fbpx

Не е точно дека Нептун продава стари Самсунг телевизори за 123 денари

Станува збор за невистинита наградна игра којашто доколку, според упатствата се проследи до крајот и доколку се следат насоките и се пристапи на линкот за учество, станува евидентно дека е креирана за да ги добие вашите лични податоци, вклучително и домашната адреса и телефонскиот број, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

-

Станува збор за невистинита наградна игра којашто доколку, според упатствата се проследи до крајот и доколку се следат насоките и се пристапи на линкот за учество, станува евидентно дека е креирана за да ги добие вашите лични податоци, вклучително и домашната адреса и телефонскиот број, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се вели:

Почеток на пролетта – почеток на промоциите! Neptun ги продава старите Samsung Qled телевизори за само 123ден✨ поради излегувањето на новиот модел. За да подигнете по оваа цена, кликнете на копчето подолу! Количината е ограничена! Не пропуштајте ја шансата

Во склоп на постот се споделува фотографија на која лажно се прикажани наводните телевизори, коишто Нептун воопшто не ги доделува во наградна игра (станува збор за лажна наградна игра). А, кога корисникот што поверувал во измамата ќе кликне на копчето за најава, треба да одговори дали има смарт телевизор дома, дали често купува од Нептун и потоа се препраќа на страница каде од него се бара да ги остави личните податоци, името, презимето, адресата, мејл адресата и телефонот.

Во замена за овие лични податоци лажно се ветува дека ќе добиете телевизор, а брендот Нептун е злоупотребен за да се изврши прибирањето на податоците од страна на корисниците на социјалната мрежа, односно за да тие се убедат самите да ги внесат своите лични податоци.

Дополнително, за да се направи лажната наградна игра попримамлива и пореална, дадена е листа на спецификации на телевизорот, големината на екранот, можностите за поврзување со систем за видео игри, перформансите на екранот, антирефлективен екран итн. Исто така, кога ќе ве препрати на страницата на која се очекува од вас да ги споделите личните податоци, системот ве притиска да побрзате со оставањето на податоците, бидејќи отчукува тајмер, дека имате само 5 минути да ги внесете податоците, а во спротивно нема да учествувате како победник во оваа наводна наградна игра.

Различни ботови, односно лажни профили коишто се создадени исклучиво за да изгледа дека оставиле коментар,  коментираат дека успеале да ја добијат наградата на својата домашна адреса. За да се лажира реалноста на оваа наводна достава на телевизорите, поставени се повеќе фотографии, за да личи дека повеќе различни корисници успеале да станат добитници. Целта на оваа манипулација е корисниците на социјалната мрежа Фејсбук да поверуваат дека искуствата на други учесници во наградната игра се позитивни и дека се работи за легитимна наградна игра.

Фан страницата од која се споделува лажната наградна игра не е официјалната страница на Нептун. Лажната фан страница брои само 197 следачи, а на неа за контакт е оставен лажен, неверификуван мејл на Џи мејл (Gmail), нешто што вообичаено големите маркети и брендови не го прават, туку имаат свои домејни на мејловите.Вистинската и официјална фан страница на Фејсбук на Нептун, може да ја погледнете на следниот линк. Таа има 333 илјади следачи и постојани промоции, а контакт мејлот оставен на истата е [email protected].

На официјалната фан страница на Нептун има промоции, летоци, детални описи на различни производи и настани кои ги организира компанијата во продажните салони и начинот на кој се комуницира со корисниците не вклучува никакво оставање на лични податоци, како што е случај со лажната фан страница од која се споделува невистинитата наградна игра. За разлика од невистинитата фан страница, на официјалната има голем број на производи кои се нудат на продажба на корисниците за реални цени, а не како во невистинитиот пост, за нереално ниска цена од 123 денари. Исто така, на официјалната страница се споделуваат огласи за вработување во продажните салони, во оние каде тоа ѝ е потребно на компанијата. Тоа се само некои од елементите кои сугерираат дека станува збор за реална, вистинска, официјална страница за комуникација на Нептун со потрошувачите.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Станува збор за невистинита наградна игра којашто доколку, според упатствата се проследи до крајот и доколку се следат насоките и се пристапи на линкот за учество, станува евидентно дека е креирана за да ги добие вашите лични податоци, вклучително и домашната адреса и телефонскиот број, кои понатаму не е познато за какви цели би можело да бидат злоупотребени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...