fbpx
Таг: контраспин

таг: контраспин

Контраспин: Дилемата за изолација или интеграција не е лажна – опасноста е голема

Застојот во реформскиот пат на државата по 2008 година, по одбивањето на Грција да бидеме примени во НАТО на самитот во Букурешт и изолацијата која настана по тогаш закочените евро-атлантски интеграции, придонесе со стеснување на демократските права и слободи на граѓаните и до состојба опишана како „заробена држава“. Ништо не укажува дека би било поинаку доколку не го исполниме...

Контраспин: УКИМ не смее да биде спинерска тема на партиите

Секое градење цврст став и комуникација на тој став со јавноста само врз основа на една од бројните ранг листи во светот, е осудена на ризик за спинување уште во старт. Оттука, нема сомневање дека, иако ВМРО-ДПМНЕ се повикува на точен податок од една ранг листа, ставот дека нивните политички противници на власт СДСМ и ДУИ го допреле дното...

Контраспин: Јолевски спинува околу случајот со обвинителката Ленче Ристоска

Наместо претседателот на Советот на јавни обвинители (СЈО), Антонио Јолевски, да ја повика обвинителката Ристоска на разговор од кој можеби и ќе дознае кој тргувал со влијание од Советот, тој и Советот ја упатуваат пред Етички совет за да оценел дали Ристоска со критиките и барањата за трансформација на СЈО сторила дисциплинска повреда и им го нарушила угледот. Ова,...

Контраспин: Каде Димитриевски ја виде Илирида во Коридорот 8?

Секое отворање на прашања поврзани со трошење на многу буџетски, народни пари во многу важни инфраструктурни проекти за државата е повеќе од легитимно. Но, поврзувањето на истите прашања со етнонационални наративи е спинување. Дотолку повеќе што доаѓа од Димитриевски кој досега не само што не ги злоупотребувал овие теми, туку е познат како пример на раководител на мултиетничка општина...

Контраспин: Ковачевски и Владата спинуваат околу дел од Договорот со „Бехтел и Енка“

Изјавите на премиерот Димитар Ковачевски во последните два дена околу деталите од договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10-д се проблематични од аспект на вистинитоста и во дел од нив може да се детектира спин. За да може уверливо и без никаква дилема да се потврди дали опозицијата лаже и шири хистерија, сè што...

Контраспин: Левица може и на Џугашвили да му се поклони

Во обид да го оправда своето поклонение на гробот на албанскиот револуционер и диктатор Енвер Хоџа, Левица наведува мотиви како што се соработка со албанските левичари и симболиката на Хоџа како борец против фашизмот. Ова е спин, зашто по логиката на Левица, Апасиев утре слободно може да замине за Кремљ и да се поклони пред гробот на Јосиф Висарионович...

Контраспин: Николоски нуди граѓаните да оладат од ЕУ додека ВМРО-ДПМНЕ не ја среди државата

Николоски и ВМРО-ДПМНЕ се за евроинтеграции, преговарачкиот процес ќе продолжел и без уставни измени, само најпрво новата власт за 6 месеци до една година да ја среди земјата. После тоа Бугарија ќе имала сериозен притисок да се откаже од мегаломанските барања од страна на ЕУ, која покрај притисокот врз Софија би изразила волја за нови преговори/разговори за измена на...

Контраспин: Прашањето на Ковачки за разрешување на министерката Петровска е спин

Пратеникот Драган Ковачки постави пратеничко прашање до премиерот за евентуално разрешување на министерката за одбрана поради нејзина здравствена состојба, криејќи го притоа главното – медицинското мислење се однесува на даден временски период и е издадено заради оштетно побарување на Петровска од Ковачки, кој е тужен од нејзе за клевета. Наместо тоа, Ковачки го претстави прашањето пред јавноста како прашање...

Контраспин: Сомнителна ефикасност на „планот од три столба за излез од кризата“ на ВМРО-ДПМНЕ

Најголемата опозициска партија по интервјуто на нејзиниот лидер Мицкоски на 23.03. 2023 година инсистира на тоа дека има „план за да се преброди кризата“ (со уставните измени н.з.), но не кажува дека спроведливоста и ефикасноста на тој план се речиси невозможна мисија, со што, на некој начин спинува. Во меѓувреме, продолжуваат и спиновите околу тоа која партија колку расположливи...

Контраспин: Секоја партија, па и ВMРО-ДПМНЕ, треба да се занимава и со дневна политика

Османи ја извртува вистината кога ја советува ВМРО-ДПМНЕ да не се занимава со дневна политика и тоа е освен спин и непринципиелен став, зашто, меѓу другото, опозицијата се занимава и со работењето на Османи и со работењето на вицепремиерот Артан Груби. Освен ова Османи ја извртува вистината околу изедначувањето на трите клучни договори и вели дека неприфаќање на еден...

