fbpx

Промовирани видеа со кои ќе се зголемува свесноста за правото на слободен пристап до информации од јавен карактер

-

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер објави видеа на македонски и албански со толковен јазик, со кои ќе се зголемува свеста на граѓаните, граѓанските организации, медиумите да го користат правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Воедно, преку видеата ќе се потсети и на законската обврска на иматели на информации од јавен карактер да обезбедат транспарентност и пристап до информациите.

За речиси една година од работењето на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, бројот на иматели на информации од јавен карактер е зголемен за 146. Агенцијата денес на Листата на иматели на информации од јавен карактер има евидентирано 1.403 институции.

„Во првите два месеци од оваа 2020 година, Агенцијата постапи по повеќе од 750 заостанати предмети од периодот на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, а воедно тековно постапува, во законските рокови, по новопримените жалби кои до ден денес се повеќе од 600,“ изјави директорката на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, Пламенка Бојчева.

Видеата, се изработени со финансиска поддршка на НДИ и соработка со невладината „Види вака“.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...