fbpx
Таг: локални избори

таг: локални избори

Овие избори со помал одзив и со поголем број неважечки ливчиња отколку во 2013 година

Впечатливо помал одзив на гласачите и поголем број неважечки ливчиња отколку на локалните избори во 2013 година е регистриран вчера, според неофицијалните податоци од ДИК, изведени од 99,57 отсто досега обработени резулати. Тоа, во светлината на бројките од вчерашните избори, зборува за одреден сомнеж на граѓаните во кандидатите и во нивните партии, а во поглед на резултатите за Град Скопје...

Заев: Очигледно е дека опозицијата ќе треба да ги промени ставовите по изборниот резултат

Резултатите на локалните избори не се добри, туку се одлични, изјави премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање на денешната заедничка прес-конференција со црногорскиот премиер Душан Марковиќ. Заев истакна дека тие се дополнителен мотив за Владата и дека претставуваат показател дека опозицијата треба да ги промени ставовите од изминатите месеци. - Граѓаните дадоа поддршка во кој правец ќе...

СДСМ води во 50 општини и во Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ во 9, ДУИ во 12 општини

Според 99,45 отсто од преброените гласови, според неофицијалните и нецелосни податоци на веб-страницата на Државната изборна комисија, СДСМ победи во првиот круг или ќе влезе со водство во вториот круг во 50 општини, ВМРО-ДПМНЕ во девет, а ДУИ во 12 општини. Владејачкиот СДСМ е победник и на изборите за прв човек на Град Скопје, со убедлива предност на Петре Шилегов...

Влада: Граѓаните извојуваа уште една победа за демократијата

„Граѓаните на Република Македонија извојуваа уште една победа за демократијата. Слободно, врз основа на слободното политичко убедување и на сопствената волја, излегоа на гласање на локалните избори и го остварија своето уставно загарантирано право“, порача Владата на Република Македонија во освртот за изборите, на кои СДСМ и ДУИ, кои се главниот дел на владината коалиција, остварија убедлива победа. Владата оценува...

Шилегов неофицијално во првиот круг победува во Скопје

Според неофицијалните информации на веб-страницата на ДИК, од преброените гласачки ливчиња од 657 избирачки места од вкупно 685 во Скопје, кандидатот за градоначалник од СДСМ, Петре Шилегов, оствари победа во првиот круг, со речиси 135.000 гласови, наспроти малку повеќе од 96.000 на неговиот противкандидат, Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ, кој во изминатите два мандати беше на чело на главниот град. Според членот...

Тежок пораз на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ победи во околу 40 општини, го освои и Арачиново

Тежок пораз забележа ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори според прелиминарните нецелосни резултати од Државната изборна комисија, во најголем дел губејќи ја власта во многу општини што досега беа раководени од градоначалници од нивната коалиција. Наспроти тоа, СДСМ успеа да победи уште во првиот круг во околу 40 општини, преземајќи ги од ВМРО-ДПМНЕ, како Прилеп, Битола, Кратово, Ѓорче Петров, но и...

Груевски обвини за нерегуларности, најави анализа на поразот, но не спомна оставка

„По изборите ќе следува анализа за да се утврди што, покрај сите нерегуларности, беше погрешно направено, поради што не добивме поголема поддршка на овие избори. Јас како претседател имам голема одговорност, а за сето тоа, за причините, резултатите, за идниот правец ќе се дискутира во идниот период, по завршувањето на изборите“, порача вечерва на прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Прашан...

Реформаторите го повикаа Груевски да ги објасни резултатите од изборите

Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одржи прес-конференција во Клуб на новинари, на која го повикаа лидерот ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за лично да ги соопшти неговите аргументи за изборните резултатите од денешните локални избори. Темата на прес-конференцијата ќе бидат идни активности на Републичкиот штаб за реформи на ВМРО-ДПМНЕ во постизборниот период.

СДСМ прогласи победа во скопски Центар и во Аеродром, во Велес и во Битола

Кандидатот за градоначалник на Велес од СДСМ, Аце Коцевски, прогласи победа на локалните избори, а според партиски извори, извесна е победата на СДСМ и во Битола, Берово, скопската општина Бутел, Валандово, Гевгелија, Делчево и во уште неколку помали општини. Победа во првиот круг прогласи и Саша Богдановиќ, кандидатот за градоначалник на СДСМ во скопската општина Центар, кој рече дека ваквиот...

„Мост“ регистрираше семејно гласање и технички проблеми со избирачкиот материјал

Граѓанската асоцијација „Мост“ на последната прес-конференција за денешните локални избори соопшти дека имало низа непочитувања на постапката за гласање, како и технички проблеми со материјалот. На гласачко место во село Градец, општина Врапчиште, претседателот на избирачкиот одбор стоел зад параванот додека луѓето гласале. Забележано е семејно гласање на три гласачките места во општина Врапчиште, а набљудувачите на „Мост“ забележале вкупно 20...

