fbpx
Таг: медиуми

таг: медиуми

Твитер го означи Би-Би-Си како „медиум финансиран од владата“

Британскиот радиодифузер Би-Би-Си реагира на етикетирањето што го доби на својот главен профил на Твитер, каде е опишан како „медиум финансиран од владата“. Корпорацијата стапила во контакт со гигантот за социјални мрежи за да го реши проблемот што поскоро. „Би-Би-Си е, и отсекогаш бил независен. Ние сме финансирани од британската јавност преку надоместокот за лиценца“, велат од Британската радиодифузна корпорација, Би-Би-Си. Илон...

Три години затвор за сопственикот на „Доказ“ и 10 години забрана да отвора портал во земјава

На Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „Доказ“, Основниот Кривичен суд во Скопје му изрече казна затвор од 3 години и 1 месец, а тој доби забрана од 10 години да регистрира веб-портал во земјава. Со првостепената пресуда, престанува да важи регистрацијата и на сите досега регистрирани домени на негово име. Пресудата е неправосилна и тој има право на жалба до...

Со стара фотографија медиуми дезинформираа дека камион пропаднал на плоштадот Македонија

Старата фотографија – од ноември 2022 година, од пропаднат камион на градскиот плоштад во Скопје  најнапред беше објавена на Фејсбук страницата „Ѕид на сообраќајниот срам“ и оттаму без проверка беше преземена од повеќе медиуми, по што се рашири на социјалните мрежи. Град Скопје ја демантираше лажната вест: „Овој настан не се случил. Ниту камион возел преку плоштадот „Македонија“, ниту...

ЕУ Делегација: Граѓанските организации не треба да се воздржуваат од критички однос кон реформите

Повеќе домашни медиуми изминатата недела пренесоа извештај во кој е наведено дека двајца европски дипломати наводно испратиле пораки дека ќе вршат ревизија на организациите и на партнерите со кои соработува Европската Унија во Северна Македонија. Како што беше наведено во новинарските извештаи, делегатите имале забелешки за работата на граѓанските организации и за медиумите поддржани од европските фондови. Самата оваа објава...

Косовски медиуми користат јавни пари, иако постојано го кршат Етичкиот кодекс

Со текот на годините разни државни институции се рекламираа со народни пари во медиуми кои произведуваа лажни вести или беа рецидивисти прекршители на Етичкиот кодекс на пишаните медиуми. Многу медиуми кои некогаш профитираа илјадници евра од договори со јавните претпријатија денес не се активни и престанаа да постојат како бизниси, пренесува косовскиот портал Kallxo.com во истражување направено за Центарот против дезинформации...

Руската амбасада во Скопје – главниот дипломатски интернет спамер во С. Македонија

Руската амбасада во Скопје е рекордер според бројот на постови на Фејсбук. Земјава е на врвот на интересот на Кремљ во регионот, повеќе постови има само во Романија. Хибридната војна врз Северна Македонија од руските тајни служби е реалност, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Руската амбасада во Скопје, во изминативе две години постирала висока бројка ...

АЕЖ Бугарија собира донации за медиумот „Медиапул“ кој се соочува со процес „тежок“ илјадници евра

Асоцијацијата на европските новинари - Бугарија (АЕЖ Бугарија) вчера почна кампања за собирање донации за бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg, кој се соочува со форма на притисок, односно процес-шлаканица „SLAPP“ (Strategic Lawsuit Against Public Participation), почнат од бугарска осигурителна компанија, која бара отштета од еден милион лева (околу 500.000 евра). Само за медиумот да може да учестувува во процесот, пак, ќе треба...

Кина како пример: Медиумска промоција на недемократскиот вредносен систем

Едно од значајните влијанија со долгорочни негативни последици во Северна Македонија, а кое најчесто потполно се занемарува, е влијанието кое го има Кина. Ова влијание посебно се зајакнува во услови на голема корупција во државата, намалена доверба на граѓаните во институциите и нивната способност да се справат со истата и своевиден институционален хаос до кој доведува злоупотребата на демократските...

Еден загинат и повеќе повредени при експлозија на бомба на доделување новинарски награди во Авганистан

При експлозија на бомба во северниот дел на Авганистан, загина едно лице, а повредени се деца и неколку новинари, пренесуваат светските медиуми. „Експлозијата се случила во центарот „Табиан Фарханг“ во Мазар-е Шариф, главниот град на провинцијата Балх, околу 11 часот кога новинарите се собирале на церемонијата на доделување награди“, изјави Мохамад Асиф Вазири, портпарол на локалната талибанска полиција. „Слушнав голем удар......

Марјан Стаменковски од „Доказ“ не чувствува вина, адвокатот очекува ослободителна пресуда

На денешното судење против сопственикот на веб-порталот „Доказ“, Марјан Стаменковски, сведочеа двете новинарки од „Фокус“, Валентина Вурмо и Ирена Мулачка, а судењето се одвиваше зад затворени врати, без можност да присуствуваат новинарите, со цел да се заштити приватноста на жртвите. Текстовите кои беа објавувани на „Доказ“ содржеа обвинувања и навреди за двете новинарки, кои подоцна го пријавија Стаменковски за ширење...

