fbpx
Таг: министерство за труд и социјална политика

таг: министерство за труд и социјална политика

Ибрахим Ибрахими од денеска е нов министер за труд и социјална политика

Досегашниот заменик-министер, Ибрахим Ибрахими, од денеска е нов министер за труд и социјалната политика, по преземањето на функцијата од техничката министерка Фросина Ташевска-Ременски. „Од денеска (29 декември 2016 г.), во согласност со член 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија од јули 2016 година, заменик-министерот во Министерството за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими...

Спасовски и Ременски ја чекаат ДИК за да се збогуваат со министерските функции

Со објавувањето на конечните резултати од изборите од страна на Државната изборна комисија (ДИК), автоматски им завршува мандатот на министрите и на дополнителните заменици-министри во министерствата за внатрешни работи, труд и социјална политика, министерствата за земјоделство, шумарство и водостпанство и за администрација и информатичко општество. Ова е предвидено со Договорот од 20 јули и меѓу другото значи дека штом...

Поранешниот претседател на Кривичен суд доби уште една кривична пријава

Министерството за труд и социјална политика, односно Државниот инспекторат за труд констатирал дека поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, незаконски го прераспределил на друго работно место вработениот Горан Стаменковски. Трудовата инспекција, по претставка на оштетениот и по извршени проверки во судот, констатирала дека одлуката што на 28 септември била донесена не била „во согласност со член 60,...

Ременски: Кривичната пријава од ССМ е непознавање на синдикалните акти

Најавата за кривична пријава од претседателот на Сојузот на синдикати, Живко Митревски, е основно непознавање на синдикалните акти, вели министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски - Ја информираме јавноста дека ниту министерот ниту претставници од Mинистерството имаат право да присуствуваат ниту, пак, присуствувале на седници на советот на ССМ и притоа да учествуваат или да влијаат на носењето...

Спасов и Поповски да понесат одговорност за неодговорното однесување, порача Ременски

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, денеска ги повика сите инволвирани во саботниот настан, дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, и директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, наместо да изнесуваат лаги и невистини пласирани преку соопштенија од Агенцијата за вработување на Република Македонија и да ја манипулираат јавноста, храбро да одговорат за секоја нивна...

АВРМ: Возилото што го возел Спасов e отстапено на Министерството за труд

Агенцијата за вработување (АВРМ) во врска со сообраќајката што пред два дена ја направи дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, соопшти дека во 2015 година АВРМ го отстапила возилото на Министерството за труд и социјална политика. „Во октомври 2015 година меѓу Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување е склучен договор со кој Агенцијата...

Македонски и руски експерти почнаа преговори за договор за социјална сигурност

Македонски и руски експерти, минатата недела, во Москва, го одржале првиот круг преговори за склучување договор меѓу двете земји за социјална сигурност, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика. На преговорите, кои се одржале од 18 до 20 октомври, двете страни размениле информации за правните прописи во областа на пензиското и на здравственото осигурување, права при невработеност, повреда при работа,...

Во еден ден девет директори на центри за социјална работа најавиле боледување

Девет директори на центри за социјална работа испратиле известување до Министерството за труд и социјална политика дека се болни и дека отвориле боледување. Шесте писмени и трите усни најави за боледување во Министерството пристигнале во еден ден. Оваа информација за „Телма“ ја потврдила и министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски, која беше назначена на оваа позиција од редовите...

8 Септември е неработен ден

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопштува дека во согласност со Законот за празниците на Република Македонија, 8 септември (четврток), кога се прославува Денот на независноста, е неработен ден за граѓаните. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на независноста.

Министрите на СДСМ потпишуваат одлуки, а не кажуваат дали одат во кабинетите

Министрите и дополнителните заменици-министри на СДСМ во Владата ги потпишуваат решенијата и одлуките во рамките на секојдневните обврски, но ниту тие ниту од нивните кабинети не кажуваат дали по поднесувањето на оставките на функциите доаѓаат на работа. Од МВР за „Мета“ денеска не можеа да потврдат дали Спасовски доаѓа на работа и изјавија дека ќе мораат да проверат. Но, како...

Ременски: Во Табановце има над 1.400 мигранти, повеќе од капацитетот на кампот

Во транзитниот камп во Табановце во моментов се наоѓаат повеќе од 1.400 мигранти, така што се надминати капацитетите на кампот, поради што дел од луѓето се сместени во него, а дел се наоѓаат на граничниот камен, изјави министерката за труд и социјална политика, Фросина Ремески, при денешната посета на прифатниот центар во близина на Куманово. Поради ваквата состојба, рече Ременски, ќе бидат преземени...

Ременски: Управниот суд со решение ја укина тужбата од Диме Спасов

Управниот суд донел решение со кое тужбата и предлогот за привремена мерка на дополнителниот заменик-министер Диме Спасов против министерката за труд и социјална политика се отфрла како беспредметна во случајот со разрешувањето директор и со именувањето в.д. директор за ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Прилеп, информираше денеска на прес-конференција министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски. Ременски појасни дека...

Министерката Ременски поднесе кривична пријава против Диме Спасов

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ремески, денеска до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против поранешниот министер Диме Спасов и службеничка вработена на пробна работа во министерството. Кривичната пријава што ја поднела Ременски ги товари Спасов и службеничката за злоупотреба на службената положба и овластување и за несовесно работење во службата. Како што објаснуваат од Министерството за труд...

Стечајците очекуваат поддршка од новата министерка Ременски

Преземањето на Министерството за труд и социјална политика од СДСМ, ги подгреа надежите на стечајците, кои веќе 13 години чекаат да им се реши статусот. Групата граѓани без решен статус подготви петта верзија на предлог-закон за стечајци, која треба да се најде на разгледување во Собранието. Ова го најави претседателката на Здружението „Унит“, Лилјана Ѓеоргиевска, која предлог-законот го оцени како еден...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...