fbpx
Таг: мигранти

таг: мигранти

Чавков ќе притиска Законот за азил да оди по скратена постапка

Во вторник следната недела, на седница на Влада ќе се одлучува по предлог-измените на Законот за азил и привремена заштита, со кој треба да им се олесни транзитот на мигратните низ земјава. Измените на Законот, чиј предлагач е Министерството за внатрешни работи (МВР), беа готови и ставени во процедура уште на почетокот на мај, но и по месец и полoвина...

Притвор за уапсените од Ваксинце

Судија на претходна постапка им одреди притвор на четворица жители на кумановското село Ваксинце, кои беа приведени во полициската акција што беше спроведена вчера, кога во ова село беа затекнати 128 мигранти. На двајца од уапсените им е одреден 30-дневен притвор, додека на другите двајца им е одреден притвор во траење од осум дена. Мигрантите биле најдени во пет куќи во селото,...

Абот не демантира дека им плаќа на шверцерите да ги вратат мигрантите

Австралискиот премиер Тони Абот не демантира дека властите на земјата им платиле на шверцерите да го вратат мигрантите во Индонезија и нагласи дека прават сè за сузбивање на илегалната имиграција. Според првичните резултати од истрагата, австралиските власти им платиле 30.000 долари на шверцери, кои превезле 65 имигранти за да ги вратат во Индонезија. Набргу откако дојде на власт, во септември 2013...

МВР во Ваксинце најде 128 мигранти и еден осуденик за убиство од 2001 година

Во денешната акција, екипи на одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи (МВР) извршиле претреси во десетина објекти во кумановското село Ваксинце и откриле вкупно 128 мигранати, кои нелегално престојувале во дел од нив, соопшти на прес-конференција помошникот-министер за односи со јавноста на МВР, Иво Котевски. Најголем дел од мигрантите потекнувале од Сирија, Ирак и...

Бунт на мигрантите во прифатниот центар во Гази Баба

Мигрантите сместени во прифатниот центар во скопската населба Гази Баба, денеска попладне кренале бунт, јавува „Нова ТВ“. Информацијата за порталот ја потврдиле и од Министерството за внатрешни работи (МВР), но не соопштиле детали за тоа што преземаат и дали ситуацијата е смирена. - Мигрантите бараат да бидат префрени во Центарот за азил во Визбегово, но мора да се почитуваат процедурите. Ние...

ЕУ: Решението на прашањето со мигрантите во септември

Членките на ЕУ, најверојатно, во текот на јуни нема да постигнат согласност за сместувањето на 40.000 азиланти, што значи дека одлуката нема да биде донесена пред септември, изјавија европски извори. Европската комисија во текот на месецов изнесе предлог за сместување на мигрантите за да се намали оптоварувањето на Италија и на Грција, кои се обидуваат да се изборат се преголемиот број пристигнати...

Осумнаесет повредени мигранти во сообраќајка кај месноста Венуле

Осумнаесет илегални мигранти се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа околу полноќ се случила на патот Градско – Велес, кај месноста Венуле. Мигрантите, кои биле превезувани во патничко комби, се хоспитализирани во Велес, а двајца од нив се со тешки телесни повреди. Полицијата го испитува возачот на патничкото комби.

Во Средоземно Море се спасени 900 мигранти

Повеќе од 900 мигранти се спасени во еден ден во Средоземно Море од три пренатрупани брода на пат од Северна Африка кон Европа, соопшти италијанската крајбрежна стража. Неименуван претставник рече дека мигрантите биле спасени вчера и оти едно тело е извлечено. Два брода на италијанската крајбрежна стража и еден трговски брод од непознато потекло спасиле вчера во водите кај Малта 328...

Либија испраќа пратеник во ЕУ поради шверцот на мигранти

Либија соопшти дека испратила специјален пратеник да разговара со Европската унија за нејзиниот предлог да ги уништува бродовите на шверцерите на мигранти. Либија, во изјавата која вчера ја соопшти нејзината мисија во Обединетите нации, вели дека нејзината меѓународно признаена влада ја „потврдува спремноста да ја изврши својата улога во контрола на масовната миграција која однесува илјадници животи“. На ЕУ ѝ е...

Трагедијата кај Велес ја врати Македонија во светските медиуми

Македонија неделава се најде во фокусот на светските медиуми поради три настани: инцидентот во Гошинце, погребниот венец испратен до новинарот Борјан Јовановски, како и синоќешното прегазување на 14 мигранти на пругата Велес - Скопје. Трите инцидента, кои се случија во период од три дена, се најдоа во познатите светски медиуми, вклучувајќи ги и „Еуроњуз“, „Еј-Би-Си њуз“, „Хафингтон пост“, „Индепендент“, „Гардијан“...

