fbpx

Родители на 14.555 деца досега покажале интерес за прием на нивните деца во градинка

-

Од вкупниот капацитет на детските градинки од 19.000 деца, досега родителите на 14.555 деца покажале интерес нивните деца да посетуваат градинки, покажуваат податоците на Министерството за труд и социјална политика. Министерката Јагода Шахпаска денеска изјави дека дел од родителите што ги пријавиле децата, изминатата недела не ги носеле во градинка. Од тие причини, ова министерство упати допис до градинките да ги проверат родителите и да утврдат дали тие деца ќе доаѓаат во градинка.

– Приоритет за згрижување во градинка ќе имаат децата на самохраните родители и децата на двајца вработени родители. Од тие причини потребата на родителите да не одат на работа е беспредметна. Простор во градинките има, Протоколот се почитува целосно, Министерството и Владата внимателно ја следат работата и затоа работниот процес мора целосно да се врати во нормала – нагласи министерката Шахпаска.

Таа објасни дека владината одлука за враќање на родителите на децата од нула до шест годишна возраст на работа од 23 септември е логична и очекувана, со оглед на тоа што градинките и Центрите за ран детски развој од 9 септември се отворени и имаат капацитет да ги примат децата.

Во однос на прекинувањето на продолженото породилно отсуство, министерката Шахпаска оцени дека со отворањето на градинките и оваа мерка ја губи смислата поради тоа што овие родители ги чуваа децата дома затоа што градинките не работеа.

Во врска со родителите на децата од шест до 10 години, министерката Шахпаска потенцираше дека овие родители со Уредба на Владата од 7 јули веќе се вратени на работа и се активни во работниот процес и тоа во услови кога не функционираа ниту градинките, ниту училиштата.

Инаку, владината одлука за враќање на работа на овие категории на граѓани предизвика негативни реакции од Здружението на самохрани мајки „Една може!“. Тие побараа појаснување од владата што ќе се случува со децата на самохраните родители во периодот од 23 септември до 1 октомври, кога и официјално ќе започне учебната година. Воедно, од ова здружение побараа објаснување како самохраниот родител ќе може да ги зема децата после скратената настава во 10:30 часот, но и како децата од пониските класови ќе можат сами да ја следат наставата он-лајн од дома.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...