fbpx
Таг: мигранти

таг: мигранти

Почна поморската акција на ЕУ против шверцот на мигранти

Советот на министри за надворешните работи на земјите-членки на Европската унија (ЕУ), денеска на состанокот во Луксембруг ѝ дадоа зелено светло на поморската операција на ЕУ, со име „ЕУНАВФОР Мед“, насочена против шверецерите на мигранти и трговијата со луѓе преку Средоземно Море. Мисијата на операцијата, како што информираат од Советот на ЕУ, е да ги идентификува, зароби и да се ослободи...

Кривична пријава против 16 лица осомничени за криумчарење мигранти

Министерството за внатрешни работи, по вчерашната акција, поради постоење сомневање дека организирале група и потикнувале на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење мигранти, како и дека илегално транспортирале мигранти и помагале, поднесе кривична пријава против 16 лица. Осомничените се на возраст од 24 до 78 години и тоа шестмина од Куманово, пет од Ваксинце, двајца од Скопје, по едно...

Активистот Суад Мисини го прекина штрајкот со глад

По седум дена штрајк со глад, активистот за човекови права, Суад Мисини, го заврши штрајкот поради делумно исполнување на неговите барања да се реши проблемот со мигрантите. - Денеска можеме да констатираме дека јавноста во Република Македонија, но и меѓународната јавност и странските медиуми и организации, се целосно свесни и информирани за проблемот со прифатниот центар во Гази Баба, кој...

Полициска акција за откривање лица кои криумчареле мигранти

Од утрово полицијата спроведува голема акција за разбивање криминална група која илегално транспортирала мигранти во кумановскиот регион. Осомничените криминалци спроведувале поголеми групи мигранти од земјите на Блискиот Исток и на Северна Африка, кои ги преземале од Грција и ги транспортирале до земјите на ЕУ преку територијата на Македонија. Од Министерството за внатрешни работи не даваат повеќе информации и посочуваат дека детали за акцијата...

Лекари ги прегледале мигрантите во прифатниот центар: Нема појава на инфективни болести

Тим на лекари-специјалисти по инфектологија и по дерматовенерологија извршиле прегледи на мигрантите, сместени во прифатниот центар за странци во Гази Баба и утврдиле дека нема појава на кожни и на инфективни заболувања, соопштија од Министерството за здравство. „Во прифатниот центар е постојано присутна екипа од доктор и од медицинска сестра ангажирани од Црвениот крст, кои се снабдени со потребната медицинска...

Мигранти се тепале со ножеви и со мачети

Полициски екипи вчера, при патрола, кај местото Железен мост забележале поголема група мигранти, од кои педесетина се тепале, користејќи ножеви и мачети, инфромираат од МВР. По интервенцијата на полицајците, дел од магрантите побегнале кон граничната линија со Грција, а при претресот на теренот, бил пронајден еден мигрант, од Сирија, со убодна рана од остар предмет на телото. Сириецот веднаш бил пренесен...

Собранието ги донесе измените на законот за азил

Собранието со 69 гласови „за“ попладнево ги изгласа измените на Законот за азил и привремена заштита, со кој на мигрантите им се овозможува легално да престојуваат на територијата на државата 72 часа, по што ќе мораат да ја напуштат или да побараат азил. Законодавниот дом ги донесе измените по скратена постапка. Пратеникот од Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, рече дека е добро...

Ќе се вакцинираат мигрантите што престојуваат во Македонија

Доктори инфектолози и дерматовенеролози ќе ги посетат мигрантите во прифатниот центар за странци во Гази Баба поради опасност од ширење заразни заболувања, шуга и вошки, најавија здравствените власти. Донесена е одлука да се вакицинираат сите мигранти што ќе престојуваат во Македонија, а комисијата за заразни болести од Министерството за здравство подготвува план за имунизација, објави „Алсат-М“. - Важно е да бидат...

Европската комисија е против кревање ѕид во Европа

Европската комисија не го поддржува градењето ограда и ѕидови во Европа, изјави Наташа Бертауд, портпаролката за правосудство и за внатрешни работи по одлуката Унгарија да подигне четириметарска ограда на границата со Србија поради бранот илегални мигранти. - Неодамна се ослободивме од ѕидовите во Европа и не би требало повторно да ги подигнуваме. Членките на ЕУ имаат обврска да го обезбедуваат...

Сириец избоден со нож во расправија меѓу мигранти

Дваесет и четиригодишен Сириец бил избоден со нож во расправија меѓу мигранти, што утрово се случила во атарот на кумановското село Табановце, соопшти полицијата. Инцидентот се случил околу 1 часот, кога на И.К. со нож му биле нанесени убодни рани во ногата. Тој бил пренесен во кумановската болница за укажување лекарска помош. Од полицијата велат дека работат на расчистување на случајот.

