fbpx
Таг: министерство за образование и наука

таг: министерство за образование и наука

Потребна ни е асистивна технологија, велат родители на деца со атипичен развој

Преблагодарни сме за овој чекор што го прави Министерството за образование и наука (МОН), за вклучувањето на образовни асистенти во редовната настава. Со ова четири страни ќе имаат голем бенефит, ние родителите, децата, наставниците и самите асистенти. Ние родителите нема да имаме стрес кој го имаме секоја година во наоѓање на асистент, па затоа и ги охрабрувам сите што...

МОН: Лажни вести и фотографии се шират за сексуалното образование, граѓаните да следат официјални известувања од МОН и БРО

Министерството за образование и наука демантира каква било поврзаност на фотографиите и содржините кои деновиве кружат на социјалните мрежи, со сеопфатното сексуално образование. „Лажните вести и монтажи по социјалните мрежи се интензивираат со цел заплашување и лажење на граѓаните. Граѓаните да бидат спокојни, образованието се унапредува и реформира. Сите информации кои деновиве се шират поврзани со сексуалното образование, како оваа,...

Објавен конкурсот за прием на студенти во државните домови за студиската 2021/2022

Министерството за образование и наука (МОН) ги известува студентите запишани на јавните и на приватните високо-образовни институции во државата, дека е објавен Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и во други објекти за сместување во државава, за студиската 2021/2022 година. „За академската 2021/2022 година за студентите се обезбедени 5.235 легла во државните студентски...

МОН: Формирани 97 паралелки за дуално образование во 46 средни училишта

Во соработка со општините и компаниите, досега на ниво на државава се оформија 97 паралелки во 46 средни училишта, кои заедно со над 200 компании од есенва ќе спроведуваат концепт на дуално образование, а компаниите беа наведени во конкурсот за запишување во средните училишта. Министерството за образование и наука (МОН) реализираше целосно нова политика на стипендирање за новата учебна...

МОН: Граѓанските организации се значајни за зачувувањето на менталното здравје кај децата и младите

„Сервисите кои се развиваат од граѓанските организации и здруженија, а чија цел е пружање прва психолошка поддршка на децата, младите и граѓаните, секогаш се добредојден ресурс и поддршка за зачувување на целокупното ментално здравје. Затоа ја поздравувам иницијативата на Црвениот крст што ја препозна потребата од отворање на Центар за прва психолошка и психосоцијална поддршка на граѓаните“,  истакна Душан...

Сè што треба да знаете за субвенционираниот оброк за студенти што ќе стартува од октомври

Од октомври годинава субвенциониран студентски оброк од 2.400 денари ќе добијат 40.000 студенти од земјава, соопштија од Министерството за образование и наука (МОН). Оваа месечна сума на средства ќе им биде достапна на сите редовни студенти запишани на државните, но и на приватните универзитети во земјава. Право на користење ќе имаат единствено студентите на додипломските студии. Од МОН објаснуваат дека...

Повлечен од Собрание законот за дигиталните учебници, од МОН велат ќе оди повторно на јавна расправа

Собранискиот спикер Талат Џафери вчера ја известил граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ дека владата го повлекла предлог-закон за учебници и други наставни и дидактични материјали во основно и средно образование. Од Министерството за образование и наука (МОН) денеска за „Порталб.мк“ информираа дека ова законско решение ќе биде повторно достапно за јавна дискусија и вклучување на сите...

„Поддршка за онлајн настава“: Во првото полугодие родителите да изберат дали нивните деца ќе учат во училница или онлајн

Брзи тестови за учениците кои ќе одат со физичко присуство од септември, можност родителите да изберат дали децата ќе им учат во училница или од дома, како и можност за наставниците кои сакаат, да предаваат од дома. Ова се трите барања на членовите на Фејсбук групата „Поддршка за онлајн настава“, кои ги доставиле до надлежните во Министерството за образование...

Денеска почнуваат уписите во средните училишта, дуални паралелки има во 25 општини низ земјава

Уписите во средните училишта низ земјава започнуваат денеска и ќе траат во наредните три дена. Министерството за образование и наука во објавениот Конкурс наведува дека во јавните средни училишта слободни се 30.053 места во 913 паралелки во 109 средни училишта ширум земјава. Во јунскиот уписен рок, првото пријавување ќе се одржи на 14 јуни од 12 до 19 часот, на...

