fbpx
Таг: лични податоци

таг: лични податоци

Нема „Филипс“ апарат за кафе за 123 денари

Постот има за цел да ги измами следбениците на социјалните мрежи и да ги извлече нивните лични податоци за потоа истите да ги злоупотреби. На Фејсбук страницата „Стор Маседониа“ која го нуди овој производ пишува дека фирмата се наоѓа на улица „Браќа Гиноски“ бр. 29 во Гостивар. Со пребарување на Гугл може да се види дека на оваа адреса...

Измама: „Пандора“ не доделува нараквици за 123 денари

Фејсбук страницата „Пандора јувелирници“ првпат почнува да објавува фотографии од накит на „Пандора“, на 18 мај годинава,  иако овој бренд е присутен на македонскиот пазар од поодамна. Тоа е првиот знак дека Фејсбук страницата од која се споделува „неверојатната понуда“ е неверодостојна, но, има и други показатели: во делот за адресата користени се букви кои не се од македонската...

Уште една измама: Кока-Кола не доделува мини фрижидери

Веб страница регистрирана на крајот од април годинава во Флорида, на македонски јазик пласира лажна наградна игра под брендот на Кока-Кола. Со проверка на факти утврдивме дека станува збор за измама чија цел е да се соберат чувствителни лични податоци на наивните граѓани, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме пост на социјалната мрежа Фејсбук, во...

Лага е дека Техномаркет нуди телефони за 114 денари – станува збор за кражба на лични податоци

Станува збор за невистинита наградна игра, во која што е злоупотребен брендот на Техномаркет. Наградната игра е неверодостојна и тоа го покажуваат повеќе параметри, но главниот е тоа што како услов за добивање на „награда“ се бара од корисникот односно од учесникот, да остави свои многу сензитивни, лични податоци. Секогаш кога корисниците на Фејсбук ќе наидат на овој услов...

На Фејсбук се споделува лажна промоција на Самсунг телефони за 123 денари

Техномаркет, добро позната продавница за бела техника, нема ваква понуда за Самсунг телефони. на Официјалната веб страница на Техномаркет може да се види дека Самсунг телефони С22 Ултра се продаваат за 90.000 денари. Смарт цената, односно цената со попуст за овие телефони е 70.000 денари, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Пост на Фејсбук споделува видео...

Тефал не доделува тави за готвење за 123 денари

Делува сомнително и тоа што лажната наградна игра е споделена од  Фејсбук страница која има само два поста и двата се за наводна наградна игра за Тефал тави. Исто така, не постои ниедна официјална информација или соопштение дека Тефал ги раскинале договорите со сите продавници во ЕУ. Да се случело такво нешто, досега сигурно ќе беше некаде објавено, пишува...

Лажна реклама: Нема Ајфон за 125 денари

Фан-страницата од којашто се нуди Ајфон за 125 денари, нема податоци за контакт, нема други објави за промоции, комуникација со корисници, нема голем број на следачи и интеракции. Нема никаква формална врска помеѓу овие измамници и IStyle – официјалната продавница за Apple продукти во нашата држава. Огромниот попуст не е објавен ниту на нивната официјална страница, ниту на нивните...

Измама е дека Филипс доделува апарат за две евра за првите сто луѓе

Ваквата „понуда“ за Филипс апарати за две евра е пласирана исклучиво со цел корисниците да ги споделат своите лични податоци во полињата, а потоа истите на многу начини можат да бидат злоупотребени. Ако се погледне веб-адресата на измамничкиот сајт, се гледа дека на неа не фигурира името на брендот Филипс, туку се работи за аматерски креирана посебна страница со...

Лажно се нудат Дајсон правосмукалки за 120 денари

Постот го злоупотребува името и логото на американската онлјан продавница Амазон и е единствената објава на лажната Фејсбук-страница Добар шопинг. На официјалната страница – Амазон.ком не постои правосмукалка за 120 денари, а правосмукалката Dyson V11, која се нуди на фотографијата во постот, чини 537 долари, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   На социјалната мрежа Фејсбук...

Внимавајте каде аплицирате за ЕТИАС, Фронтекс предупредува за 50 различни веб страници

Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (ФРОНТЕКС) ги предупредува граѓаните дека постојат 50 различни веб страници на Системот за информации за патување и овластување на ЕУ (ЕТИАС) кои се на повеќе јазици, при што не сите се безбедни за користење за граѓаните. Како што е познато, ЕТИАС ќе стартува во 2024 година и ќе важи и за македонските...

