За месец и пол, 109 вработени во градинки и 33 деца биле позитивни на ковид-19

-

Согласно последните податоци на Министерството за труд и социјална политика (МТСП), од првиот ден кога градинките почнаа да примаат деца на 9 септември досега, регистрирани се вкупно 109 вработени лица во градинка кои биле позитивни на ковид-19 и 33 деца кои посетувале градинки, информира министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

– Дел од нив се излезени од период на изолација, така што веќе се вратени на работа во градинките. Во изолација се вкупно 650 дечиња и 157 вработени. Да напоменам дека тоа е вкупен број на лица ставени во изолација, кои не се позитивни. Еден воспитувач повлекува 15 деца во изолација, колку што има во групата. Во моментов, 11.000 деца престојуваат во градинка. Будно ја следиме состојбата и како ќе се одвива епидемиолошката состојба, такви ќе бидат одлуките на Владата. Состојбата е под контрола – кажа Шахпаска.

Таа се сретнала денеска со градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари. Тој рече дека во оваа општина, од отворањето на градинките досега евидентирани се само една воспитувачка и едно дете позитивни на ковид-19.

– Во нашите градинки, сите воспитувачи и вработени се придржуваат стриктно на протоколите и досега позитивни се само еден воспитувач и едно дете. Сметам дека ако се придржуваме на правилата, нема да има голем број инфицирани лица – рече тој.

Саем за образование: Поттик за избор на домашни високообразовни установи и успешна кариера во земјата

Во Скопје денеска и утре е во тек Саемот за образование, на кој учениците, студентите и родителите имаат можност да се запознаат со академските и професионалните можности што ги нудат домашните...

Огромен број граѓани на протестот во Белград, пристапот до Собранието отежнат, силно полициско присуство

Додека протестот во Белград се разгорува, атмосферата останува напната, пишува српски Данас.рс. Студентите во блокада, кои го повикаа протестот, објавија дека главниот собир ќе се одржи пред Собранието на Србија, како...

Мицкоски не очекува прелевање од Србија, но подготвен е да помогне ако некој побара помош

Нашата домашна задача е наша домашна задача, а домашната задача на другите земји си е нивна домашна задача, рече премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со големиот...

Напната атмосфера во Белград – распоредена полиција, но и воени ветерани, има инциденти

Реки луѓе се слеваат кон центарот на српскиот главен град, додека големиот се интензивира, а во градот се распоредени големи полициски сили. Денес во 16 часот ќе започне протестот пред Народното...

Саем за образование: Поттик за избор на домашни високообразовни установи и успешна кариера во земјата

Во Скопје денеска и утре е во тек Саемот за образование, на кој учениците, студентите и родителите имаат можност да се запознаат со академските и професионалните можности што ги...