fbpx
Таг: министерство за труд и социјална политика

таг: министерство за труд и социјална политика

Аудио читач „Кико“, бесплатна дигитална алатка за слепите и за лицата со пречки во видот

Дигиталната апликација – Аудио читач „Кико“, што ја подготви Министерството за труд и социјална политика (МТСП) со УНДП, а со која ќе се олесни комуникацијата и функционирањето на слепите лица, ќе биде бесплатна и ќе може да се користи без интернет поддршка. Таа е достапна за мобилни телефони Андроиди, како и во десктоп верзија за персонални компјутери. Инсталирањето на...

Порталб: Секој четврти во земјава кој останал без работа е млад, младите без перспектива

Младите се едни од најранливите категории кога станува збор за работничките права. Стапката на невработеност кај младите во Северна Македонија е една од највисоките во Европа. Пазарот на труд денес бара повеќе вештини и прилагодување кон новите достигнувања, креативност, способност да се размислува на иновативен начин и во таа насока треба да се развие формалното и неформалното образование. Дискриминацијата...

Отворен Младински ресурсен центар „I can“ во Гостивар

Отворен е првиот Младински ресурсен центар „I can“ во Гостивар за потребите на младите во Полошкиот регион, чија мисија е подготовка на младите за активно учество на пазарот на трудот, поттикнување на претприемачкиот дух и иновативните бизнис решенија, поддршка на дигитализацијата и зелените идеи, како воспоставување поблиска соработка со приватниот сектор од регионот. „Младинскиот ресурсен центар во Гостивар ќе нуди...

Создадена прва мобилна апликација за помош и поддршка на жртвите на насилство „Биди безбедна”

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) заедно со УНДП ја креираа првата мобилна апликација за помош и поддршка на жртвите на насилство ,,Биди безбедна”, достапна на три јазици: македонски, албански и ромски. Апликацијата ќе им помогне на жртвите на семејно насилство брзо и едноставно да побараат помош и поддршка, без разлика на времето и местото на кое се наоѓаат...

Потпишани 10 нови договори за грант со општините за пружање услуги на стари лица и лица со попреченост

Општините Чучер Сандево, Бутел, Јегуновце, Теарце, Желино, Крива Паланка, Кичево, Македонски Брод, Центар Жупа, Струга, Демир Хисар, Кавадарци и Струмица се новите локални самоуправи кои потпишаа 10 нови договори за грант за развој на социјалните услуги со Министерството за труд и социјална политика. Со нив, тие се обврзуваат на давање услуги на старите лица и на лицата со попреченост,...

За месец и пол, 109 вработени во градинки и 33 деца биле позитивни на ковид-19

Согласно последните податоци на Министерството за труд и социјална политика (МТСП), од првиот ден кога градинките почнаа да примаат деца на 9 септември досега, регистрирани се вкупно 109 вработени лица во градинка кои биле позитивни на ковид-19 и 33 деца кои посетувале градинки, информира министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. - Дел од нив се излезени од период...

Минатата недела 6 деца и 21 вработен во градинките биле позитивни на ковид-19, 309 деца се во изолација

Од отворањето на градинките досега имало 18 деца и 55 вработени лица што биле позитивни на тестирањето за ковид-19. Евидентно е дека последниве две недели нивниот број се зголемува, истакна денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. „За периодот од 9 до 16 октомври имаме дополнителни 6 дечиња и 21 вработен во градинките кои се позитивни на ковид-19....

Шахпаска: Нема по секоја цена да ги чуваме градинките отворени

Во моментот 44 деца од градинките во државата се во изолација, откако се утврдило дека биле во контакт со заболени со ковид-19. Меѓутоа, како што оцени министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, заболените деца заразата не ја добиле во градинките, заболените вработени во голем дел се вратени на работа, а состојбата е под контрола. „Не по секоја цена...

Детскиот дом „11 октомври“ со британска помош прераснува во современ центар за социјални услуги (галерија)

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска го посети Детскиот дом „11 октомври“, кој со процесот на деинституционализација го промени начинот на грижа за децата без родители и родителска грижа од институционален во грижа заснована на групни домови во заедницата. „Целта на денешната посета на министерката Шахпаска беше увид во активностите за пренамена на овој објект. Во еден...

