fbpx
Таг: медиуми

таг: медиуми

Закани кон директорот на АВМУ поради одбиено барање за одземање дозвола на ТВ Алсат-М

Непознато лице му упатило пораки со заканувачка содржина на директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Зоран Трајчевски, информираа денеска од АВМУ. Настанот се случил на 13 јули, а Трајчевски заканите ги добил на својот мобилен телефон. Пораките, како што велат од Агенцијата, се пратени откако на седницата на АВМУ одржана на 11 јули, била отфрлена поднесената...

Канадската влада ги повлекува рекламите од Инстаграм и од Фејсбук

Канадската федерална влада соопшти дека ќе ги повлече сите свои реклами од социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм. Најавата следува по потегот на компанијата „Мета“, во чија сопственост се платформите, да ги ограничи содржините со вести за Канаѓаните. На овој чекор, пак, „Мета“ се одлучи откако парламентот во Канада усвои закон што ќе ги принуди технолошките фирми да им плаќаат...

„Ќе се сретнеме ние двајца каде што живееш“ – ЗНМ со осуда за заканите врз новинарот Огнен Јанески

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагира и ги осудува јавните закани, говорот на омраза кон сите новинари и медиумски работници и кон новинарот Огнен Јанески кои биле упатени од страна на гледач во две контактни емисии на 27 јуни на ТВ24. Како што информираат оттаму, во текот на вчерашното издание на емисијата „Во тек“, која што е...

Медиумски наративи за ЕУ како фактор за зголемено руско влијание во Северна Македонија

Кога се проценува влијанието кое ја изместува Северна Македонија од прокламираниот процес на демократски развој насочен кон прифаќање на вредностите на Европската Унија (ЕУ) и пристапување кон ЕУ, не смее да се занемари како во македонските медиуми се претставува уделот на одделни држави членки на ЕУ и како медиумските и политичките интерпретации влијаат на перцепцијата на самата заедница како...

Инстаграм и Фејсбук ќе го ограничат пристапот до вести за Канаѓаните

Компанијата „Мета“ соопшти дека ќе почне со ограничување на вестите за канадските корисници на платформите Фејсбук и Инстаграм, откако парламентот во Канада го усвои контроверзниот закон за онлајн вести. Предлог-законот предвидува големите платформи како Фејсбук да ги компензираат издавачите на вести – медиумите, за содржините што ги објавуваат на социјалните мрежи. „Мета“ и „Гугл“ веќе тестираа ограничување на пристапот до вести...

По пишувањето на Порталб за поплаките на новинарите, тетовскиот суд го стави во функција озвучувањето

Во Основниот суд во Тетово во функција беа пуштени звучниците и микрофоните, со цел новинарите подобро да ги слушаат говорниците на судските рочишта кои се од јавен интерес. Ова беше направено откако Порталб.мк пишуваше за овој проблем, а и откако тетовските новинари се жалеа поради недостиг на соодветно озвучување во салата и потешкотиите да се разбере тоа што го...

Професијата ви е во опасност, странските новинари ги предупредија македонските

Сметаме дека новинарството во Северна Македонија е во опасност, изјави денеска Рикардо Гутиерез, директорот на најголемата новинарска организација во Европа (ЕФЈ), откако во изминатите неколку дена, на покана на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), претставници на пет меѓународни новинарски и медиумски здруженија одржаа работни состаноци со претставници од клучни институции во земјава. Средби, како што информираат од ЗНМ, биле...

Осудени новинари на српски „Крик“ оти објавиле текст за тоа кој сè ги тужи

Српскиот веб-портал Крик.рс, познат по големиот број истражувачки стории и награди за истражувачко новинарство, но и критичар на власта, бил осуден од страна на Вишиот суд во Белград, поради напис во кој се набројуваат тужбите против редакцијата. Инаку, ваквите тужби, во контекст на Советот на Европа се познати како стратешки тужби за спречување на јавно учество (SLAPP), со цел да...

УНИЦЕФ: Зголемена е анксиозноста кај децата, психолозите и педагозите да им помогнат

Анксиозност и страв чувствуваат сè поголем број ученици. Затоа УНИЦЕФ заедно со претставници од Министерството за образование и наука (МОН) и Бирото за развој на образованието (БРО), денеска се сретнаа со тим од професионалци и експерти за ментално здравје за да разговараат за итни активности кои ќе обезбедат дополнителна поддршка на децата во последните шест недели од оваа учебна...

Реакција на ААВМУ за начинот на информирање за неодамнешните трагедии во Србија

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) информираше дека имајќи ги предвид неодамнешните случувања во Србија, како и претставките кои граѓаните ги упатиле за начинот на информирање, ги повикува сите медиуми при известувањето за трагични настани да се придржуваат до највисоките професионални стандарди и етички вредности. Ова, велат од ААВМУ, особено се однесува на информирањето за настани во кои...

