fbpx
Таг: локални избори

таг: локални избори

Ахмети: ДУИ го почитува унитарниот карактер на Македонија, треба да се избере влада

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на денешната средба со амбасадорот на Италија, Карло Ромео, нагласил дека ДУИ го почитува уставниот поредок, како и унитарниот карактер на земјата, додека новата реформска влада треба што поскоро да се избере и да почне со работа, извести ДУИ. Во врска со локалните избори, Ахмети рекол дека ДУИ ги поддржува измените на изборниот законик за...

ВМРО-ДПМНЕ: Ако мислеше за граѓаните, СДСМ немаше да блокира

Доколку барем малку СДС мислеше за доброто на државата и на граѓаните, ќе покажеше доблест и немаше да се обидува да го блокира процесот за оддржување на  локалните избори, одговoри ВМРО-ДПМНЕ на реакцијата на СДСМ на денешната прес-конференција на Антонијо Милошоски, во кој тој предложи што е можно поскоро да се одржат локални избори. Откако СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да...

Само август и декември не се во игра за локални избори годинава

На три дена до истекот на мандатот на градоначалниците, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ првпат денеска излегоа со можни термини за одржување на локалните избори, за да не дојде до блокада во функционирањето на општините. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека ако се постигне договор локалните избори да се одржат годинава, тие би биле во октомври или...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не лицитира со датуми за локални избори како да е на лотарија

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во реакција на прес-конференцијата на Антонијо Милошоски, ја повика ВМРО-ДПМНЕ да престане да лицитира со датуми за локални избори како да станува збор за лотарија. „Од ВМРО-ДПМНЕ да престанат лицемерно да лицитираат со датуми за локални избори како да се на лотарија додека ги оставија граѓаните на цедило без градоначалници! Да престанат да го притискаат Ѓорге Иванов...

ВМРО-ДПМНЕ побара локални избори најрано на 2 јули

Одржување на локални избори во најкус можен рок, за да се деблокираат општините, побара ВМРО-ДПМНЕ денеска. Како што рече на прес-конференција пратеникот и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, партијата бара парламентарното мнозинство да создаде услови за распишување избори, а во меѓувреме да го овозможи работењето на советите на општините и на градоначалниците. Милошоски предложи три можни датуми,...

Џафери: Обврска на партиите е да најдат консензус за нов датум за локалните избори

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на брифинг со новинари истакна дека политичките партии мораат да најдат заедничко решение и да се договорат за нов датум за одржување на локалните избори, пред тој да свика седница на која ќе се измени Изборниот законик. Иако претходно Џафери рече дека на првата наредна седница ќе се формира владата, тој сега додаде дека треба паралелно...

Џафери со амбасадорите: Изборот на нова влада е приоритет број 1 на Собранието

Враќањето на кредибилитетот на Собранието, изборот на нова влада и решавањето на проблемот со локалните избори биле главни теми на денешната средба на новоизбраниот претседател на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во земјава. Како што соопштуваат од кабинетот на Џафери, повеќе амбасадори, со конкретни прашања, на средбата се интересирале за приоритетите во...

Заев: Со кабинетот на Иванов го усогласуваме текстот со гаранциите за унитарноста

Кабинетите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, биле во постојан контакт околу усогласувањето на текстот на писмената гаранција за унитарноста на државата, која Иванов ја бара од новото парламентарно мнозинство. Ова денеска го соопшти лидерот на СДСМ, по излегувањето од Јавното обвинителство, каде даваше исказ како оштетен во насилствата во Собранието на...

СДСМ: Блокадата ќе кулминира со истекување на мандатот на градоначалниците

„Неопходно е веднаш да се одблокираат демократските процеси во Македонија и Ѓорге Иванов веднаш да го даде мандатот за составување нова влада на претседателот Зоран Заев“, велат од СДСМ во редовното утринско соопштение. Од партијата додаваат дека поради блокираните демократски процеси, Македонија се соочува со проблеми кои им штетат на граѓаните и на целиот државен систем. „Таквата блокада ќе кулминира в понеделник,...

Манчевски: Потребен е итен трансфер на власта за да се закажат локалните избори

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска посочи дека е потребно претседателот на државата, Ѓорге Иванов, веднаш да го даде мандатот за составување нова влада за да се стави крај на блокадата на демокатските процеси, која, во спротивно, ќе кулминира на 15 мај, кога им престануваат мандатите на градоначалниците и на советите на општините. - Македонија има итна потреба од нова влада, која...

