„Визер“ со зголемен број летови, нови линии и шести авион стациониран во Скопје

Од претстојните есен и зима, Визер ќе отвори две нови линии од Скопје. Новите летови се од Скопје до Луксембург и до Љубљана

-

Авиопревозникот „Визер“ соопшти дека ќе додели уште еден авион на Меѓународниот аеродром Скопје, со кој управува ТАВ Македонија, односно на овој аеродром своја „домашна“ база од декември годинава ќе имаат вкупно шест авиони на Визер.  Истовремено, компанијата најави дека ќе ја зголеми својата мрежа авиолинии со уште две нови авиолинии и зголемена фреквенција на девет постоечки рути од Северна Македонија.

Со тоа, мрежата на авиолинии на Визер од Северна Македонија ќе се зголеми на вкупно 35 линии, што е досега најголемиот распоред на оваа авиокомпанија за земјава, дополнително потврдувајќи ја својата позиција на најголема авиокомпанија во земјава, односно авиопревозник со најмногу линии.

Од претстојните есен и зима, Визер ќе отвори две нови линии од Скопје. Новите летови се од Скопје до Луксембург и до Љубљана.

Понатаму, Визер ќе ја зголеми фреквенцијата на своите летови од Скопје до Дортмунд, Бремен, Меминген, Берлин, Карлсруе/Баден-Баден (Германија), Рим Фиумичино (Италија), Брисел Шарлроа (Белгија), Братислава (Словачка) и Ајндховен (Холандија). Летовите за Берлин, Ајндховен и Брисел ќе бидат секојдневни.

Билетите се веќе достапни на wizzair.com или на мобилната апликација на Wizz Air.

„Среќни сме што ги проширивме нашите операции во Скопје и воведуваме нови рути до Луксембург и Љубљана. Северна Македонија има значајно место во огромната мрежа на Wizz Air и ние сме горди што сме лидер на пазарот во земјата. Со зголемување на нашите фреквенции на девет рути и понудените нови дестинации, имаме за цел да им обезбедиме на нашите патници неспоредливо поврзување и искуство од патувањето. Би сакал да им се заблагодарам на нашите колеги од Меѓународниот аеродром Скопје за нивното одлично партнерство, како и на Министерството за транспорт и врски за поддршката во работата со нас за изградба на подобра поврзаност за Северна Македонија“, изјави Роланд Тишнер, Извршен и оперативен директор во Wizz Air Унгарија.

Со новиот обем на сообраќање, оваа компанија очекува да отвори десетици нови директни и индиректни работни места во земјата, вклучително и позиции за пилоти и кабински екипаж, покрај над 250 лица кои веќе се директно вработени во Wizz Air во Северна Македонија.

Здружение на инженери: Во буџетот да се предвидат пари за проектот „Чебрен“

Здружението на инженери на Република Македонија, преку соопштение до јавноста, денеска побара во буџетот за 2025 година да се предвидат средства за почеток на изградбата на реверзибилната хидроцентрала Чебрен,...