Георгиев: Судскиот совет ќе ја зголеми транспарентноста, седниците ќе ги снима МИА

Судски совет со мене како претседател ќе покаже дека ќе ја зголеми транспарентноста и отчетноста во работата на Судскиот совет, изјави пред почетокот на денешната седница новоизбраниот претседател на Судскиот совет Сашко Георгиев, која овојпат во живо се емитуваше на Фејсбук профилот на државната агенција МИА. Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) вчера го осуди непринципиелниот однос на новиот претседател,...

На првата седница на Судскиот совет со нов претседател отстранети снимателите, реагира ЗНМ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осуди денешниот непринципиелен однос на новиот претседател на Судскиот совет, Сашко Георгиев, кој ги отстрани присутните сниматели на првата седница како претседател, а дозволи присуство само на новинарите. „Фактот дека една долго воспоставена позитивна пракса за следење на расправата со присуство на сниматели е прекината со едно нелогично образложение дека снимателите ја попречуваат...

Ирска не донела закон со кој се забранува читање и споделување на вести надвор од мејнстрим медиумите

Ирска донесе закон против говор на омраза за кој  известуваа повеќе официјални медиуми, а целосниот текст од законот е објавен на страницата на ирската влада. Станува збор за легислатива насочена против злосторства од омраза, со кои се потенцира дека е кривично дело да се негира или да се претставува на тривијален начин геноцидот, а се заштитуваат и родовиот идентитет...

Медиумите мета на странски влијанија, политички пресметки и бизнис интереси

Галиматијас од сопственици, од бизнис и партиски центри, сето тоа е плодна почва за странски влијанија врз медиумите но и за нагласен степен на мешање и притисоци врз слободата на новинарството и новинарските професионални стандарди, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Пишува: Александар Божиновски Во Македонија ретки се медиумите кои егзистираат само од довербата и популарноста на...

Штетни надворешни влијанија се присутни и во медиумите во Северна Македонија

Новата геополитичка реалност ги претвори медиумите, од средства за информирање, во софистицирано оружје. Иако во Република Северна Македонија ниту еден медиум не е во сопственост на правни или физички субјекти од Русија, Кина или Иран, сепак, нивните наративи се присутни во медиумската сфера. Новите медиуми, кои како платформа го користат Интернетот, се најкористени за промовирање на агендите на недемократски...

Јавното обвинителство лани решило три случаи за напади на новинари

Јавното обвинителство во 2022 година на територијата на целата држава се евидентирани четири случаи поврзани со напади врз новинари, од кои три се решени, соопштија од обвинителството, по повод 3 Мај, Денот на слободата на медиумите. ОЈО Гостивар постапувало против едно лице за физички напад врз новинар со секира, а по поднесеното обвинение изречена е пресуда за кривичното дело –...

Новинарите даруваа крв во чест на Денот на слободата на медиумите

Пишува: Теофил Блажевски Во услови кога борбата за слобода на медиумите сè уште трае и додека тој процес е со променлива крива падни-стани и кај нас, без оглед на најновото позитивно рангирање од страна на Репортери без граници, новинарите од земјава преку хуманитарна крводарителска акција го одбележуваат 3 Mај, Светскиот ден на слободата на медиумите. На повик на Самостојниот синдикат на...

Социјалните мрежи и медиуми – лост за ширење на авторитарни пропаганди

Руската пропаганда користи различни форми на социјални медиуми и канали за ширење на својата пропаганда. Води војна во Украина, но води и хибридна војна со многу повеќе земји. Северна Македонија и Балканот се мета на оваа пропаганда, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Социјалните мрежи се најсилното оружје на руската пропаганда. Лаги, манипулации, извртувања на вистината....

Алиу: Со дигитализација на јавната администрација нема веќе да се бараат врски за да се дојде до документ

Со дигитализацијата на услугите што ги нуди јавната администрација ќе се подобрат услугите кон граѓаните и ќе се намали т.н. ниска корупција, рече министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу на денешниот брифинг со новинарите, додавајќи дека лично за него, дигитализацијата е еден од клучните приоритети во неговиот мандат. Алиу признава дека дигитализацијата бара многу пари и дека државата...

Кувајт ја доби „Федха“ – презентерката на вести создадена со вештачка интелигенција

Кувајтски медиум претстави виртуелен презентер на вести создаден со помош на вештачка интелигенција (ВИ), јави Гардијан. Во саботата, презентерката наречена „Федха“ се појави на Твитер профилот на интернет-страницата „Кувајт Њуз“. Федха претставува лице на жена со непокриена коса, облечена во црно сако и бела маица. „Јас сум „Федха“, првиот презентер во Кувајт кој работи со вештачка интелигенција во ‘Кувајт Њуз’. Какви...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...