Џафери ги информирал пратениците дека итно треба да се усогласат за локалните избори

Министерот за локална самоуправа и Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија до Собранието на Република Македонија доставиле барања со кои се бара Собранието на Република Македонија да најде решение за надминување на состојбата поради неодржувањето на локалните избори и притоа укажале на проблемите што ќе настанат во оваа ситуација, информираат денеска собраниските служби. „Претседателот на Собранието, Џафери, барањата...

Ахмети: Значајно е сите партии да постигнат договор околу локалните избори

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, смета дека значајно е сите политички партии да постигнат договор околу локалните избори, односно да се постигне договор околу промената на Изборниот законик и датумот за одржување на локалните избори. Ова тој го изјави за „ТВ24“ по средбата што денеска ја имал со евроамбасадорот Самуел Жбогар, со кој, меѓу другото, разговарал и за локалните избори. „Разговаравме...

Министерството за локална самоуправа бара од Собранието итно решение за општините

Министерството за локална самоуправа денеска испратило писмо до новоизбраниот претседател на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, со кое бара парламентот во најкус можен рок да направи измени на Изборниот законик за да може општините да продолжат да функционираат и по 15 мај, кога им истекува мандатот на градоначалниците и на советниците. „Со оглед на настаната состојба поради нераспишувањето на...

Заев: Како премиер, најпрво ќе преземам мерки поврзани со интересите на граѓаните

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“ вели дека до крајот на месецот очекува да стане премиер и првите мерки што ќе ги преземе новата влада ќе бидат поврзани со интересите на граѓаните. Тој во интервјуто зборува за реформите кои се предвидени со новата програма, но и за претстојните локални избори. „Едно решение кое мораме да...

Уставниот суд в среда ќе расправа за продолжување на мандатот на градоначалниците

Уставниот суд на Република Македонија в среда, на 10 мај, сепак, ќе ги разгледува иницијативите за укинување на два члена од Законот за локална самоуправа и од Изборниот закон со што ќе се овозможи градоначалниците и советниците да останат на своите функции до одржувањето на локалните избори. Имено, судот денеска соопшти дека со две нови иницијативи ја проширува агендата за...

Села до ВМРО-ДПМНЕ: Ајде првин да гласаме за СЈО, па да одиме на нови избори

По час и половина реплики и контрареплики меѓу пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и обвинувања кон СДСМ, со повремени повици за предвремени избори, на  говорницата на денешното 19.  продолжение на конститутивната седница говореше и Зијадин Села од Алијанса на Албанците, кој ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ тие да гласаат за продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство и за специјален суд, а...

СДСМ: Неразумната блокада на Собранието ѝ нанесува штета на целата држава

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ дури и од опозиција имаат одговорност да не им штетат на државните и на граѓанските интереси, вели СДСМ во денешното утринско соопштение. „Граѓански интерес е земјоделците да си ги добијат заостанатите субвенции што им ги попречи досегашната власт во заминување. Да добијат обесштетување за штетите од временските непогоди. Вработените во општините, училиштата, градинките, културните установи, другите...

Арифи: Ќе го чекаме Уставниот суд да „пресече“ за локалните избори

Потпретседателката на ДУИ, градоначалничка на општина Тетово, Теута Арифи, изјави дека за разврска на политичката криза најважно е да се избере претседател на Собрание. Таа не ја исклучува можноста за лидерска средба, нагласувајќи дека „ДУИ никогаш не бегала од средби, било да се лидерски или на други нивоа“. - Најважно е да се избере претседател на Собрание. ДУИ никогаш не...

СДСМ: Ако не се одблокира Собранието, следува целосна блокада на државниот систем

Парламентарното мнозинство има должност да ја реализира мнозинската волја на граѓаните и да ја спаси државата од хаос, а граѓаните од егзистенцијален крах, се вели во редовното утринско соопштение на СДСМ. Од партијата велат дека уставниот поредок на државата е нарушен со неразумното однесување на Никола Груевски и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, кои за да ја избегнат правдата, користат насилство...

Манчевски: Ниту еден живот, ниту една гребнатинка не е вредна за Никола Груевски

Времето и моментот од стратегијата за деблокирање на Собранието и за избор на спикер, ќе го зачуваме за себе за да избегнеме каква било шанса за каков било конфликт помеѓу граѓаните, изјави денеска пратеникот на СДСМ, Дамјан Манчевски, одговарајќи на новинарски прашања. - Ниту еден живот, ниту една гребнатинка не е вредна за Никола Груевски - рече Манчевски. Прашан за коментар на...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...