fbpx

Намален бројот на новозаразени во последната недела, најмногу од нив се од Скопје

-

Во периодот од 17 до 23 август се направени 11.129 тестирања на вирусот SARS-CoV-2, кога се регистрирани вкупно 839 нови позитивни случаи од 29 градови во државата и е евидентирано намалување од 7 проценти, во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (33,5 проценти), покажува последниот неделен извештај на Институтот за јавно здравје.

„Во овој период, бројот на новопотврдени случаи е под 20 лица, во 16 града во земјата. Процентот на позитивни од тестирани изнесува 7.5 проценти, што претставува намалување од 0,3 проценти во однос на претходната недела. Овој индикатор и натаму покажува тренд на намалување, во однос на претходните недели кога истиот се движи од 10, 9.4, 8.6 и 7.8 проценти“ појаснуваат од Министерството за здравство.

Како што покажува извештајот на ИЈЗ, регистирани се заболени лица во сите возрасни групи, и во овој период најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 205 (24,4 проценти) позитивни. Голем број заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 (18,0 проценти), 40-49 (16,9 проценти) и 20-29 (16,7 проценти). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (2,4 проценти) и 10-19 години (5,8 проценти).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (96,2 отсто), регистрирани се 119 (14,7 отсто) хоспитализирани, а кај 239 (29,8 отсто) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број нови случаи, 307 (38,3 проценти) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 29 лица со историја на патување во последни 14 дена.

Во споменатиот период, по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 554 лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е 513 помалку во однос на претходната недела.

Од ИЈЗ велат дека пријавени се 19 смртни случаи од шест градови или два повеќе во однос на претходната недела и сите се на возраст над 60 години. Од нив, 16 биле хоспитализирани, а три лица починале во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 16 починати лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...