Осумдневен притвор за анестезиологот од Тетово што снимаше пациенти

На предлог на обвинителството, Основниот суд-Тетово му определи осумдневен притвор на 43-годишниот анестезиолог од тетовската болница што на ТикТок објави снимки од пациенти. До определување на мерката доаѓа откако Основното јавно обвинителство во Тетово поведе постапка против обвинетиот за кривични дела „несовесно работење во службата“, како и „неовластено снимање“ според чл.152 ст.2 од Кривичниот законик. Инаку, тетовската полиција го лиши од слобода...

Суспендиран анестезиологот од Тетово што објави снимки од пациенти

Mинистерот за здравство д-р Фатмир Меџити на денешната прес-конференција заедно со директорот на Клиничката болница во Тетово, д-р Плумб Вела, соопштија дека е суспендиран анестезиологот од тетовската болница што на ТикТок објави снимки од пациенти. „Изразувам големо жалење што еден здравствен работник вака се однесувал и ќе направиме сè за во иднина да не ни се случи вакво нешто“, рече...

Измама: Филипс не нуди фритези на топол воздух за 2 евра

Станува збор за лажна фан-страница којашто го (зло)употребува брендот Филипс, иако нема никаква врска со оваа компанија. Наводната понуда за фритеза од само 2 евра, односно „кујнска мултиварка“, како што се нарекува во објавата,  ја нема на официјалната веб-страница на Филипс, ниту на нивните профили на социјалните мрежи. Всушност, цената на вакви фритези се движи од 10.000 до 25.000 денари во зависност...

Анестeзиолог од тетовската болница снимал и објавувал пациенти на ТикТок

По пријава од директорот на Клиничка болница Тетово дека В.Д. (43), анестезиолог во болницата, снимал и објавувал на ТикТок лекарски персонал и пациенти на кои им се пружала лекарска помош, полицијата вчера доцна ноќта го привела анестезиологот во тетовското село Одри. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, извести МВР.

Измама: Киппер не доделува 870 специјални ќеси со подароци

Дека оваа наградна игра е невистинита, покажува фактот што истата не е споделена на официјалната Фејсбук страница на Киппер маркетите која има повеќе од 150 илјади допаѓања. Фејсбук страницата од којашто е споделен постот e новокреирана, нема други содржини освен лажната наградна игра. Не е првпат преку лажни Фејсбук страници во кои честопати има само еден пост, да се...

УЈП: Не отворајте СМС пораки кои ве повикуваат на задолжителна пријава

Управата за јавни приходи (УЈП), на својот Фејсбук профил информира дека на граѓани им биле испраќани СМС пораки во кои се бара тие да извршат задолжителна пријава на лажна веб-страница https: ujp-gov.mk/potvrda. „Никако да не ја отворате оваа лажна веб-страница бидејќи од вас се бара да пополните полиња со вашите лични податоци, податоци од платежна картичка, како и да прикачите...

Не е точно дека Нептун продава стари Самсунг телевизори за 123 денари

Станува збор за невистинита наградна игра којашто доколку, според упатствата се проследи до крајот и доколку се следат насоките и се пристапи на линкот за учество, станува евидентно дека е креирана за да ги добие вашите лични податоци, вклучително и домашната адреса и телефонскиот број, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа...

Измама: Не се продава правосмукалка за 120 денари

Во постот се злоупотребува името и логото на Амазон, една од најголемите светски компании за е-трговија со седиште во САД. На официјалната страница на Амазон.ком најевтиниот модел на правосмукалката Duson V11 која се нуди во објавата на Фејсбук,  е 149 долари и не постои правосмукалка за 120 денари. Страницата што ја објавува наводната продажбата е создадена на 20 август...

Измама: Ајфон телефон не се продава за 125 денари

Фан-страницата од којашто се споделува попуст за Ајфон телефон по цена од нереални 125 денари, нема податоци за контакт, нема други објави за промоции, комуникација со корисници, нема голем број на следачи и интеракции, нема наведено адреса и телефонски броеви. Реалната цена на телефонот Ајфон 14 про – еден од најновите модели на Apple телефони, е 90.990 денари односно...

Правна основа при обработка на личните податоци

Дали ви се случило одредени фирми да ве „бомбардираат“ со пораки за роденден, честитки за најразлични празници или најнови понуди или попусти? Според Законот за заштита на личните податоци (ЗЗЛП), фирмите треба да имаат легитимна цел за обработка на вашите лични податоци. На пример, доколку им се потребни вашето име и презиме и датум на раѓање (меѓу другото) за...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...