fbpx
Таг: локални избори

таг: локални избори

Шилегов: Очекувам до крајот на денот Град Скопје да добие нов градоначалник

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Град Скопје, откако гласаше во општина Карпош, изјави дека се надева дека излезноста на денешните локални избори  ќе биде масовна. - Масовноста дава можност уште вечерва да го добиеме победникот за градоначалник на Град Скопје. Во секој случај, каков и да биде резултатот, вечерва Скопје ќе има нов градски совет предводен од СДСМ, што...

Груевски тврди дека имало нерегуларности во текот на целата изборна кампања

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски гласаше денеска во Скопје. Тој им се заблагодари на сите граѓани кои денеска гласаа и порача дека со тој чин ја заштитиле демократијата во Република Македонија и покажале грижа за своите граѓани и за своите општини. - Сакам да се заблагодарам на сите граѓани и се надевам на едни успешни избори, односно избори кои ќе бидат...

Заев: Со фер и демократски избори, победуваме сите во Македонија

Денеска е голем ден за демократијата и за слободата во Република Македонија, ден кога граѓаните избираат продолжување и заокружување на промените во нашата земја, изјави премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, откако гласаше на локалните избори во неговата родна Струмица, на избирачкото место 1730 во училиштето „Никола Вапцаров“. Заев по гласањето рече дека граѓаните ќе го искористат своето уставно...

„Мост“: Двајца приведени поради фотографирање на гласачките ливчиња

Граѓанската асоцијација „Мост“ во својот извештај во 17.30 часот одбележа повеќе неправилности со гласачки ливчиња и со избирачкиот список, од кои во одреден дел интервенирала полицијата. Имало пронајдени неупотребени гласачки ливчиња, обиди за гласање во име на други лица, фотографирање гласачки ливчиња и други неправилности. Двајца гласачи биле приведени. На гласачкото место 2762, во општина Кисела Вода, на гласач кој...

ДИК: Излезноста на гласачите до 17 часот е 49,14 отсто

На третата прес-конференција во седиштето на Државната изборна комисија, портпаролката на Комисијата, Љупка Гугучевска, информираше дека излезноста на гласачите на нивно на цела Македонија до 17 часот е 49,14 отсто. На ниво на Град Скопје, пак, излезноста два часа пред затворање на гласачките места е 50,58 отсто. Во Аеродром одизивот на гласачите е 55,83 отсто, во Битола - 50,39 отсто, во...

МВР регистрираше поткуп на гласачи, гласање за друг и кражба на гласачко место

МВР преку соопштение до медиумите информираше дека до 14 часот нема регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на изборите. Од почетокот на гласањето до 14 часот, до МВР пристигнале 26 пријави за изборни нерегуларности, меѓу кои и за поткуп на гласачи, носење гласачи на избори, фотографирање гласачко ливче, како и за гласање за друг. Од МВР соопштија...

Спасовски: Најважно е граѓаните слободно да ја изразат својата волја на изборите

Министерот за надворешни работи, Оливер Спасовски, во изјава за медиуми откако гласаше на локалните избори, рече дека најважно е граѓаните слободно да ја изразат својата волја на изборите. - Најважно од сè е граѓаните на Република Македонија да можат денеска самостојно да ја донесат својата одлука. Да имаат можност без притисоци, без закани и уцени да го остварат своето гласачко...

Комисијата на ОЈО за следење изборни нерегуларности добила неколку пријави

Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности при Јавното обвинителство на Република Македонија преку писмено соопштение информираше дека ги следи сите случувања за време на изборниот процес и за време на гласањето. Во сите јавни обвинителства во Република Македонија, покрај редовните дежурства, организирани се и дополнителни дежурства од јавни обвинители за приоритетно, итно да се постапува по предмети поврзани со изборниот...

„Мост“: Случаи на семејно гласање и фотографирање на ливчињата

Набљудувачките на граѓанската асоцијација „Мост“ досега на избирачките места забележале откинати ливчиња заедно со кочаните, гласачи непроверени со УВ-ламба, семејно гласање, проблеми со изборниот материјал, агитирање од партиски активисти и фотографирање на гласачко ливче. На гласачкото место 2753, во општина Аеродром, на речиси 60 гласачи им биле дадени гласачки ливчиња заедно со серискиот број. По реакција на гласач, избирачкиот одбор почнал...

ДИК: Излезноста до 13 часот е 27,11 отсто

Државната изборна комисија на втората прес-конференција информираше дека на локалните избори излезноста до 13 часот е 27,11 отсто на ниво на цела Македонија. Излезноста на ниво на Град Скопје е 29,17 отсто. Во Аеродром излегле да гласаат 35,6 отсто од гласачите, во Битола - 28,85 отсто, во Бутел - 28,44 проценти, во Велес одзивот е 30,72 отсто, во Гази Баба -...

