fbpx
Таг: медиумски реформи

таг: медиумски реформи

Собрание на ЗНМ: Стоп за насилството врз новинарите, најавени протести

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) викендов во хотелот Александар Палас во Скопје одржа редовно неизборно Собрание на кое беа дискутирани повеќе теми поврзани со работата на Здружението, како и проблемите со кои се соочуваат новинарите во последната година. Собранието го отвори Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски кој во својот говор се осврна на работата на новинарите и медиумите во...

Барателите на информации од јавен карактер и понатаму најмногу се жалат на „молк на управата“

Граѓаните, новинарите, невладините организации и сите други баратели на информации од јавен карактер и понатаму најчесто се жалат до Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер поради „молчење на управата“. Дури 163 од вкупно 222 жалби поднесени до Агенцијата во првите шест месеци од 2020 година се поради непостапување на имателите на информации...

Телевизијата не умира, туку еволвира

Подемот на стриминг платформите како Јутјуб и Нетфликс, но и социјалните медиуми – Фејсбук, Инстаграм, Снепчет, каде можат да се најдат најразлични содржини и информации достапни во секое време, неколку години наназад ја доведуваат во прашање иднината на телевизијата и нејзината релевантност како медиум во современиот свет. Бројките покажуваат намалување на популарноста на телевизијата помеѓу конзументите. Според податоците на агенцијата...

ЗНМ бара од ОЈО посебно одделение за решавање на напади кон новинари

Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски, директорот на ЗНМ Драган Секуловски и адвокатот кој застапува група на новинари за нелегалното прислушување, Филип Медарски, вчера остварија средба со државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, информираат од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). На средбата биле отворени повеќе прашања поврзани со подобрување на безбедноста на новинарите и медиумските работници и како Основното јавно обвинителство...

ЗНМ и ССНМ ќе бидат вклучени во измените на Изборен, Кривичен и Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета

Претставници на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), денеска остварија средба со министерот за правда, Бојан Маричиќ. Главна тема на дискусијата на средбата било прашањето околу третманот и заштитата на медиумските работници. „Се разговараше околу потребата за измена на Кривичниот законик (КЗ) кој во моментот се работи со поддршка на Мисијата на...

МРТ лани имала 232 новинари или 29 отсто од вкупниот број вработени во јавниот сервис

Македонската радио-телевизија (МРТ) на крајот на минатата година имала вкупно 814 вработени лица, од кои 768 во редовен работен однос, додека 46 биле хонорарно ангажирани. Од вкупниот број на вработени во јавниот сервис, 232 биле новинари, додека дури 80 биле уредници на радио и телевизиските програми. Новинарите учествувале со 29 отсто во вкупниот број на вработени во МРТ, се...

Досудени 5.200 евра казни на дел од медиумите за известување во изборната кампања и изборниот молк

Дел од националните телевизии и радио станици од Основниот кривичен суд-Скопје се казнети со вкупно 5.200 евра за неизбалансирано известување за време на изборната кампања, како и за непочитување на изборниот молк пред одржувањето на предвремените парламентарни избори на 15 јули годинава. ААВМУ најново објави дека и телевизија „Шења“ добила вкупна казна од 1.600 евра (1.200 евра за правното...

Промовирани видеа со кои ќе се зголемува свесноста за правото на слободен пристап до информации од јавен карактер

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер објави видеа на македонски и албански со толковен јазик, со кои ќе се зголемува свеста на граѓаните, граѓанските организации, медиумите да го користат правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. https://www.youtube.com/watch?v=LLgI5E2MhnA&feature=emb_logo Воедно, преку видеата ќе се потсети и на законската обврска на иматели на информации од...

Заев: Пристапот до информации во време на криза спасува животи

Оваа година Меѓународниот ден на правото на пристап до информации од јавен карактер, ОН и УНЕСКО го посветија на остварувањето на ова право во услови на криза, и во услови кога за ова право се исполнети сите уставни и законски гаранции во демократските општества, пишува премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук-профил по повод Меѓународниот ден на правото на пристап...

Поведени четири прекршочни постапки за службеници кои не постапиле по барања за информации од јавен карактер

Четири прекршочни постапки се при крај за службени лица во институциите - иматели на информации од јавен карактер, кои не постапиле по однос на барањето за пристап до информации од јавен карактер, одговори денеска директорката на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите, Пламенка Бојчева на прашање на „Мета.мк“. Имало шест поведени прекршочни постапки, но две од...

