fbpx

Регистрирани 118 нови случаи на ковид-19 за едно деноноќие

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на ковид-19. Институтот за јавно здравје регистрира 127 оздравени пациенти, a во изминатото деноноќие починале тројца пациенти од Тетово (64г), Штип (82г) и Струга (74г), сите во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.194, бројката на оздравени пациенти е 9.752, на починати е 554, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.888.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се тројца пациенти. Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, шест деца позитивни и две мајки и две деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 75 пациенти. На респираторна машина се четворица пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 118 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...