fbpx

Осудени новинари на српски „Крик“ оти објавиле текст за тоа кој сè ги тужи

Пресудата јасно покажува дека SLAPP тужбите станаа главната алатка на режимот за затворање на неколкуте преостанати независни медиуми, изјавува уредникот на Крик, Стеван Дојчиновиќ

-

Српскиот веб-портал Крик.рс, познат по големиот број истражувачки стории и награди за истражувачко новинарство, но и критичар на власта, бил осуден од страна на Вишиот суд во Белград, поради напис во кој се набројуваат тужбите против редакцијата.

Инаку, ваквите тужби, во контекст на Советот на Европа се познати како стратешки тужби за спречување на јавно учество (SLAPP), со цел да предизвикаат заплашување и правни трошоци или едноставно исцрпување на тужените. 

Пресудата против новинарите на Крик била донесена од страна на судијата на Вишиот суд во Белград, Слободан Керановиќ, а Крик поднел жалба до Апелациониот суд во Белград.

Керановиќ, според написот на Крик, бил познат во јавноста по експресната пресуда против српскиот неделник НИН, а по тужбата на тогашниот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

„Пресудата јасно покажува дека SLAPP тужбите станаа главната алатка на режимот за затворање на неколкуте преостанати независни медиуми. Работите отидоа дотаму што веќе не смееме ниту да се жалиме во јавноста за тоа што нашата редакција е преплавена со судски процеси – дури и за тоа нè осудуваат“, изјавува уредникот на Крик, Стеван Дојчиновиќ.

Новинарскиот текст на Крик бил објавен пред година и пол. Таму биле наведени сите кои ја тужеле редакцијата, со коментар дека овие т.н. SLAPP тужби најчесто ги поднесувале луѓе блиски до власта со единствена цел да ги замолчат новинарите. Во текстот, меѓу другото, се споменувало дека Крик е тужен и од полицискиот командир Горан Живковиќ и двајца негови соработници од полициската Единица за заштита на сведоци. По ова, тројцата повторно го тужеле Крик, бидејќи објавил дека е тужен од нивна страна. 

Судот пресудил дека новинарите треба да им платат на полициските припадници сума од 374.200 динари (речиси 3.200 евра) за душевна болка и за трошоци, а наредил да се избрише и делот од текстот во кој се споменува тужбата на полицајците.

Ова е втора пресуда против српскиот медиум – претходно имаше осудителна пресуда по поднесената тужба од министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...