fbpx
Таг: министерство за труд и социјална политика

таг: министерство за труд и социјална политика

Од понеделник етапна исплата на паричната помош од социјална и детска заштита во банките

Корисниците на права на парична помош од социјална и детска заштита од од понеделник (4 мај) ќе можат да ги подигнат своите месечни средства. Од Министерството за труд и социјална политика известуваат дека исплатата на паричната помош во банките ќе се врши етапно, по дефиниран редослед по азбучен ред според почетната буква од презимето и тоа: - 04.05.2020 (понеделник) исплата...

МТСП: Ако едниот родител не ви дава да си го видите детето, може да му поднесете кривична

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) нема надлежност да казнува во случај ако родителот кој е старател на детето, не го почитува решението за видување, а ниту таква надлежност имаат центрите за социјална работа. Против несовесните родители кои ги попречуваат видувањата може од страна на другиот родител да биде поднесе кривична пријава до надлежен орган, објаснуваат во институцијата,...

Лицата со попреченост и старите лица ќе добијат помош за време на корона кризата

Лицата со попреченост и старите лица од 27 општини низ земјава ќе добијат помош во периодот на корона кризата. Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека околу 200 невработени лица ќе се вклучат во проектот за да им помагаат на 1.540 граѓани со попреченост и постари лица. „Локалните општински тимови обучени за справување со овој тип на теренски...

МТСП: Да се ослободат од работа лицата со попреченост кои одат со придружба

Министерството за труд и социјална политика информира дека Владата донесе заклучок со кој се задолжуваат сите државни органи и институции, им се укажува на единиците на локална самоуправа  и се препорачува на приватниот сектор, за вработените лица во овие институции и фирми кои на работа одат со придружба - потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка...

Секундарните родители реагираат дека заради вонредната состојба не можат да си ги гледаат децата

Членовите на граѓанската иницијатива за заедничко и одговорно родителство по развод, преку соопштение реагираат што во вонредната состојба, не можат да си ги гледаат децата. Тие бараат од надлежните од Министерството за труд и социјална политика да излезат во јавност и да потенцираат дека вонредната состојба не влијае на родителските права и родителските контакти, па затоа издадените решенија за...

Спасовски побара од Собранието да ја разреши министерката Мизрахи

Техничкиот премиер Оливер Спасовски побара од пратениците во Собранието да ја разрешат техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, информираат од владата. Предлогот на премиерот утрово бил доставен до собраниските служби и истиот треба да биде ставен на дневен ред на следната седница. - За сѐ може да има компромис, но, за непочитување на Уставот нема компромиси. Ако...

Божик неработен ден за сите, Бадник за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика информира дека 7 јануари 2020 година (вторник), првиот ден на Божик според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани. Во согласност со Законот за празниците, 6 јануари 2020 година (понеделник), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, се вели во соопштението на Министерството за труд и социјална политика.

Специјалниот завод „Демир Капија“ ќе се затвори за една година

Планот на Министерството за труд и социјална политика е до 2021 година сите 189 лица со интелектуална попреченост кои сега живеат во специјалниот завод „Демир Капија“, да бидат сместени во групни домови. Процесот на деинституционализација треба да значително да го подобри живеењето на овие лица, кое е современа социјална услуга што овозможува корисниците да живеат во средина која личи...

Стартуваше субвенционирањето за раст на платите, компаниите ќе аплицираат во УЈП

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска на прес - конференција го презентираа новиот Закон за субвенционирање на придонеси за раст на плати којшто стартуваше неодамна. Министерката Царовска ги повика компаниите да ја искористат оваа мерка, за која што рече дека директно ги поттикнува и поддржува работодавачите да...

Царовска: Се решава проблемот на 700 лица што не поседуваат никакви документи во земјава

Министерството за труд и социјална политика го решава проблемот со граѓаните што не се евидентирани во матичната книга на родените и не поседуваат никакви документи за идентификација. Министерката Мила Царовска на денешното обраќање на конференцијата „Проценка на напредокот на Република Северна Македонија во спроведувањето на јавните политики кон ромската заедница“ се задржа на активностите спроведени по ова прашање. Управата за...

