Влада: Граѓаните извојуваа уште една победа за демократијата

„Граѓаните на Република Македонија извојуваа уште една победа за демократијата. Слободно, врз основа на слободното политичко убедување и на сопствената волја, излегоа на гласање на локалните избори и го остварија своето уставно загарантирано право“, порача Владата на Република Македонија во освртот за изборите, на кои СДСМ и ДУИ, кои се главниот дел на владината коалиција, остварија убедлива победа.

Владата оценува дека сите институции одговорни за изборите ги исполниле своите обврски.

„Во исто време, сите институции одговорни за спроведување регуларни избори, беа на висината на нивните професионални задолженија и обврски и ги реализираа сите неопходни активности за спроведување на изборите“, се вели во владиното соопштение.