fbpx
Таг: медиумски реформи

таг: медиумски реформи

Судот во Стразбур пресуди против Северна Македонија за повреда на слободата на изразување

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во септември 2020 година донел пресуда, со која ѝ се наложува на Република Северна Македонија да му исплати надомест на штета во висина од 3.000 евра на Никола Гелевски, поради повредено право на слобода на изразување, објави „Окно.мк“. Пресудата на ЕСЧП е поврзана и се однесува на случајот во кој поранешниот главен и одговорен...

Агенциите и институциите испраќаат информации, но на новинарите останува како ќе ги пласираат

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) денеска организираше онлајн дебатата „Пи-ар наспроти новинарство“, на која, новинарите и професионалци од ПР-секторот ги соочија своите ставови околу тоа како една содржина во медиумите треба да биде пласирана за истата да биде препознаена како ПР-текст или пак автентичен новинарски производ. Новинарот Александар Димитриевски смета дека македонското новинарство ја губи битката со...

ЗНМ бара итни решенија: Драматичен пораст на нападите кон новинарите

По повод Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата против новинарите, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска одржа прес-конференција на која претседателот и членовите на Управниот одбор на Здружението упатија неколку важни пораки. Првата порака е упатена до јавноста и до политичките партии дека професионалните новинари не треба и не смеат да бидат напаѓани поради вршење на нивната професија. Втората порака...

Платите и на новинарките и на новинарите се ниски, но на раководните места во медиумите доминираат мажите

Во рамките на Деновите на медиумска писменост 2020, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) денеска ја организираше дебатата „Род, плати и радиодифузија“, во чии рамки беше промовирана нивната анализа „Родова структура на платите во радиодифузијата“, како и клучните наоди од начинот на известување за родовите прашања во вестите на националните телевизии за периодот од 2012 до 2017...

Октомври помина, состаноците за измените во Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета не се одржаа

Иако од Министерството за правда беа планирани за октомври, состаноците на Работната група што ќе работи на измените и дополнувањата на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета не се одржаа месецов. Од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) за „Мета.мк“ велат дека состаноците во рамките на оваа работна група не се одржани, иако им било најавено дека...

МИОА предлага јавниот сервис догодина да добие околу 19 милиони евра од државниот буџет

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) во предлог буџетот за 2021 година за финансирање на Македонската радио-телевизија (МРТ) предлага да се предвидат средства во висина од 1.172.737.280 денари (околу 19 милиони евра) што би се издвоиле од државниот буџет, информираат за „Мета.мк“ од МИОА. Сепак, од ова министерство посочуваат дека за финансирање на радиодифузната дејност за МРТ, Македонска...

ЗНМ и СЕММ: Вербалните и сите други напади кон новинарите треба веднаш да престанат

Од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) бараат веднаш да престанат вербалните и сите други напади врз новинарите во земјава. Во заедничкото соопштение се тврди дека во изминативе денови двајца новинари во одвоени инциденти биле вербално нападнати од лица на кои не им се допаѓало известувањето за одредени теми. „Последните напади...

Пандемијата со ковид-19 ја влоши транспарентноста на институциите и го ограничи пристапот до информации од јавен карактер

Пандемијата со ковид-19 ја намали транспарентноста на институциите и го ограничи пристапот до информации од јавен карактер е заклучокот на денешната онлајн дебата „Пристап до информации од јавен карактер во време на пандемија“, која беше организирана од страна на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Тамара Чаусидис од БИРН истакна дека транспарентноста која отсекогаш е на килави нозе...

МРТ ја стави на јавна расправа Петгодишната стратегија за развој на јавниот сервис до 2025 година

Македонската-радио телевизија ја објави предлог-верзијата на Петгодишната стратегија за развој на МРТ за периодот до 2025 година. Во наредните 30 дена ќе трае расправата по објавениот стратешки документ за развој на јавниот радиодифузен сервис во наредните пет години. Во предлог-верзијата на Петгодишната стратегија за развој на МРТ се наведуваат низа активности кои планираат да се преземат за да се обезбеди...

ЕУ бара конкретни чекори за подобрување на слободата на медиумите

Северна Македонија е умерено подготвена во областа на слободата на изразувањето и оствари ограничен напредок во текот на извештајниот период. Вака Европската комисија ја оценува состојбата со слободата на изразувањето во земјава во последниот извештај, кој беше објавен минатата недела. Иако Комисијата смета дека општата клима за работата на медиумите е погодна и овозможува критичко известување, сепак, потсетува на тензијата...

