На првата седница на Судскиот совет со нов претседател отстранети снимателите, реагира ЗНМ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осуди денешниот непринципиелен однос на новиот претседател на Судскиот совет, Сашко Георгиев, кој ги отстрани присутните сниматели на првата седница како претседател, а дозволи присуство само на новинарите

-

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осуди денешниот непринципиелен однос на новиот претседател на Судскиот совет, Сашко Георгиев, кој ги отстрани присутните сниматели на првата седница како претседател, а дозволи присуство само на новинарите.

„Фактот дека една долго воспоставена позитивна пракса за следење на расправата со присуство на сниматели е прекината со едно нелогично образложение дека снимателите ја попречуваат работата и влијаат на концентрација на присутните, без притоа претседателот Георгиев да објасни на кој начин снимателите одеднаш станаа пречка за работењето на советот. Не гледаме никаква оправданост во причината на оваа донесена одлука од страна на претседателот Георгиев. Согласно Деловникот за работа на Судскиот совет, поточно во член 7 таксативно се наведени околностите со кои може да се исклучи јавноста, но во конкретниот случај не е исполнет ниту еден услов за тоа“, велат од ЗНМ.

Весна Дамева, разрешената претседателка на Советот, прво се спротивстави на одлуката да се отстранат камерите од салата, но потоа се согласи, како што рече, „доколку така одлучило мнозинството“.

Георгиев првично побара членовите да се изјаснат за неговиот предлог за исклучување на камерите, но никој, освен Дамева, не се јави за збор.

„Не ја исклучуваме јавноста, немојте да ја доведуваме во заблуда со такви атрибути. Јавноста е тука присутна, но камерите не се јавноста. Тие се придружен дел од настанот. Но, за условите на работа, имајќи ги предвид условите, околностите во кои работиме, доволно е сметам да снимаат само воведен дел. Но, тоа е мој предлог“, рече Георгиев.

Во минатиот четврток, со осум гласа „за“ и четири „против“, на седница на Судскиот совет која беше закажана надвор од работното време, за нов претседател беше избран Сашко Георгиев, откако претходно Дамева беше разрешена на контроверзен начин, кој експертите го протолкуваа како незаконски.

Сашко Георгиев експресно избран за нов претседател на Судскиот совет

 

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...