fbpx

„Мост“: Доцнење на неколку гласачки места, во Струга гласач ги фотографирал ливчињата

-

Граѓанската асоцијација „Мост“ на почетокот на гласањето за локалните избори забележала задоцнувања на отворање на гласачки места, откинување гласачки ливчиња заедно со кочанот, неработење на УВ-ламба и фотографирање на гласачките ливчиња.

Четири гласачки места во основното училиште „Кирил и Методиј“ во село Злетово, општина Пробиштип, биле отворени со 15-минутно задоцнување поради отстранување на пропаганден материјал околу гласачкото место. Гласачко место во општина Чешиново-Облешево е отворено со 20-минутно задоцнување, исто така поради отстранување на пропаганден материјал околу гласачкото место, а гласачко место во општина Македонски Брод било отворено со 30-минутно задоцнување поради тоа што избирачкиот одбор доцнел со уредувањето на гласачкото место.

„На гласачкото место 1860 во општина Струга, на почетокот од гласањето, избирачкиот одбор откинал три гласачки ливчиња од кочанот заедно со серискиот број, по што гласачите ги ставиле во гласачките кутии. На гласачкото место 0689 во општина Кавадарци, гласачко ливче е откинато заедно со серискиот број од кочанот. Ливчето било ставено во плик кој бил затворен, а на гласачот му било издадено ново гласачко ливче. Направен е записник за случајот. На гласачкото место 1076 во општина Куманово, гласањето било прекинато половина час поради тоа што не работела УВ-ламбата. На гласачкото место 1117 во општина Липково, УВ-ламбата не се користи во сите случаи. Избирачкиот одбор не реагира. На гласачкото место 1859/1 во општина Струга, гласач ги фотографирал гласачките ливчиња и ги ставил во гласачката кутија, по што избегал од гласачкото место“, информираат од „Мост“.

„Мост“ гласањето го следи со повеќе од 2.500 набљудувачи. На гласачките места се распоредени 2.100 набљудувачи, кои покриваат околу 50 отсто од гласачките места во Република Македонија, како и 50 проценти од гласачките места во рамките на секоја општина.

Во текот на денот, за граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес, отворена е бесплатната телефонска линија 080 080 080, а истото може да го сторат и преку интерактивната веб-платформа neregularnosti.most.org.mk.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...