Речиси третина од граѓаните не гледаат телевизија, „Сител“ и во третиот квартал најгледан ТВ канал

Македонските граѓани сè помалку време минуваат пред телевизиските екрани, покажува Кварталниот извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) за периодот јули-септември 2020 година. Дури 30,7 отсто од анкетираните лица одговориле негативно на прашањето „Дали вчера во текот на денот гледавте телевизија?“. Интересно е дека овој податок се однесува за периодот во кој се одвиваше предизборната кампања...

Дури 52 портали се пријавиле во ДИК за емитување партиски реклами за изборите во Штип и Пласница

Државната изборна комисија (ДИК) за закажаните предвремени избори за градоначалници на општините Штип и Пласница подготви нов Регистар на радиодифузери, печатени медиуми и интернет портали што се заинтересирани за емитување на платено политичко рекламирање пред одржувањето на изборите на 13 декември. Во него, запишани се дури 52 интернет портали, 11 телевизии, две радио станици и еден печатен медиум. Во услови...

Владата реагира откако ЕК во Извештајот за напредокот на земјава побара реформи во МРТ

Владата на вчерашната седница го усвои заклучокот со кој се укажува на јавниот радиодифузен сервис со вклучување на сите засегнати страни и релевантни институции да утврди стратешки пристап за реформа на МРТ и одржливо решение за реструктуирање на долгот на јавниот радиодифузен сервис и за истото да ја информира Европската комисија, преку Секретаријатот за европски прашања, најдоцна до 30...

ААВМУ ги осуди заканите со тужба од Лидија Димова кон А1он, поради текстови поврзани со работата на Агенцијата

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ги осудува заканите со тужба од страна на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова упатени кон онлајн медиумот „А1он.мк“ поради објавување текстови поврзани со ЕУ проекти спроведувани од Агенцијата. „Заканите за тужби, наместо со поставување аргументи или користење на правото на исправка или одговор претставуваат директен...

ССНМ, ЗНМ и СЕММ: Осуда за заканите и дискредитациите кон новинари од Лидија Димова

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) ја осудуваат непримерната јавна комуникација со обид за дискредитација, проследена со закани со тужба, кон колегите од онлајн медиумот „А1он“ од страна на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова. „Во соопштението потпишано од...

Ако има пари, медиумската писменост во образованието брзо ќе стане реалност

Агенцијата за аудио и аудивизуелни медиумски услуги (ААВМУ), медиумските организации и експерти сметаат дека воведувањето медиумска писменост во македонскиот образовен систем во скоро време е остварлива идеја. Таквата идеја беше промовирана од владеjачката партија СДСМ пред изборите, која предвидува примена на соодветни содржини во образовните предмети во основните и во средните училишта, почнувајќи од учебната 2021/2022 година. Медиумската писменост, според СДСМ,...

Сензационалистичкото известување во медиумите, едно од најчестите прекршувања на стандардите во време на ковид-19

Сензационалистичкото известување во медиумите, недоволната заштита на приватноста и личните податоци и отежнатиот пристап до информации се меѓу најчесто пријавуваните проблеми до советите за етика во медиумите во регионот на Балканот и Европа во периодот на пандемијата на ковид-19. Ова се дел од наодите од анализата што ја спроведе Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), во периодот од...

Политичкото рекламирање во медиумите нотирано и во Извештајот на Европската Комисија

Во Извештајот на Европската Комисија за Северна Македонија, во делот за финансирање на медиумите, постои забелешка за политичкото рекламирање кое може да влијае врз независноста на уредувачката политика на медиумите. „Можноста политичките партии да користат државни средства за рекламирање во медиумите, предизвика загриженост кај медиумските здруженија за можно политичко влијание врз уредувачката политика“, се вели во Извештајот. Извршниот директор на Здружението...

ЕК во извештајот нотира дека Регистарот на онлајн медиуми е во насока на напредок на професионалните стандарди

Во Извештајот за напредокот на земјата за 2020 година на Европската комисија интензивирањето на заложбите за саморегулација се посочува како фактор за напредок на професионалните стандарди и квалитетот на новинарството. Во делот поврзан со слободата на изразување, се нотира и формирањето на Регистарот на онлајн медиуми (promedia.mk) од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за...

Извештај на ЕК: Државата да ги приоритизира реформите за финансиска стабилност и независност на МРТ

Европската комисија (ЕК) во Извештајот за напредокот на нашата земја за 2020 година упатува забелешки за неспроведување на реформите во Македонската радио-телевизија (МРТ). Во делот за слобода на изразување, ЕК нотира дека минатогодишните препораки остануваат на сила. Прва на листата е токму приоритизирањето на реформите во МРТ преку обезбедување на нејзината финансиска одржливост и независност, заедно со назначувањето на...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...