален одговор на прашањето на „Мета“ дали поради грипот се размислува распустот за учениците да биде продолжен, сè уште не сме добиле. Оваа мерка за...

#Одговорност е да има повеќе логопеди Албанци

Една говорна мана, по правило, предизвикува тешкотии во учењето, но се одразува и на резултатите на ученикот и на социјалниот живот на детето. Сите овие проблеми се решливи со посета на логопед, кој може да ги дијагностицира маните во говорот и по потреба може да препорача индивидуална или групна терапија за лекување на утврдениот проблем. Во Македонија забележлив е голем...

Во поплавените подрачја ќе се врши вонредна дезинсекција

Градот Скопје ќе ја изврши теренска дезинсекција во поплавените подрачја по барање од Министерството за здравство, а по претходно донесен заклучок од Владата. Вонредната дезинсекција против комарци ќе се изврши утре од 23 до 2 часот по полноќ.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...