fbpx

Шилегов: Да се донесат конкретни решенија за мигрантите

-

Бараме надлежните државни органи итно да донесат конкретни решенија за проблемот со мигрантите, кој ескалира во Македонија. Најавените измени на Законот за азил не се решение. Проблемот е сериозен и повеќедимензионален, изјави Петре Шилегов, портпарол на СДСМ на прес-конференција.

– Ако се тргне од најновата ситуација поради катастрофално лошите услови за живот на згрижените мигранти, власта на Груевски уште еднаш ја срами земјава во светот со тоа што потврдува дека Македонија е држава која нема капацитет за заштита на основните човекови права, ниту за своите граѓани ниту, пак, за странските државјани – изјави Шилегов.

Тој вели дека меѓу мигрантите има и деца, а дел од луѓето имаат и здравствени проблеми. Од СДСМ предупредуваат дека високата температура и нехигиенските услови во прифатиниот центар во Гази Баба, кои и Народниот правобранител ги оцени како полоши од затворите, можат да бидат закана за животот на емигрантите, како и закана за хуманитарна, здравствена криза и епидемии.

Од СДСМ посочуваат и на безбедносните ризици што се присутни со месеци.

– Границата на Македонија последнава година е како швајцарско сирење. Ниедна институција нема реални бројки што можат да посочат на тоа кој сè влегува и излегува од нашата земја. Ние укажуваме дека власта нема контрола на границите на Македонија, што е исклучително сериозен проблем. Досегашните информации покажуваат дека проблемот со мигрантите не е само хуманитарен и нелегално влезените луѓе не се само бегалци од кризни жаришта, туку станува збор и за криминал. Постојат официјални признанија од власта за шверц со луѓе, иако досега не слушнавме евиденции колку организирани групи или поединци се вклучени во илегалниот транспорт на мигранти – рече Шилегов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...