fbpx
Таг: корона вирус

таг: корона вирус

Воведувањето комбиниран билет за воз и јавен превоз ќе почека на надминување на корона кризата

Ковид-19 кризата е причина за прекинување на сите контакти меѓу Градот Скопје и Железници на РСМ-Транспорт околу можноста за воведување на комбинираниот билет за воз и јавен превоз, како и други поволности за патниците што ги користат овие средства за масовен превоз. Од Град Скопје за „Мета.мк“ информираат дека вработените во нивниот Сектор за сообраќај имале контакт со Железници...

Бројот на заболени лица од ковид-19 во земјава надмина 14.000

Во последните 24 часа се направени 1.529 тестирања, а регистрирани се 89 нови случаи на ковид-19, информираат во Министерството за здравство. Институтот за јавно здравје во последното деноноќие регистрира 215 оздравени пациенти, а починати се седум пациенти. Новозаболените лица со ковид-19 се од следниве градови: Скопје-39, Куманово-10, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-8, Тетово-1, Струга-3, Битола-1, Охрид-4, Кавадарци-3, Гостивар-2, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-1,...

Спасовски најави економски мерки и професионализација на полицијата

Техничкиот премиер во заминување Оливер Спасовски на денешната прес-конференција оцени дека преодната влада во овој деветмесечен мандат успешно одговорила на предизвиците. На тој начин, додаде Спасовски, таа направила пат за новата влада со полн мандат да ги води државата и граѓаните напред. „Јас сум уверен дека во личностите кои се предложени за министри постои сериозен капацитет за општествено одговорни лица,...

Саемот на книга ќе се одржи од 8 до 14 септември на отворен простор кај СЦ „Борис Трајковски“

Саемот на книга 2020 ќе се одржи од 8 до 14 септември на отворено во А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“, кај Аква Паркот под монтажни објекти, информираат организаторите. „Љубителите на книгата ќе може да избираат од понудата на голем број домашни и странски автори, странска литература, стручна, научна и белетристичка литература, книги за млади и деца. Согласно Протоколите за спречување...

Во Прилеп пандемијата ќе се спречува со зголемено полициско присуство и казнени мерки

Преземање засилени заштитни мерки за учениците и наставниците во сите училишта со почеток на новата учебна година. Активно вклучување на училишните одбори и советите на родители со цел доследна примена на заштитните мерки. Засилени редарски служби пред банките и поголемите маркети, со цел да се спречат поголеми групирања. Засилени протоколи, дезинфекција и забрана на влез на потрошувачи без заштитни...

Учениците ќе вадат маска од лице само кога јадат, ќе чекаат ред за во тоалет, родителски средби нема да има

Владата денеска го усвои протоколот за физичка настава во основните и во средните училишта. Наставата во училиштата низ државата ќе започне на 1 октомври, а дотогаш училишните раководства треба да ги подготват објектите за да може непречено и безбедно да се реализира наставата. Здравствените и образовните власти одлучија наставата да се одвива онлајн, освен за учениците од прво до трето...

Поради здравствените протоколи учебната година ќе започне на први октомври, најави Заев

Учебната година најверојатно ќе почне на 1 октомври, не на 1 септември, изјави денеска мандатарот Зоран Заев. „Тенденцијата на подготовките поради здравствените протоколи ја носат работата тоа да биде на 1 октомври. На првата владина седница ќе биде донесена одлука, а ќе следуваат и законски измени“, рече Заев. Претходно, заменичката-министерка за образование и наука Елизабета Наумовска, за Мета кажа дека учебната...

Намален бројот на новозаразени во последната недела, најмногу од нив се од Скопје

Во периодот од 17 до 23 август се направени 11.129 тестирања на вирусот SARS-CoV-2, кога се регистрирани вкупно 839 нови позитивни случаи од 29 градови во државата и е евидентирано намалување од 7 проценти, во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (33,5 проценти), покажува последниот неделен извештај на Институтот за јавно здравје. „Во овој...

Регистрирани 297 оздравени и 119 нови случаи на ковид-19, починаа пет лица

Во последните 24 часа се направени 2.065 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на ковид-19, а Институтот за јавно здравје регистрира 297 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство. Во изминатото деноноќие починале пет лица, двајца пациенти од Скопје (49г и 50г), пациентка од Тетово (46г), пациент од Куманово (63г) и еден пациент од Прилеп (82г). Сите се починати во...

