fbpx

СДСМ Битола со 12 предлог-кандидати за градоначалник

-

Битолските социјалдемократи синоќа на партиски состанок се одлучија да испратат до централата на партијата во Скопје 12 имиња, како предлози за евентуален кандидат за градоначалник на Битола за престојните локални избори, кои треба да се одржат во првата половина на мај.

На списокот се општинските советници Зоран Стојчевски, Златко Ќурчиевски, Наташа Петровска, Горан Козаров и Методија Илијевски, потоа поранешниот пратеник Борче Петковски, поранешниот претседател на Советот на Општина Битола, новинарот Марјан Танушевски, лекарите Дијана Ѓеоргиевска, Зоран Лазаров, како и претседателот на комисијата за здравство на СДСМ, Гоце Чакаревски.

На списокот се и бизнисмените Раде Христoвски-Кандико и Сребре Нечовски- Конект. Сите овие имиња во изминатиот месец или биле предложени од месните организации или лицата се кандидирале самите.

Изненадува тоа што на спискот, како предлози, не се наоѓаат потпретседателот на СДСМ и пратеник, Александар Кирацовски ниту, пак, локалниот лидер и пратеник, Васко Ковачевски, бидејќи меѓу битолчани веќе долго време се шпекулираше дека најголеми шанси за кандидат за градоначалник имаат токму пратениците. Сепак, од СДСМ велат дека и двајцата не поднеле кандидатури, иако биле предложени од најголем дел од месните организации.

Заедно со листата на предлози за кандидати за градоначалник, во централата на СДСМ во Скопје е испратен и список на 47 кандидати за советници, кои треба да го поминат партискиот филтер.

– Тоа што ќе следува во наредните неколку недели се акетите на кои ќе се мерат рејтинзите на понудените кандидати. Доколку некој од кандидатите значително отскокнува од другите, недвосмислено ќе биде нашиот фаворит. Ако, пак, неколку кандидати имаат ист рејтинг, тогаш ќе пресече општинската конференција и ќе го избере најдобриот – вели потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски.

Сепак, битолските социјалдемократи велат дека не е исклучено централното раководство на СДСМ до крајот на оваа постапка да понуди ново име како кандидат за градоначалник, надвор од веќе предложените.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...