Бојчева: Бројот на институции-иматели на информации од јавен карактер е зголемен за 146

За речиси една година од работењето на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, бројот на иматели на информации од јавен карактер е зголемен за 146. Агенцијата денес на Листата на иматели на информации од јавен карактер има евидентирано 1.403 институции. Ова денеска го истакна, директорката на Агенцијата, Пламенка Бојчева по повод Меѓународниот ден...

Сител имал најголеми приходи, Алфа била најпрофитна телевизија лани, МРТ останува проблем (инфографик)

Вкупните приходи на македонските радио и телевизиски станици во 2019 година изнесувале околу 39,5 милиони евра, покажува Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2019 година. Од нив, најголем дел од приходите биле остварени од комерцијалните телевизии што емитуваат програма на национално ниво, како и од Македонската радио-телевизија како јавен радиодифузен сервис. Приходите на МРТ лани биле...

Турски серии и политички дебатни емисии – новата телевизиска сезона по стара шема

Речиси три четвртини или 72,6 проценти од граѓаните гледаат телевизија, покажуваат податоците на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици за вториот квартал од 2020 година. И покрај тоа што извештајот се однесува на периодот од почетокот на пандемијата, кој беше одбележан со долги полициски часови, а граѓаните во главно беа...

Студија на РЕСИС: Граѓаните телевизијата и интернетот денес подеднакво ги користат за информирање

Македонските граѓани забрзано ги менуваат своите навики за информирање за домашните настани од медиумите и сè повеќе го користат интернетот, при што 72 отсто од граѓаните до интернет содржини во земјава пристапуваат преку мобилен телефон, а 38 отсто преку компјутер. Ова се дел од резултатите од истражувањето „Утврдување на влијанието на новите медиуми врз формирањето на јавното мислење и...

Обврските во однос на изборите од 15 јули во фокусот на работењето на ААВМУ во третиот квартал

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) денеска го одржа јавниот состанок преку видеоконференциска врска, на кој се презентираа спроведените активности согласно Годишната програма за работа на ААВМУ. Директорот на ААВМУ, Зоран Трајчевски ги презентираше резултатите и активностите на Агенцијата во текот на третиот квартал. Во однос на одржаните парламентарни избори на 15 јули, тој посочи дека со мониторингот...

Агенцијата ги почна обуките на службеници за навремено одговарање на барањата за слободен пристап до информации

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер вчера ја одржа првата од серијата еднодневни обуки на тема: „Примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“. Главната цел на обуката од стручниот предавач Цветан Станоески е оспособување и едуцирање на службените лица - правилно и навремено да одговараат по барања за...

Строгите ограничувања на медиумска концентрација спречуваат развој на медиумите

Промена на сите сегашни ограничувања за концентрација на медиумската сопственост, како и процена кои од ограничувањата треба да останат во актуелното медиумско опкружување со цел да се заштити медиумскиот плурализам во земјава. Ова е клучна препорака на двајца медиумски експерти, кои изминатиот период направија студија во врска со плурализмот на медиумската сопственост во новото медиумско опкружување. Студијата е изработена за потребите...

ЗНМ: Истрагата на ОЈО за изборното рекламирање да е транспарентна и неселективна

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) реагира на објавата на Основното jавно oбвинителство во која информираат дека е отворена истрага за платеното политичко рекламирање од последните избори во дел од онлајн медиумите кои беа пријавени во Државната изборна комисија на последните избори. Според ОЈО и објавите на медиумите за овој случај, се проверува документацијата во три фирми дали е надминат...

Истрагата на ОЈО и МВР за политичките реклами на дел од порталите предизвика реакции од партиите

Политичките партии од власта и опозицијата и дел од интернет порталите кои се вклучени во истрагата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи излегоа со реакции во јавноста. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека сето рекламирање на нивната партија било транспарентно и законски. Тие сметаат дека власта организирала напад врз медиуми преку...

ОЈО и МВР ќе проверуваат три фирми за сомнеж дека пред избори отвориле портали за политичко рекламирање

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи изутринава спроведoa координирана акција, при што е одземена документација од три фирми за кои постои основано сомнение дека во предизборниот период наменски отвориле портали без импресум, адреса на седиште и без објавување на ценовник за рекламирање, информираат од таму. Надлежен обвинител од ОЈО за гонење...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...