МОН: Училиштата не смеат да наплаќаат за свидетелствата, тоа е спротивно на Уставот и Законите

Откако Сојузот на средношколци утринава реагираше дека некои средни училишта во земјава им наплаќаат на средношколците такса за издавање свидетелства, од Министерството за образование и наука (МОН) беше испратена реакција дека училиштата не смеат да наплаќаат такси на родителите и учениците за издавање на свидетелствата, за што од страна на Министерството за образование и наука им било укажано со...

Порталб: Нејаснотии во врска со сексуалното образование, објаснување каква ќе е содржината на предметот [видео]

Во рамките на реформите во основното образование што министерката за образование и наука Мила Царовска ја претстави на крајот на минатата година е и воведувањето на сексуалното образование како изборен предмет за деветто одделение. Овој чекор наиде на критики и противења од група родители кои и протестираа. Со цел да се разјасни која ќе биде вистинската содржина на сексуалното...

МОН отвори информативна веб страница за реформите во основното образование

Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека отвори нова информативна веб страница на која може да се добијат информации за реформите што се креираат и спроведуваат во основното образование, според планот за промени и унапредување на квалитетот на националниот образовен систем. „На www.osnovnoobrazovanie.mon.gov.mk медиумите и граѓаните може да се информираат за сите тековни и идни активности кои МОН и...

Сè е подготвено за спроведување на државната матура, на 5 јуни ќе се одржи првото полагање

На 5 јуни започнува полагањето на државната матура за над 15 илјади матуранти. Учениците од завршната четврта година во средното образование ќе го полагаат првиот екстерен испит по предметот мајчин јазик, како еден од четирите - два екстерни и два интерни предмети во рамки на концептот за полагање матура годинава, договорен помеѓу надлежните институции и претставниците на средношколците организации,...

СОНК најави штрајк на наставниците ако не им се плати прекувремената работа, МОН вели парите се префрлени кај општините

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) денеска предупреди дека ќе организира штрајк ако Министерството за образование, општините и училиштата не им платат на наставниците за прекувремена работа. Од Министерството, пак, одговорија дека тие редовно на општините им префрлаат пари, па така, исплатата треба да ја извршат општините и самите училишта. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков предупреи дека ако не...

„Учебници и настава мора да има“ повторно собираат потписи за референдум против образовните реформи

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска повторно започнаа да собираат потписи за референдум за образовните реформи. Претходната апликација им беше одбиена бидејќи апликацијата била неуредна и поднесена на начин што не го предвидува законот. Од иницијативата очекуваат да соберат најмалку 100 потписи за да испратат ново барање до Собранието на РСМ. Доколку ги соберат овие потписи, по...

Царовска вели протестот е уставно загарантирано право, но промените во образованието мора итно да почнат

По најавените протести на граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ и најавениот марш во Скопје за в сабота, министерката за образование и наука Мила Царовска денеска рече дека протестите и иницијативата за референдум за образовните реформи се уставно загарантирано право. Сепак, таа додаде дека реформата ќе продолжи со цел во фокусот на образованието да се стави ученикот...

Противниците на дигиталните учебници во сабота на протест, бојкотот на наставата во мирување

Од граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска од пред Министерството за образование и наука го најавија протестниот марш што ќе се одржи на 15 мај (сабота) во Скопје, паралелно со најавените протести во неколку градови низ земјава. Тие велат дека бојкотот на наставата ќе биде прекинат, за, според нив, да им се даде можност на децата...

МОН: Целта на реформите е да се обезбеди образование по светски стандарди

По најавите за протести низ земјава кои дојдоа од граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“, од Министерството за образование и наука (МОН) одговорија дека јавно и транспарентно одговориле на барањата кои оваа група ги доставила минатата недела како услови за повлекување од намерата за поттикнување на учениците да ја бојкотираат наставата. Од МОН преку соопштение за јавност...

По бојкотот на наставата, сега се најавуваат протести низ земјава против дигиталните учебници

Од граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска најавија организирање на протести низ земјава, како и „Мирен марш“ во Скопје откако до крајот на денешниов ден, тие не добиле официјален одговор од Министерството за образование и наука (МОН) по однос на нивните барања доставени и разговарани на работната средба одржана на 6 мај со претставници на МОН....

Со нови дуални паралелки во Велес, ќе се обезбедува стручен кадар

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска како дел од отворените денови на кампањата „Учи паметно, работи стручни“ ги посети двете средни стручни училишта „Коле Неделковски“ и „Димитрија Чуповски“ во Велес, каде од септември се отвораат нови паралелки со струки барани од компаниите, информираат од Министерството за образование и наука. На штандови поставени во училишните дворови полуматурантите имаа можност...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...