fbpx

Уште една измама: Кока-Кола не доделува мини фрижидери

Веб страница регистрирана на крајот од април годинава во Флорида, на македонски јазик пласира лажна наградна игра под брендот на Кока-Кола

-

Веб страница регистрирана на крајот од април годинава во Флорида, на македонски јазик пласира лажна наградна игра под брендот на Кока-Кола. Со проверка на факти утврдивме дека станува збор за измама чија цел е да се соберат чувствителни лични податоци на наивните граѓани, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се споделува лажна наградна игра, во која е злоупотребен брендот Кока-Кола. Станува збор за измама.

Во објавата пишува:

Се бараат луѓе кои слават роденден во август. Имаме подарок за вас!

До моментот на нашата рецензија оваа објава има 750 лајкови, пет споделувања и стотици коментари.

Доколку кликнете на линкот за да учествувате во лажната наградна игра, се отвора прозорец во кој пишува:

Освоите мини фрижидер на Coca-Cola
Се што треба да направите е одговори на кратка анкета.

Ако продолжите на опцијата „ЗАПОЧНИ“, ви се бараат одговори на три прашања, а потоа започнува разговор со бот.

Наликува на приватна порака во месинџер каде Ви пишуваат:

Твоите први 1 000 евра те чекаат! На крајот од овој разговор ќе дознаеш како да заработиш и да ја примиш оваа парична сума.

Но, ова е измама,  разговорот ве води до момент кога се преземаат вашите лични податоци или број на платежна картичка, за префрлување на наводно добиените пари.

Производители и претставници на брендот Кока-Кола во земјава се Пивара Скопје. Вистиномер стапи во контакт со нив и од таму информираат дека оваа наградна игра е измама.

Страницата која ја споделува лажната наградна игра, во која е злоупотребен брендот Кока-Кола има само 88 следбеници. Од самото име се гледа дека е лага, нејзиното име нема допирни точки со Кока-Кола, се вика Evheniya Dyadya. Создадена е на 23 април годинава. Во информациите стои дека адресата е САД Флорида, под категорија женска облека.

Освен спонзорираната лажна наградна игра, на ѕидот од страницата нема ништо поврзано со брендот Кока-Кола.

Додека официјалната Фејсбук страница на Кока-Кола, која е етаблирана и веродостојна, има повеќе од 100 милиони следбеници. На неа го има и официјалната веб страница на брендот, а создадена е во февруари 2016 година.

На неа нема ваква наградна игра, мини фрижидер од Кока-Кола.

-Информации за промоциите коишто ги организираме ги објавуваме на нашата веб-страница и социјалните мрежи. Ги советуваме потрошувачите да бидат внимателни на интернетот и да ги игнорираат лажните промоции, стои на официјалната страница на Кока-Кола.

Преку лажни Фејсбук страници во кои честопати има само еден пост, често се злоупотребуваат брендови на македонски и странски компании и преку лажно претставување во нивно име се мамат корисниците на социјалните мрежи дека се делат награди.

Целта на анонимните креатори на лажни наградни игри е да се соберат личните податоци на граѓаните. Во некои наградни игри се бараат и платежни картички.

Корисниците на социјалните мрежи мора да бидат внимателни, секогаш да ги проверуваат страниците, пред да остават лични податоци.

Доколку корисниците на социјалните мрежи наидат на промоции кои изгледаат нереално, односно имаат нереално ниски цени, тоа треба да претставува аларм за нив. Дополнително треба да го проверуваат и изворот на промоцијата.

Поради изнесените факти овој пост го оценуваме како дезинформација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...