Авиосообраќајот профункционира во јули, но бројот на патници драстично е намален (инфографик)

Воздухопловниот превоз од двата македонски аеродрома беше воспоставен во јули за прв пат од почетокот на корона кризата во нашата земја, но малку граѓани го користеле авиосообраќајот за патувања изминатиот месец. Државниот завод за статистика во јули 2020 година регистрирал вкупно 63.448 патници од аеродромите во Скопје и Охрид, што е за над 228.000 патници помалку во споредба со...

Филипче: Aлгоритмот за оздравени пациенти е сменет затоа што по 10 дена без симптоми вирусот не е пренослив

Согласно новиот алгоритам за оздравување пациенти заболени од ковид-19, за разлика од досегашните правила според кои со истекот на 14 дена беше потребно да се добијат два негативни последователни тестови во период од 24-48 часа, сега еден пациент ако е асимптоматски случај во период од 10 дена, ќе се смета за оздравен по 11 дена. Познавачите ја поздравуваат оваа...

Регистрирани уште 127 случаи на ковид-19, петмина починати и 60 оздравени

Во изминатите 24 часа се направени 1.768 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19 , соопшти Министерството за здравство. Најголемиот број од новодијагностицираните се од Скопје - 38 заразени, потоа е Куманово со 23, Прилеп 15, Гостивар 12, Тетово 8, Велес 5; по 3 нови случаи имаат Берово, Делчево, Свети Николе, Пробиштип и Штип, по 2 нови случаи...

МТСП: Етапната исплата на августовските пензии почнува утре

Исплатата на августовските пензии ќе почне од утре. Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките, за пензионерите кои не користат картички, ќе се реализира во четири...

Жител на Струга требало да седи во изолација, а бил виден во аптека во градот

ОВР Струга поднесе кривична приjава против Д.Д.(34) од струшкото село Лабуништа, со живеалиште во Струга, бидејќи во неделата, иако му е издадено решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за изолација, бил забележан во аптека во Струга.

Дури 445 прекршоци на одредбата за носење маски се евидентирани во последното деноноќие

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во текот на изминатовото деноноќие, на територијата на целата земја, полицајците евидентирале 445 прекршоци на наредбата за задолжително носење заштитна маска. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид -19.

Филипче: На концертот на Петар Грашо во Хераклеа прекршени протоколите, да се санкционираат одговорните

Министерот за здравство Венко Филипче денеска реагираше на прекршувањето на протоколите за спречување на ширењето на корона вирусот на концертот на Петар Грашо во Хераклеа завчера, кога античкиот амфитеатар беше полн. Филипче ги повика надлежните да реагираат и соодветно да ги санкционираат сите оние кои ги прекршуваат утврдените протоколи во борбата против коронавирусот. „Не можам да го премолчам еклатантното прекршување...

Откриени 159 нови случаи на ковид-19, шестмина починале, а 75 оздравеле

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 1.733 тестирања за ковид-19, а регистрирани се 159 нови случаи на ковид-19, и тоа: Во Скопје 32, Куманово 25, Дебар 1, Штип 8, Прилеп 7, Тетово 9, Струга 15, Велес 2, Битола 1, Охрид 4, Кавадарци 5, Гостивар 22, Гевгелија 5, Струмица 1, Радовиш 1, Кочани 2, Пехчево...

ССНМ: Сопствениците на медиуми незаинтересирани да зборуваат за работничките права

Новинарите и медиумските работници во земјава имаат плата далеку под државниот просек, а дополнително се загрижени од неизвесноста за задржување на работното место и висината на приходите поради ковид-19. Сопствениците на медиумите, пак се незаинтересирани да разговараат за овие проблеми, соопшти Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Синдикатот во јуни спровел анкета меѓу вработените во медиумите за работните...

Дезинформатори шират невистини за „египетскиот бог Анубис“ насликан на мобилни пунктови за тестови за ковид-19

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, но и во светот. Грчкиот сервис за...

Регистрирани 118 нови случаи на ковид-19 за едно деноноќие

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на ковид-19. Институтот за јавно здравје регистрира 127 оздравени пациенти, a во изминатото деноноќие починале тројца пациенти од Тетово (64г), Штип (82г) и Струга (74г), сите во болнички услови. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...