Ахмети прогласи победа на ДУИ во Кичево и во Пласница, Таравари води во Гостивар

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на прес-конференција во седиштето на партијата прогласи победа на нивните кандидати во Кичево и во Пласница – Фатмир Дехари и Исмаил Јахоски. - Кандидатите на ДУИ се во водство и во другите општини каде што имаме поднесено кандидатури за градоначалници – рече Ахмети. Според првичните неофицијални информации од партискиот штаб на Алијанса за Албанците, нивниот кандидат Арбен...

ДИК на полноќ ќе ги соопшти првичните резултати

Државната изборна комисија соопшти дека изборите биле фер и демократски, без инциденти, но не соопшти колкава била излезноста во 19 часот. Портпаролката Љупка Гугучевска, во име на ДИК, им заблагодари на граѓаните за излезноста и на медиумите за коректното известување во текот на целиот ден. - ДИК беше во постојан контакт со општинските изборни комисии и успеа да ги надмине сите предизвици и...

Спасовски: Мирен изборен ден, 46 пријави за изборни нерегуларности

Не се регистрирани посериозни нарушување на изборниот процес, а до МВР се доставени 46 пријави за помали нерегуларности, како фотографирање гласачко ливче, гласање за друг, поткуп и носење гласачи на избори, информираше денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. МВР евидентирало 44 прекини на гласање на гласачки места, каде по 15 до 20 минути прекин, гласањето продолжило. Спасовски информираше...

Кирацовски: Одлуката на граѓаните води кон сериозни промени

Се заблагодарувам на сите граѓани што придонесоа за мирна атмосфера на изборите и ги повикувам сите кандидати да ги признаат изборите, порача на прес-конференција Александар Кирацовски, генерален секретар на владејачкиот СДСМ. Тој од името на СДСМ изрази задоволство од текот на изборите и порача дека победата е на граѓаните на Македонија. - Одлуката на граѓаните е за сериозни промени кои водат во...

Џафери: Да стане практика денот на изборите да биде празник за граѓаните

Денот на избори да биде празник за граѓаните, кога тие ќе знаат дека се слободни да го направат нивниот избор, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери откако гласаше во селото Форино и посака шестите локални избори да минат мирно. -Исто како што помина предизборната кампања, посакувам и денешниот ден да помине во мирна атмосфера. И овој ден како и секогаш...

Тачи очекува ДПА да постигне подобри резултати на локалните избори

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, денеска откако го искористи своето гласачко право, соопшти дека очекува гласањето на локалните избори да помине во мирна атмосфера, а партијата да постигне добри резултати. - Мислам дека на крајот ќе успееме да имаме мирни и демократски избори и се надевам на добар резултата на нашата партија - рече Тачи откако гласаше на избирачко место во...

ГРОМ ќe поднесе кривична пријава против претседател на избирачки одбор

Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) соопшти дека ќе поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против претседателот на избирачкиот одбор на изборното место 2645, Христина Јовановска, поради обид за спроведување т.н. бугарски воз. „Денешниот изборен ден во општина Карпош почна бурно и со неправилности. Околу 10.30 часот на изборното место број 2645 забележан е обид на таканаречен бугарски воз, каде...

Ахмети: Важно е резултатот од изборите да биде прифатен од сите учесници

Ставот на ДУИ е дека изборите минале во мирна, фер и демократска атмосфера, истакна на прес-конференцијата по завршувањето на изборите портпаролот на централниот изборен штаб на ДУИ, Арбер Адеми. – ДУИ смета дека денешните локални избори поминаа во мирна, фер, коректна и демократска атмосфера. Граѓаните докажаа дека се за НАТО и за ЕУ, како и за силни и развиени општини....

Партија што ќе ги изгуби изборите се обиде да направи инциденти, тврди Беса

Од Движењето Беса денеска соопштија дека во неколку избирачки места регистрирале неправилности и обиди за нарушување на изборниот процес, за купување гласови, како и обид за правење инцидент од политичка партија што, како што рече партискиот портпарол, Фатон Фазлиу, знае дека ќе изгуби на изборите. Фазлиу рече дека брзата реакцијата на органите на редот докажува дека нема да биде оштетен изборниот...

Затворени гласачките места, шестите локални избори поминаа во мирна атмосфера

Во 19 часот заврши гласањето за шестите локални избори на територијата на Република Македонија, кое се одвиваше во мирна атмосфера со помали нерегуларности. Поголемиот дел од гласачките места беа отворени во 7 часот утринава. Невладините организации „Мост“ и „Цивил“ информираа за задоцнување на отворањето на неколку гласачки места поради технички проблеми, но не повеќе од еден час. Локалните избори се спроведоа...

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на...