Државата дава по 2.000 евра дневно за мигрантите

Во првите пет месеци од оваа година, Министерството за внатрешни работи (МВР), кое е надлежно за Прифатниот центар за странци во населбата Гази Баба, потрошило 6,8 милиони денари или околу 111.000 евра за сместување на илегалните мигранти, затеканти од полицијата на територијата на земјата, велат за „Мета“ од Министерството. Според помошникот-министер за односи со јавноста на МВР, Иво Котевски, оваа...

За погреб на загинатите мигранти државата плаќа по 40.000 денари

За погреб на загинатите мигранти државата досега платила околу 16.000 евра. Од ИВЗ велат дека еден погреб со парцела и со обред чини околу 40.000 денари. Тоа значи дека за 27 мигранти, државата морала да плати 1.080.000 денари или околу 16.000 евра. Последните месеци во Македонија во одделни, претежно сообраќајни несреќи, загинале вкупно 28 мигранти, кои доаѓаат од Нигерија, Сирија, Сомалија...

Образецот за мигранти е подготвен, се чека законот

Образецот кој на граничните премини ќе треба да го пополнат мигрантите при влегување во земјава, нема да треба да се чека да се донесе по стандардна процедура. Од Министерството за внатрешни работи велат дека уште првиот момент кога ќе се донесе законот, образецот ќе може да се употребува. Законот за азил, по итна постапака ќе се разгледува утре во 12 часот,...

Осум милиони евра од ЕУ за менаџирање со мигрантите на Западниот Балкан

Во врска со напливот на илегални мигранти во Македонија од Блискиот Исток и од Африка, Европската комисија реагираше преку писмена реакција. Европската комисија потсетува дека може финансиски да ѝ се помогне на Македонија во овој поглед. - Европската комисија ја финализира својата програма за менаџирање на мигрантската криза за Западниот Балкан и за Турција, која изнесува 8 милиони евра, а ќе...

Владата го усвои Законот за азил, на ред е Собранието

На синоќешната седница, Владата ги усвоила предлог-измените на Законот за азиланти и привремена заштита, по итна постапка, изјави за „Мета“ портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев. Законот е испратен во Собрание и, како што информираат од Владата, ќе биде разгледуван на првата наредна седница, која ќе се одржи во текот на оваа или идната недела. Извори од Собрание за „Мета“ велат дека...

Граѓани со марш побараа правда за мигрантите

Стотина граѓани на повик на неформалното движење „Протестирам“ излегоа на солидарен марш кој почна пред Владата, преку Бит-пазар и заврши пред Прифатниот центар за мигранти во Гази Баба, каде се сместени стотици мигранти, пренесува „Радио МОФ“. Активистите на арапски и на македонски јазик, пред оградата на центарот, ги читаа основните човекови права. - Знаеме дека спиете на под, дека немате топла вода. Ги знаеме...

Шилегов: Да се донесат конкретни решенија за мигрантите

Бараме надлежните државни органи итно да донесат конкретни решенија за проблемот со мигрантите, кој ескалира во Македонија. Најавените измени на Законот за азил не се решение. Проблемот е сериозен и повеќедимензионален, изјави Петре Шилегов, портпарол на СДСМ на прес-конференција. - Ако се тргне од најновата ситуација поради катастрофално лошите услови за живот на згрижените мигранти, власта на Груевски уште еднаш...

Суад Мисини почна штрајк со глад пред Собрание: Да се реши проблемот со мигрантите

Аналитичарот Суад Мисини денеска почна штрајк со глад пред Собранието на Република Македонија, што, како што рекол за „Нова ТВ“, ќе трае сè додека надлежните не ги донесат потребните законски измени и не го решат проблемот со мигрантите во земјава. - Барам итно донесување на законските измени со кои ќе се овозможи безбеден транзит или привремен престој на мигрантите во Македонија,...

УНХЦР: Ситуацијата на бегалците што минуваат низ Западен Балкан е многу тешка

Зголемиот број на бегалци и мигранти кои ја користат помалку познатата западно-балканска рута, преку која се обидуваат да стигнат до Европа, се соочуваат со големи ризици, вклучувајќи злоупотреби, насилство и несреќни случаи додека се движат по железничките пруги, предупредува Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР). Агенцијата за бегалци на ОН вчера соопшти дека има драматично зголемување на бројот...

Мемети за третманот на мигрантите: Нехумано, нездраво, недостоинствено

Мигрантите во прифатниот центар за странци во Гази Баба се сместени во услови кои се полоши од оние во притвор, изјави народниот правобранител, Иџет Мемети, на денешната прес-конференција, посветена на условите во центарот, но и на слабостите на системот по напливот на бегалци од Блискиот Исток, каде беснеат вооружени конфликти. Тим на Народниот правобранител го посетил прифатниот центар, каде пред...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...