ЕУ ќе ги уништува бродовите и ќе ги конфискува имотите на шверцерите на мигранти

Лидерите на Европска унија синоќа на вонреден самит договорија да го спречат бранот илегални мигранти „разбивајќи ги шверцерските мрежи, изведувајќи ги прекршителите пред суд, запленувајќи ги нивните имоти“ и „запленувајќи ги и уништувајќи ги бродовите пред шверцерите да ги искористат“. Ова е наведено во заедничкото соопштение на шефовите на држави или влади на ЕУ, кои предочиле дека тоа ќе биде направено со заедничко дејствување...

ЕУ размислува за воена операција против шверцери на луѓе

Лидерите на земјите-членки на Европска унија денеска во Брисел ќе разговараат за покревање воена операција против шверцерите на мигранти во Либија, кои се сметаат за одговорни за смртта на повеќе стотина мигранти годинава во Средоземно Море. Во нацрт-документот се предвидува „обврзување на европските лидери за преземање системска акција за идентификување, лоцирање и за уништување на бродовите пред пловилата да се искористат...

АИ: Траба да се стави крај на трагедиите на Медитеранот

„Амнести интернешнл“ ги повика европските лидери, во пресрет на утрешниот итен самит во Брисел, да почнат хуманитарна операција за да се стави крај на спиралата на трагедии на бродовите со мигранти на Средоземното Море. Во извештајот, АИ ја нарече кризата „европски потонувачки срам“. Директорот на АИ за Европа и за Централна Азија, Џон Далхусеин, рече дека самитот е историска шанса да се запре...

Абот ја повика ЕУ да го следи примерот на Австралија во справувањето со мигрантите

Австралискиот премиер Тони Абот денеска ја советуваше Европската унија да го следи примерот на неговата земја и да ги одбие сите мигранти што пристигнале по морски пат за да се спречат драмите како таа со потонувањето на рибарскиот брод во близина на Либија. Според претставниците на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) и на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), 900 мигранти настрадаа...

Италијанските власти ги пронајдоа капетанот и помошникот на потонатиот брод

Италијанските спасувачки екипи успеаја да пронајдат двајца преживеани од бродоломот во близина на Либија, јавуваат италијанските медиуми. Како што соопшти италијанскиот министерот за инфраструктура, Грацијано Делрио, преживеаните се капетан и неговиот помошник. Двајцата се уапсени синоќа по пристигнувањето во сицилијанското пристаниште Катанија, а откако биле извлечени од морето, предадени им се на италијанските власти. Бродот со илегални мигранти потона во недела,...

Уште три брода со мигранти се во неволја во Медитеранот

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) денеска соопшти дека нејзината канцеларија во Рим добила повик за помош од меѓународните води во Средоземното Море. Од организацијата соопштија дека во неволја се три брода. ИОМ наведе дека човекот кој ги повикал им соопштил дека на неговиот брод се наоѓаат 300 лица, дека има околу 20 мртви и оти бродот тоне. Организацијата нема дополнителни детали,...

Нема нови преживеани од бродоломот кај Либија

Не се пронајдени нови преживеани, ниту уште некоја жртва од превртувањето на бродот со мигранти кај брегот на Либија, соопшти денеска италијанската крајбрежна стража. Според изјави на преживеаните, на бродот имало околу 900 лица. Крајбрежната стража утринава потврди дека се пронајдени 24 мртви и 28 преживеани по најновата несреќа во Средоземно Море. Во минатонеделните две бродски несреќи, исчезнаа 450 лица.

Се преврте брод со имигранти, 700 загинати

Околу 700 имигранти загинале при превртување на брод кај либиското крајбрежје, пренесуваат странските медиуми. Портпаролката на УНХЦР, Карлота Сами, изјави дека само 28 лица биле спасени, а италијанската крајбрежна стража потврдила дека на бродот имало повеќе од 700 мигранти. Спореди првичните информации на „Би-Би-Си“, стар рибарски брод превезувал повеќе од 700 луѓе. Весникот „Тајм оф Малта“ пишува дека инцидентот се случил...

Спасени 300 мигранти кај Сицилија

Повеќе од 300 мигранти, помеѓу кои и 14 деца и пет трудници, се спасени покрај брегот на Сицилија. Сите 318 мигранти биле спасени од екипажот на исландски воен брод, кој учествува во патрола на ЕУ во Средоземно Море. Мигрантите биле од 13 земји – Судан, Гана, Мароко, Мали, Мавританија, Сенегал, Пакистан, Нигерија, Сирија, Палестина, Индија, Тунис и Еритреја. Италијанската полиција открила осум осумничени трговци кои...

Тројца грчки државјани спречени во обид да пренесат мигранти

Оделението за прекуграничен криминал, миграција, странци и реадмисија при Регионалниот центар за граничниот реон Југ, поради постоење основано сомневање, до надлежното основно јавно обвинителство поднесе кривични пријави против тројца грчки државјани, А.П. (40), К.Т. (34) и П.Р. (50), како и против непознато лице за криумчарење мигранти, загрозување на сигурноста и за предизвикување општа опасност. Пријавените, како што стои во соопштението на МВР,...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...