fbpx
Таг: локални избори

таг: локални избори

ДИК: Гласањето на болните, затворениците и на раселените лица се одвива без проблем

Гласањето на болните, изнемоштените и на раселените лица, како и на затворениците во казнено-поправните установи, што се одржува ден пред утрешните локални избори, засега се одвива добро и без проблеми, соопшти попладнево на прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисја, Љупка Гугучевска. - Гласачките места се отворени во 7 часот утрото и гласањето ќе трае до 19 часот. На ден пред...

„Мост“ ќе ги следи изборите со 2.500 набљудувачи

Граѓанската асоцијација „Мост“ утрешните локални избори ќе ги следи со повеќе од 2.500 набљудувачи, од кои 2.100 ќе бидат статични, информираше невладината организација на денешната прес-конференција. - Статичните набљудувачи ќе покријат околу 50 отсто од гласачките места во Република Македонија и во текот на целиот ден ќе го следат процесот на гласање, од отворање на гласачките места, преку текот на гласањето,...

„Цивил“ бара политичките партии, кандидатите и институциите да ги почитуваат законите

Невладината организација „Цивил“ упати барање до политичките партии да го почитуваат Изборниот законик, Уставот и законите на Република Македонија, да го почитуваат изборниот молк и да ги сопрат евентуалните планови, ако такви постојат, за изборен поткуп, притисоци и за манипулација на гласачите. „Бараме од родителите и од наставниот кадар да ги почитуваат децата и да ги остават надвор од политиката....

МВР денеска и утре ќе издава лични карти

Сите одделенија за управни работи на МВР денеска и утре, на денот на локалните избори, ќе работат и ќе издаваат лични карти на граѓаните. Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена) по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи и тоа само доколку подносителот не...

Денеска гласаат затворениците, болните и раселените

Денеска, еден ден пред изборите, своето право на глас можат да го остварат 1.882 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во притвор, девет внатрешно раселени лица, како и немоќните и болните лица кои го побарале тоа од општинските изборни комисии. Внатрешно раселените лица гласаат во прифатилиштата каде што се сместени, болните и немоќните лица во своите домови, а избирачите...

Чичаковски: Фер и демократски избори се услов за понатамошен напредок на Македонија

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Чичаковски, ги повика сите учесници на изборите да обезбедат фер и демократски избори со почитување на Уставот и законите во Република Македонија. Во интервју за државната агенција МИА, тој нагласува дека утрешните локални избори се услов за понатамошен напредок на земјата и оти ДИК ќе стори сè за успешен изборен ден. – Во името...

Заев: Ајде заедно да ги заокружиме промените во Охрид

„Повикувам заедно да испишеме историја во древниот Охрид. Да го сочуваме градот и да им обезбедиме работни места на младите и живот покрај своите најблиски. Ве повикувам, в недела, масовно да излеземе и да си го сочуваме Охрид, градот повторно да биде бисер на Балканот. На 15 октомври да ги заокружиме промените овде во Охрид и во цела Македонија“,...

Груевски: Нашите дела ќе бидат нашиот глас на изборите

Петнаесетти октомври е денот кога ќе се одлучи нашите градови да добијат помодерен изглед, нашите луѓе да бидат побезбедни, 15 октомври е името на новата ера, новата љубов, новата возбуда и победа, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на вечерашниот, завршен митинг на опозициската партија пред Владата. Груевски порача дека зад ВМРО-ДПМНЕ стојат дела и дека тие дела ќе бидат...

Ахмети: Дехари работел и ќе работи во интерес на сите кичевци

На градскиот плоштад во Кичево, денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети, побара сите граѓани на општината од сите националности да гласаат за кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник од партијата, Фатмир Дехари, велејќи дека тој покажал дека умее да се грижи за сите. И самиот Дехари нагласи дека ќе биде добар градоначалник за сите. - Ви ветувам дека и во...

МВР апелира за мирни избори

Министерствотo за внатрешни работи (МВР) апелира до политичките партии и до нивните симпатизери да ги почитуваат изборните правила, да се воздржуваат од какви било нарушувања на јавниот ред и мир, бидејќи, како што се вели, секакво однесување спротивно на законите нема да толерира. „МВР ќе преземе сè што е потребно за в недела, на 15 октомври, граѓаните непречено и мирно...

