fbpx

Тежок пораз на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ победи во околу 40 општини, го освои и Арачиново

-

Тежок пораз забележа ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори според прелиминарните нецелосни резултати од Државната изборна комисија, во најголем дел губејќи ја власта во многу општини што досега беа раководени од градоначалници од нивната коалиција. Наспроти тоа, СДСМ успеа да победи уште во првиот круг во околу 40 општини, преземајќи ги од ВМРО-ДПМНЕ, како Прилеп, Битола, Кратово, Ѓорче Петров, но и од ДУИ, како Арачиново.

ВМРО-ДПМНЕ успеа да победи во Сопиште, Петровец, Илинден, Зрновци, Чешиново-Облешево и во Пробиштип, а во вториот круг ќе оди со забележана предност во Кисела Вода, Штип, Кавадарци и во Новаци.

И во трката на најкрупната градоначалничка функција, таа за Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ доби голем удар, бидејќи во првиот круг кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов, води со околу 35.000 гласови.

Вториот круг од локалните избори ќе се одржи на 29 октомври.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...