Работодавачите ќе добиваат државни субвенции и за покачување на плата од 600 денари

Министерството за труд и социјална политика го објави нацртот на предлог-законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата во кој може да види кои работодавачи ќе имаат право на субвенции, како и дека минималниот праг за субвенционирање е зголемување на платата од 600 денари. „Субвенционирање на придонеси може да користи работодавач кој: има статус на активен...

Во Кочани, Неготино, Кавадарци и скопска Кисела Вода ќе се градат нови градинки

Кочани, Неготино, Кавадарци и скопската Кисела Вода се првите четири општини од вкупно 17 во коишто ќе се градат нови градинки со грант од Светската банка. Само за градежните работи на овие објекти ќе се издвојат 220,7 милиони денари (3,58 милиони евра), информираат од Министерството за труд и социјална политика. Вкупниот капацитет на градинките е 552 деца, и се...

Обвинителството се откажува од гонење за случајот со вториот пензиски столб

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) денеска соопшти дека нема да покрене обвиненија во случајот со вториот пензиски столб, односно за неадекватна распределба на парите на голем број осигуреници во првиот и во вториот пензиски столб. Кривична пријава против непознати лица за вакви нерегуларности до обвинителството поднесе Министерството за труд и социјална политика (МТСП). „Во неа се наведуваше дека во...

Царовска: Започна уплатата за првите 4.926 оштетени пензиски осигуреници

Започна првата уплата од државата кон двете приватни пензиски друштва за оштетените осигуреници на кои со години не им биле плаќани придонеси во вториот пениски столб. Со првата уплата се опфатени 4.926 осигуреници и истата треба да заврши до крајот на месецот, соопшти министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Уплатите за другите осигуреници ќе се случуваат во наредните...

Децата од домот „11 Октомври“ до средината на месецов ќе преминат во групни домови

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека до средината на јануари целосно ќе се трансформира Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје. „Дел од децата веќе се сместени во два групни дома во Скопје, а до крајот на неделата дел од децата ќе се згрижат во мал групен дом во Штип. Последната група деца се очекува Домот...

Ќе се укинува додатокот за трето дете, но само за новите случаи

Министерството за труд и социјална политика со новиот предлог-закон, со кој треба да се измени Законот за заштита на децата, предвидува додаток за секое родено дете во семејството, а во иднина повеќе да не се исплаќа надомест за мајките на трето дете во период од 10 години, ако го родат повеќе од 10 месеци по стапувањето на сила на...

Царовска: Со препознавање на ризикот, може да се спречат убиства на жени од нивните партнери

Убиствата на жените предизвикани од семејно насилство може да се спречат со навремено препознавање на ризикот, за што е потребна посветена меѓуинституционална работа. За таа цел, по ратификувањето на Истанбулската конвенција,  Владата почна со усогласување на законодавството, воведување на управување со случаи и отворање шелтер центри за лица жртви на семејно насилство. Ова го изјави министерката за труд и социјална...

Вторник е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците, 21 август 2018 година (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Курбан Бајрам.

По инспекцијата во гевгелиската градинка, директорката ќе го решава случајот

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопшти дека по извршената инспекција во градинката „Детска Радост“ во Гевгелија, директорката на установата ќе треба да утврди дали има прекршување. Министерството вчера испрати инспекција во градинката по видеото објавено на социјалните мрежи, кое беше пренесено во медиумите, а во кое, наводно воспитувачка, вика и ги навредува децата. Од МТСП велат дека се земени...

Конечно почна со работа малиот групен дом за деца во Тимјаник

Официјално со работа денеска почна новиот мал групен дом во Тимјаник, неготинско, чие отворање на почетокот на јуни беше одложено поради противењето на жителите. Сега тоа е минато и во домот од денеска ќе бидат сместени четири деца од Специјалниот завод Демир Капија. На отворањето на домот присуствуваа министерката за труд и социјална политика Мила Царовска,  постојаната претставничка на ОН...

ОЛАФ бара Македонија да врати 22 милиони евра за проекти од 2016 до 2018 година

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара поврат на 2,2 милиони евра од Северна Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот од 2016 до 2018 година. Во 2019 година...