СДСМ: Сите институции се посветени на спроведување фер и слободни избори

Сите наделжни институции се целосно професионализирани и посветени на спроведувањето фер, слободни и демократски избори. Граѓаните да бидат спокојни и да не подлегнуваат на лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ и в недела масовно и слободно да го искористат своето право на глас. Со таква порака се обрати СДСМ, реагирајќи на прес-конференцијата на Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ, во која беше најавено дека...

Хелсиншки комитет ќе има дежурна служба за пријавување нерегуларности

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија извести дека в недела, 15 октомври, канцеларијата на Комитетот ќе биде отворена во текот на целиот ден за да им овозможи на граѓаните да пријават повреда на избирачкото право за време на локалните избори. Сите што сметаат дека нивното избирачко право е повредено, може да го пријават случајот во канцеларијата на Комитетот на...

Народниот правобранител отвори телефонски линии за пријавување изборни нерегуларности

В недела на 15 октомври, на денот на одржување на првиот круг од локалните избори, сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и во Штип, од 7 до 19 часот ќе бидат отворени за граѓаните за пријавување изборни нерегуларности. Освен лично во канцелариите, граѓаните нерегуларности ќе може да пријават и на телефонските броеви во...

Жбогар и евроамбасадорите повикаа на избори без заплашување и без насилство

Делегацијата на ЕУ и на амбасадите на земјите членки на ЕУ денеска порачаа дека локалните избори на 15 и на 29 октомври се можност за граѓаните да ги изразат своите гледишта за правецот во кој нивните општини треба да се движат во иднина. „ЕУ ги охрабрува политичките лидери, нивните партии како и релевантните чинители да го искористат изборниот процес за...

ААВМУ: Вечерва на полноќ почнува изборниот молк

Денеска на полноќ завршува изборната кампања во првиот круг од локалните избори, по што почнува изборниот молк, кој трае до 19 часот в недела, кога завршува гласањето на избирачките места, соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ). За време на изборниот молк се известува за изборите и за текот на гласањето, но престануваат сите облици на изборно медиумско...

Груевски им се пожали на амбасадорите дека власта ги злоупотребувала институциите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска имал средба со амбасадорите на САД, на државите членки на Европската Унија и на НАТО во земјава, на која од страна на партијата било посочено дека во текот на кампањата се забележени низа прекршувања на изборниот процес, физички инциденти, демолирања на штабови, како и злоупотреба на државните ресурси во партиски цели. Од ВМРО-ДПМНЕ, како...

Трајчевски: За овие избори медиумите известуваат порамномерно и попрофесионално

За овие локални избори медиумите известуваат далеку порамномерно и попрофесионално во споредба со претходните два изборни циклуси, каде беше забележано нерамномерно известување и воочлива координација, рече директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), Зоран Трајчевски, на денешната дебата на тема „Известување на медиумите во изборна кампања, искуства и предизвици“, што се одржа во Клубот на новинари. Трајчевски...

Жбогар: Политичките лидери и партиите да ги спроведат изборите без заплашувања и насилство

Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Самуел Жбогар, денеска преку видео-обраќање по повод локалните избори в недела ги повика граѓаните да го исполнат своето право на глас, а политичките лидери и партиите да ги спроведат изборите без „заплашувања и насилство“. Жбогар порака ја испрати на македонски јазик. - Локалните избори на 15 октовмри се можност за вас граѓаните да ги изразите...

Американската амбасада ги охрабри граѓаните в недела да излезат и да гласаат

Претстојните локални избори на 15 октомври се важни за иднината на Македонија како просперитетна, стабилна демократија, целосно интегрирана во евроатлантските институции, соопшти денеска Амбасадата на САД во Македонија и ги повикаа граѓаните да излезат и да гласаат. - Ги охрабруваме сите граѓани да го искористат своето право на глас, да ги изразат своите погледи за прашањата од нивната општина и...

ДИК почна со дистрибуција на изборниот материјал, ливчињата ги печати „Полиестердеј“

Државната изборна комисија денеска почна со дистрибуција на доверливиот изборен материјал до општинските изборни комисии за претстојните локални избори закажани за недела, 15 октомври. Гласачките ливчиња ги печатеше печатницата „Полиестердеј“ . Потпретседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца, изјави дека дистрибуцијата се одвива според планираното и дека досега процесот тече како што треба. - Претходно до сите општински изборни комисии (ОИК) го распределивме и недоверливиот...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...