МВР: Седум пријави за поткуп, гласањето се одвива без сериозни проблеми

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски, на денешната прес-конференција информираше дека досега имало седум пријави за давање поткуп и прекини на гласањето на неколку гласачки места. Според него, гласањето досега генерално се одвива без сериозни проблеми и без нарушување на јавниот ред и мир. Ангеловски не даде повеќе детали околу пријавите за поткуп, само информираше дека полицијата работи на...

Прекин на гласањето на избирачко место во Аеродром, на гласач му недостигало едно ливче

Во општина Аеродром на избирачкото место 2686, во детската градинка на улица Коста Новаковиќ, гласањето е во прекин откако интервенирала полиција поради гласач на кој му недостигало избирачко ливче. Од изборната комисија му биле дадени четири избирачки ливчиња, а при внесувањето на ливчињата во избирачките кутии, гласачот имал само три ливчиња, по што било утврдено дека му недостига ливчето за советничката...

ДИК: Излезноста на гласачите до 10 часот е 8,98 проценти

Државната изборна комисија соопшти дека излезноста на гласачите до 10 часот на територијата на Република Македонија изнесува 8,98 проценти. На 3.480 избирачки места гласањето е без поголеми неправилности, а портпаролката на Државната изборна комисија, Љупка Гугучевска, информираше дека на некои места имало доцнење од најмногу 30 минути поради отстранување пропаганден материјал. Според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, право на...

Тепачка на гласачко место во Бутел

На гласачко место во основното училиште „Петар Здравковски Пенко“ во Скопје утрово во 10 часот се степале двајца гласачи. Гласачите се отстранети од местото и гласањето продолжило непречено. Тепачката се случила во училиштето, по што реагирало полициското обезбедување, кое не ги привело, туку само направило записник. Двајцата гласачи се поткачиле на разминување и почнале да се туркаат, по што си размениле...

„Мост“: Доцнење на неколку гласачки места, во Струга гласач ги фотографирал ливчињата

Граѓанската асоцијација „Мост“ на почетокот на гласањето за локалните избори забележала задоцнувања на отворање на гласачки места, откинување гласачки ливчиња заедно со кочанот, неработење на УВ-ламба и фотографирање на гласачките ливчиња. Четири гласачки места во основното училиште „Кирил и Методиј“ во село Злетово, општина Пробиштип, биле отворени со 15-минутно задоцнување поради отстранување на пропаганден материјал околу гласачкото место. Гласачко место...

Мирен почеток на изборниот ден со помали нерегуларности, оцени „Цивил“

Претседателот на невладината организација „Цивил“, Џабир Дерала, утринава на прес-конференција рече дека почетокот на изборниот ден бил мирен, со низа помали нерегуларности, односно технички проблеми со кои се соочуваат избирачките одбори. Посочи дека во текот на вчерашниот ден регистрирале повеќе од 20 случаи на прекршување на изборниот молк и тоа во Велес, Ресен, Скопје, Штип, Тетово и во Гостивар. – Се лепеа плакати во една...

Телефонски линии на ДИК, Омбудсманот и на „Мост“ за пријавување изборни нерегуларности

Канцелариите на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и во Штип денеска, на денот на одржување на првиот круг од локалните избори, ќе бидат отворени за граѓаните од 7 до 19 часот, за да им се помогне во остварувањето и во заштитата на нивните права. Освен лично во канцелариите, граѓаните изборните нерегуларности ќе може да ги пријават и...

Шести локални избори: Се избираат градоначалници на 80 општини и на Град Скопје

Граѓаните на Македонија денеска на шестите локални избори ги избираат градоначалниците и општинските советници на своите општини. Гласањето почна во 7 часот утринава и ќе трае до 19 часот. Локалните избори ќе се спроведат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје, а право на глас на имаат 1.814.644 гласачи. На изборите учествуваат кандидати за градоначалници и...

Гласале 70 отсто од затворениците, ДИК ќе утврдува дали некои биле спречени да гласаат

Одѕивот на затворениците во казнено-поправните установи на гласањето за локалните избори што се одржа денеска, еден ден пред изборите, според првичните податоци на Државната изборна комисија е меѓу 68 и 70 проценти. До ДИК нема пријави за инциденти на избирачки места, изјави вечерва портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска. За информациите дека дел од затворениците во затворот во Издризово не успеале...

Кривична пријава за жител на Корешница кој нудел поткуп за глас во Демир Капија

М.С. од село Корешница, Демир Капија, во Полициската станица Неготино пријавил дека С.Б. (43) од село Корешница му понудил пари за да гласа за еден од кандидатите за градоначалник на Демир Капија. Во Полициска станица Неготино во врска со настанот повикани биле неколку лица, а бил известен и јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Кавадарци и од Основно јавно обвинителство...

Оставки во СДСМ по изборниот пораз, калкулации во ВМРО-ДПМНЕ за коалиции во идната влада

Потпретседателите на СДСМ Перо Костадинов и Фатмир Битиќи вчера вечерта, по објавувањето на прелиминарните резултати од парламентарните избори поднесоа оставка од партиските функции, а Битиќи побара тоа да го...