fbpx
Таг: локални избори

таг: локални избори

Локалните избори, СЈО и прислушувањето ги нема на агендата на Уставниот суд до 10 мај

Уставниот суд, првата седница по велигденските празници и по Први мај ја закажа за 10 мај, а на неа, според објавената агенда, судиите ќе расправаат по само две иницијативи. На дневен ред на седницата ги нема клучните иницијативи, за кои има најголемо интересирање во јавноста, односно оние за Законот за Специјалното јавно обвинителство, за локалните избори и за прислушувањето преку телеком-операторите. Најсвежи...

СДСМ: Ако не се закажат локални избори, ќе има блокада на целиот државен систем

Блокадите во Собранието, поттикнувањето тензии меѓу граѓаните и насилства што водат кон целосна парализа на државата се погазување на Уставот и на правото во Македонија и загрозување на стабилноста, се вели во редовното утринско соопштение на СДСМ. „Тоа се сериозни дела против државните интереси и секоја институција и поединец треба да знае дека повлекуваат сериозна одговорност. Ситуацијата дополнително ќе се...

Две иницијативи до Уставниот суд да го продолжи мандатот на градоначалниците

Министерството за локална самоуправа и Светскиот македонски конгрес (СМК) поднеле иницијативи до Уставниот суд со кои бараат укинување на два члена од Законот за локална самоуправа и од Изборниот законик, со што ќе се овозможи градоначалниците и советниците да останат на своите функции до одржувањето на локалните избори, објави „Сител“. Според актуелниот Изборен законик, локалните избори требаше да се одржат...

Петиција од општините од Источна Македонија за нов датум за локални избори

Градоначалниците на општините од Источна Македонија преку петиција бараат Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) да поведе изменување на Изборниот законик за да се поместат локалните избори. Според градоначалниците, со измените ќе може да се овозможи нормално и законско функционирање на општините. Во спротивно, по 15 мај, сите нивните активности престануваат. Тие наведуваат дека без измените, нема да може да...

Арифи: Нови избори не се решение за кризата, туку избор на нов спикер и на влада

Градоначалничката на општина Тетово и потпретседателка на ДУИ, Теута Арифи, и денеска го повтори ставот на нејзината партија дека е потребно што поскоро парламентарното мнозинство да формира влада. Нови избори, според неа, не се решение на кризата, туку треба да се изберe претседател на Собрание и државата да почне да функционира нормално. Таа додаде дека секој има право да протестира...

ВМРО-НП Тетово повика на заеднички настап на македонските партиите на локалните избори

Општинскиот комитет на ВМРО - Народна партија од Тетово ги повика македонските политички партии, во Западна Македонија на локалните избори да настапат со единствена платформа. ВМРО - Народна партија од Тетово на својата последна седница донела заклучок, дека е потребно да се формира национален совет во кој ќе членуваат сите македонски политички партии кои гравитираат на територијата на Општините Тетово...

Димитриев: Нови избори се единственото решение за излез од кризата

Техничкиот премиер Емил Димитириев, при денешната посета на Делчево, го повтори партискиот став на ВМРО-ДПМНЕ дека предвремени парламентарни избори, кои би биле организирани заедно со локалните, се единствениот излез од политичката криза. Димитриев забележа дека постизборните дискусии, според него, длабоко задираат во уставното уредување, а не биле дел од предизборната кампања или многу малку се зборувало за тоа. - Сметам дека ваквите...

Арифи: Ќе се бара некое законско решение за распишување на локалните избори

Албанците не се проблем во земјава и платформата на Албанците е во рамки на Уставот и на законите. Ова е одговорот на потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи, на новинарско прашање околу влошената политичка ситуација во Македонија, откако претседателот Ѓорге Иванов не го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за составување влада. Таа додаде дека ДУИ, како партија, останува...

СДСМ Битола со 12 предлог-кандидати за градоначалник

Битолските социјалдемократи синоќа на партиски состанок се одлучија да испратат до централата на партијата во Скопје 12 имиња, како предлози за евентуален кандидат за градоначалник на Битола за престојните локални избори, кои треба да се одржат во првата половина на мај. На списокот се општинските советници Зоран Стојчевски, Златко Ќурчиевски, Наташа Петровска, Горан Козаров и Методија Илијевски, потоа поранешниот пратеник Борче Петковски,...

