fbpx

„Мост“: Случаи на семејно гласање и фотографирање на ливчињата

-

Набљудувачките на граѓанската асоцијација „Мост“ досега на избирачките места забележале откинати ливчиња заедно со кочаните, гласачи непроверени со УВ-ламба, семејно гласање, проблеми со изборниот материјал, агитирање од партиски активисти и фотографирање на гласачко ливче.

На гласачкото место 2753, во општина Аеродром, на речиси 60 гласачи им биле дадени гласачки ливчиња заедно со серискиот број. По реакција на гласач, избирачкиот одбор почнал да ги откинува ливчињата без серискиот број. На гласачкото место 0866 во село Мојанци, општина Кочани, има три случаи на семејно гласање во кои биле злоупотребени шест гласови. Избирачкиот одбор не реагирал. Гласач во општина Прилеп не можел да гласа затоа што во избирачкиот список веќе имало потпис на неговото место.

На гласачкото место 2645, во општина Карпош, на гласач му биле издадени две ливчиња за избор на градоначалник на град Скопје, по што реагирал кај избирачкиот одбор, кој по проверка на кочанот со гласачки ливчиња забележал дека им недостигаат две ливчиња за градоначалник на општина и две ливчиња за градоначалник на град Скопје. Гласањето е прекинато, повикан е претседателот на Општинската изборна комисија Карпош и полиција и направен е записник.

Во општина Ѓорче Петров на гласачкото место 2581/1, гласањето било прекинато 1 час и 45 минути затоа што во кочанот со гласачки ливчиња за избор на градоначалник имало и ливчиња за избор на совет.

Во околината на основното училиште „Браќа Рамиз Хамид“ во општина Шуто Оризари, се делеле прехранбени продукти од различни политички партии. Дополнително, бил лепен пропаганден материјал.

На гласачко место во општина Струмица, гласач го фотографирал гласачкото ливче, била повикана полиција, а ливчето не било ставено во кутијата. Истото се случило и во општина Чаир, каде избирачкиот одбор му ги одзел ливчињата и ги прогласил за неважечки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...