Шахпаска-Галовеј: Продолжува поддршката на Обединетото кралство на социјалните политики во земјава

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј. На средбата се разговарало за сегашните и идни процеси поврзани со областите за кои е надлежно Министерството за труд и социјална политика, а кои Обединетото кралство силно ги поддржува, информираат од ова министерство. „Деинституализацијата и децентрализацијата се...

Понеделник 12 октомври е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците, 11 октомври 2020 година (недела), Денот на народното востание, е државен празник. „Понеделник, 12 октомври е неработен ден за сите граѓани. Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на народното востание,“ се вели во соопштението.

Родители на 14.555 деца досега покажале интерес за прием на нивните деца во градинка

Од вкупниот капацитет на детските градинки од 19.000 деца, досега родителите на 14.555 деца покажале интерес нивните деца да посетуваат градинки, покажуваат податоците на Министерството за труд и социјална политика. Министерката Јагода Шахпаска денеска изјави дека дел од родителите што ги пријавиле децата, изминатата недела не ги носеле во градинка. Од тие причини, ова министерство упати допис до градинките...

За четири дена пријавени два случаи на вработени позитивни на ковид-19 во градинките

Министерството за труд и социјална политика известува дека од почетокот на отворањето на градинките на 9.09.2020 година, пријавени се два посебни случаи на вработени позитивни на ковид-19 во две јавни установи за згрижување на деца - детски градинки. „Во првиот случај, се работи за објект „Коца Василевска“ при ЈОУДГ Мајски Цвет , Битола, каде од стана на КЗБ остварен е...

Шахпаска: Таму каде што ќе фалат воспитувачи, општината да обезбеди

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се состана со директори на повеќе градинки од целата држава. На состанокот биле посочени одредени дилеми, за кои, како што информираат во Министерството за труд и социјална политика (МТСП), низ отворена дискусија биле донесени заклучоци и биле расчистени голем број нејаснотии. Министерката кажала дека ако некаде има проблем со недостиг на...

Наставата во училница е неопходна, се подготвуваат правила за работа на училиштата

Во едни училишта во државата има подобри просторни услови, во други полоши. Некаде има многу голем број на ученици, па ќе мора да се воведе учење во смени, а во други пак, има помали паралелки и нема да има потреба од смени. Затоа, наставата со физичко присуство ќе се одвива на различен начин во различни училишта, но важно е...

Агим Нухиу нов министер за внатрешни работи, по Пржинскиот договор смени и во другите министерства

Откако ДИК ги соопшти официјалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори, денеска се вршат и министерските смени во техничката влада во согласност со Пржинскиот договор. Досегашниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев денеска официјално му ја примопредаде должноста министер за внатрешни работи на Агим Нухиу, кој како кадар на ДУИ досега беше заменик министер на МВР. Во согласност со постоечките...

Министерски смени ќе следат по објавувањето на конечните изборни резултати од ДИК

Откако Државната изборна комисија (ДИК) ќе ги објави конечните резултати од предвремените парламентарни избори, во актуелната техничка влада треба да следуваат министерски смени во согласност со Пржинскиот договор. Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев штом се соопштат конечните резултати ќе мора да си замине од оваа функција, заедно со дополнителната заменик министерка Славјанка Петровска. До изборот на новата влада,...

МТСП: Со мерката субвенцинирање на плати досега се вработени 1.346 лица

И во услови на криза, активните програми и мерки за вработување им овозможуваат на компаниите полесно да ангажираат работници, пазарот на труд функционира, вработувањата не се запрени. Над илјада работни места се поддржани само со една мерка од Оперативниот план за вработување: „Субвенционирање на плати“, а финансиската помош за новоотворените работни места досега изнесува 302.556.000 денари, соопшти Министерството за...

АВРМ досега примила над 2.300 барања за паричен надомест за лицата кои останаа без работа

Агенцијата за вработување (АВРМ) до 26 јуни ќе ги прима барањата на лицата кои потпишале спогодбен отказ или дале лична изјава за прекин на работниот однос во периодот од 11 март до 30 април. Дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ изјави дека досега до АВРМ се пристигнати над 2.300...

Владата донесе Уредба со која се регулира породилното отсуство за време на траење на мерките

Мајките кои се на породилно отсуство не мора да се вратат на работа сè додека траат времените мерки, информираат од Министерство за труд и социјална политика (МТСП). „За да се обезбеди заштита и грижа за децата, Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи (“Сл. весник на РСМ” бр. 90), во која со членот 4...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...