Јакимовски: Загадувањето во Карпош доаѓа од другите општини

Загадувањето во општина Карпош претежно доаѓа од другите - соседни општини, каде што домаќинствата користат дрва, ќумур или друг начин на греење, вели градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“. „Загадувањето не е проблем на една општина во Скопје. Загадувањето е проблем од Шар Планина па се до Дервенската клисура. Значи мерки мора да...

Тачи останува претседател на ДПА до локалните избори

Централното собрание на ДПА одлучи Мендух Тачи и понатаму да ја води партијата. По шестчасовната дискусија денеска највисокото партиско тело со мнозинство гласови, реши вонредниот конгрес на кој ќе се избира идниот претседател и други партиски тела, да се одржи по завршувањето на локалните избори. Тачи изјави дека партијата сметала дека е неопходно да се донесе ваква одлука, бидејќи...

СДСМ во Битола од 1 февруари почнува со изборот на кандидат за градоначалник

Битолскиот разгранок на СДСМ од 1 февруари почнува со процедурата за избор на кандидат за градоначалник, за претстојните локални избори, кои, според актуелниот Изборен законик, треба да се одржат во првата половина на мај годинава. Извори од партијата во Битола велат дека централниот одбор на СДСМ по состанокот во вторникот во Скопје, им дал зелено светло на општинските организации да...

Ако се договорат, ни Уставот не ги спречува партиите да ги поместат локалните избори

Според измените во Изборниот законик од јануари 2014 година, локалните избори во Македонија, наместо во втората половина на март, се одржуваат во првата половина на мај, но и оваа календарска одредница може да претрпи измени бидејќи прашањата околу локалните избори не се целосно уредени со Уставот туку со закон, кој го носи Собранието. „Изборите за членови на совет и за градоначалник се...

Утрово најзагадени се скопските населби Центар и Карпош

Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање утрово измерија највисоки концентрации на честичките ПМ10 во Центар, односно 159,09 микрограми на еден кубен метар, во Карпош - 149,73 микрограми, Лисиче - 131,09 микрограми и во Гази Баба - 125,87 микрограми на еден кубен метар. Неодамна, на регионалниот форум на програмата за поддршка на граѓанското општество „Цивика мобилитас“  беше истакнато дека...

ВМРО-ДПМНЕ назначи нов претседател на ОК во Охрид

Извршниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ донел одлука со која за нов претседател на општинскиот комитет на партијата во Охрид е назначен д-р Љубен Арнаудов, актуелен директор на Општата болница во градот. Досега оваа функција ја вршеше Атанаско Михаилов, исто така лекар, чиј мандат формално завршил уште во 2014 година. Назначувањето на новиот претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид...

Во Србија на 24 април ќе се одржат и локални избори

Локалните избори во Србија ќе се одржат на 24 април, заедно со предвремените парламентарни избори, одлучи денеска претседателката на српското собрание, Маја Гојковиќ. На локалните избори ќе се избираат членови на собранијата на градовите и на општините, кои потоа ќе ги избираат градоначалниците. Последните локални избори во Србија се одржаа во 2012 година.

Се договорија: Предвремени избори на 24 април со 100 дена преодна влада

Лидерите на четирите политички партии, со посредство на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, по повеќечасовни преговори доцна утрово постигнаа договор за излез од политичката криза во државата. - Постигнавме договор, потпишан од лидерите на најголемите четири партии и задоволен сум од постигнатото - изјави Хан по средбата со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на СДСМ, Зоран Заев, на ДУИ, Али Ахмети, и...

Македонците задоволни од излезноста на локалните избори во Албанија – очекуваат еден градоначалник

Во Албанија денеска се спроведува гласање на локалните избори, кои првпат се организираат според новата административно-територијална поделба, која наместо некогашните 363 општини, има само 61. Освен 61 градоначалник, повеќе од 3,3 милиони гласачи, треба да изберат и 1.595 членови на општински совети. Единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), настапува како дел од широката лева коалиција, но само со...

Автопатот Скопје – Блаце заглави на првите два километра

Владата предводена од СДСМ и во овој мандат не успеа да го изгради ветениот автопат Скопје – Блаце. Иако беше најавено дека до крајот на март ќе биде пуштена во употреба првата делница –...