Новинарките од „Фокус“ за случајот Стаменковски: Време е да се знае кои се новинари, а кои рекетари

Крајно време е да се знае кои се новинари, а кои се натрапници во професијата и рекетари, порачаа новинарките на „Фокус“ Ирена Мулачка и Валентина Вурмо, по денешното рочиште против сопственикот на порталот „Доказ“, Марјан Стаменковски, кој е обвинет за повеќе кривични дела – ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело...

Одложено првото рочиште за сопственикот на Доказ, судењето затворено за јавноста

Првото рочиште против сопственикот на порталот Доказ, Марјан Стаменковски денеска беше одложено откако неговите адвокати побараа да се изземе скопското обвинителство од постапување по предметот. Адвокатите побараа изземање на сите обвинители од скопското обвинителство, бидејќи тие можеле да се јават како оштетени во постапката. Одбраната на Стаменковски бара по случајот да постапува обвинителство од внатрешноста. За ова, одлука треба да...

Фирмата на владиката Петар влегува во медиумскиот бизнис, ќе отвора телевизија

Фирмата „Преобразба“, во сопственост на владиката и митрополит преспанско-пелагониски Петар на Македонската православна црква (Петар Каревски), доби дозвола од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) за отворање телевизиски канал со претежно забавен општ формат. Одлуката е објавена на веб-страницата на АВМУ и истата се однесува на Скопскиот регион, со времетраење од девет години. Преобразба ДООЕЛ барањето за отворање телевизиски...

ПРЕПИШУВАЧИ: Како некритичкото пренесување на српска и руска пропаганда влијае на македонската јавност

Според поголем број истражувања и извештаи, Србија се перципира како еден од моќните сојузници на Русија на Балканот, како држава во која има голем број медиуми кои се под руско влијание/руска сопственост и држава во која многу граѓани имаат позитивно мислење за Русија и руската политика. Во исто време, според повеќе истражувања за голем број граѓани на Македонија, Србија...

СПОНА реагира на критиките за нивната содржина за Ѓорѓи Пулевски – „Читај како што е напишано“

Српскиот културно-информативен центар СПОНА се огласи со реакција на бројните критички коментари на социјалните медиуми за нивниот текст „Ѓорѓе Пуљевски – родољуб српски – и неговите писма за помош за печатење на неговите речници во Белград“, објавена на официјалната веб-страница на СПОНА на 11 јануари. На оваа објава реагираше и Месна заедница Галичник, чиј став го пренесе и „Мета.мк“. https://meta.mk/srpskiot-kulturen-centar-go-posrbi-gjorgjija-pulevski-socijalnite-mrezhi-zovrea-reagirashe-i-mz-galichnik/ Инаку, „Мета.мк“...

ЗНМ и ССНМ реагираат, не е работа на премиерот да ја оценува уредувачката политика на медиумите

Наративот инициран од премиерот Димитар Ковачевски, претставува сериозна форма на притисок кон новинари и медиуми која служи истите да ги дискредитира, но и да се одвратат да се бават со теми кои се од јавен интерес. Ова е дел од реакцијата на Здружението на новинари на Македонија, откако премиерот ја искоментира работата на некои медиуми. Имено, на новинарско прашање дали...

ЗНМ и ССНМ: Ахмети не смее да етикетира медиуми

Здружението на новинарите на Македонија го осудува јавното етикетирање на телевизиите Телма и Алфа од страна на претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети. Тој на партиската трибина во Гостивар рече: „Кому му служиме со овие поделби што се прават? Се разбира, на непријателите на Албанците, тие аплаудираат, Алфа, Телма – мелма, тоа се тие. Што добија...

ССНМ реагира на затворањето на дописништвата на МИА во Брисел, Атина и Вашингтон

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изрази жалење поради одлуката на Медиумската информативна агенција (МИА) за ставање во мирување на неопределено време на дописништвата во Брисел, Атина и Вашингтон, како и за најавите за непродолжување на договорите за соработка на дописниците од другите европски градови. Од ССНМ сметаат дека не смее да биде дозволено државна новинска агенција како...

Анкета на ИКС: Политичките партии главен извор на дезинформации

Меѓу македонските граѓани доминира мислењето дека политичките партии и медиумите најмногу шират дезинформации. Голем дел од нив мислат дека можат да препознаат дезинформации, но признаваат дека понекогаш им се случува самите да споделат лажна информација. Граѓаните главно се информираат преку телевизијата, Фејсбук и веб-сајтовите, но многу малку им веруваат на медиумите. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење...

ЗНМ поради навредите кон новинарката Додевска бара оставка на директорот на топланата Скопје Север

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагираше за инцидентот во кој директорот на топланата Скопје Север, Куштрим Рамадани, грубо ја навредувал и ја омаловажувал новинарката Катерина Додевска од МКД.мк. ЗНМ бара Рамадани по овој скандал да си поднесе оставка „Наместо одговор на легитимно поставено новинарско прашање за работата на топланата Скопје, Север, директорот Куштрим Рамадани упати груби навреди и омаловажувања...

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...