fbpx

Откриени 159 нови случаи на ковид-19, шестмина починале, а 75 оздравеле

-

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 1.733 тестирања за ковид-19, а регистрирани се 159 нови случаи на ковид-19, и тоа: Во Скопје 32, Куманово 25, Дебар 1, Штип 8, Прилеп 7, Тетово 9, Струга 15, Велес 2, Битола 1, Охрид 4, Кавадарци 5, Гостивар 22, Гевгелија 5, Струмица 1, Радовиш 1, Кочани 2, Пехчево 1, Берово 9, Виница 2, Делчево 4, Кичево 3.

Од пациентите што оздравеле во изминатиот 24-часовен период, најмногу се од Скопје – 27. Распоредот по другите градови е следниот: Куманово 1, Дебар 3, Штип 8, Прилеп 1, Тетово 1, Велес 2, Битола 4, Гостивар 9, Крушево 1, Кочани 1, Македонски Брод 1, Виница 1, Кичево 13, Неготино 2.

Починати се шест пациенти, од кои четворица се од Скопје и се на возрастЧ 77, 80, 85 и 86 години, еден пациент од Гостивар на 61 година и еден од Штип на 76 години. Пет од нив се починати во болница, а еден во вон болнички услови.

Вкупната бројка на ковид19-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.458, бројката на оздравени пациенти е 10.052, на починати е 563, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.843.

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5615, активни 829
• Куманово 1355, активни 317
• Дебар 237, активни 74
• Штип 1100, активни 251
• Прилеп 391, активни 57
• Тетово 1180, активни 168
• Струга 544, активни 150
• Велес 253, активни 29
• Битола 188, активни 49
• Охрид 324, активни 67
• Кавадарци 168, активни 99
• Гостивар 722, активни 310
• Гевгелија 39, активни 21 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
• Струмица 56, активни 21
• Крива Паланка 35, активни 10
• Радовиш 39, активни 10
• Крушево 16, активни 0
• Кочани 132, активни 30
• Пробиштип 73, активни 18
• Демир Хисар 60, активни 30
• Македонски Брод 65, активни 35
• Пехчево 9, активни 3
• Берово 34, активни 25
• Валандово 7, активни 0
• Виница 63, активни 42
• Делчево 27, активни 22 (7 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 16, активни 2
• Свети Николе 269, активни 60
• Кичево 257, активни 103
• Ресен 146, активни 1
• Неготино 38, активни 10 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Утре бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети

Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, 18 Април, утре ќе биде одбележан со бесплатен влез во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство, кои ќе...