Контраспин: Спинот за „СДСМ како помал партнер во владата“ е паушален и без аргументи

Тврдењето на Стефан Андоновски од ВМРО-ДМНЕ дека СДСМ е помал партнер во Владата, бидејќи тоа го покажувал и фактот дека Артан Груби и Крешник Бектеши воделе „клучни проекти“, е паушално и неаргументирано. Ваквата изјава е само една во низата што тргнаа уште од влезот на Алијанса на Албанците во Владата, со внатрепартиска пи-ар цел, но и со подгревање на...

Контраспин: Дури ни Груевски не си дозволи пи-ар „рекреaција“ во канцеларија како Груби

Груби може да се запраша зошто дури ни „мајсторот“ за пи-ар, каков што беше премиерот Никола Груевски, никогаш не си дозволил да прави реклама од своето работење во канцеларија. И тој се жалеше дека работи 24/7 – 365 дена, дека повеќе од 12 часа минува со своите премиерски обврски, но кога сакаше да прави пи-ар или се „рекреираше“ со...

Контраспин: Спин е дека не се прави ништо за справување со заканите со бомби

Преку манипулативна комуникација со јавноста во која има ред вистина, ред полувистина и невистина главната партија на опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ, спинува за феноменот на хибридните закани со кои се соочува државата веќе пет месеци – заканите за поставени бомби, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   ВМРО-ДПМНЕ искомуницира со јавноста преку соопштение во кое се детектираат спинови: 5 месеци...

Контраспин: Спинувањето околу лебот им се чини „вкусно“ и на партиите и на бизнисот

„Вистиномер“ утврди повеќе спинови од политичките партии и од дел од бизнис заедницата за причините зошто нема бел и полубел леб во голем дел од продажните места во земјата, состојба што настана по одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот на 33 денари донесена на 28.02.2023 година, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Откако...

Контраспин: Мицкоски нема потреба од спинувани „меѓуетнички куршуми“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во жарот на дневно-политичките настани  околу новиот коалициски партнер во Владата на СДСМ/ДУИ, даде невнимателна изјава која се однесува на меѓуетничките односи во земјата, со која во последен момент бара од потенцијалните сојузници во Собранието да не го подржат новиот состав на Владата во која влегуваат и кандидати од Алијанса за Албанците(АА). Не само што таа...

Контраспин: Проблемот со заболените од цистична фиброза не се решава со дневни спинови

За овој проблем знaeле и во 2012 година и во 2015 и во 2018 и во 2020 година сите надлежни институции. Оттука, нема потреба од спинови за дневна употреба, какви што можеа да се регистрираат на 09.02.2023 година од премиерот Ковачевски и од министерот Сали. Наместо тоа, потребно е системско решение и пари за сите граѓани со ретки болести...

Контраспин: Левица формално не е против зачленување во ЕУ, ама суштински е

„Не во ЕУ по секоја цена“ поради „тектонски геополитички промени“ и поради „губење на интегритет и суверенитетот на земјата“ со сите договори досега. Така вели членката на Президиумот на Левица Јована Мојсоска. Ако во исто време не се кажува јасно алтернативата, која, нели, „секогаш ја има“,  Левица ја извртува вистината дека е само анти НАТО, а не и анти...

Контраспин: „Крокодилските солзи“ на Мицкоски за барикадите пред Св. Спас се спин

На 4 февруари пред и во Св. Спас кога се одбележуваше годишнината од раѓањето на Гоце Делчев немаше ниту еден инцидент. Сè друго, дали летал хеликоптер, дронови или имало две наместо една или ниедна барикада… се работи на проценка на безбедносни експерти во институциите, а разочараноста што поради тоа ја изрази Христијан Мицкоски „се крокодилски солзи“ и чист спин,...

Контраспин: Причините за блокадите се во Софија, а не во Скопје

Иако може да се дискутира за техниката на водењето на македонската политика во секојдневните односи со Бугарија, причините за новите блокади не се во Скопје, како што тврди ВМРО-ДПМНЕ. Бугарија има свои цели што сака да ги оствари во рамките на билатералните односи со РСМ, користејќи го притоа и евроинтеграцискиот процес и факт е дека во тие цели спаѓа...

Контраспин: Најголемите енергетски капацитети не се направени ниту од ВМРО-ДПМНЕ, ниту од СДСМ

Од големите базни производители на електрична енергија со голем капацитет, ниту една политичка партија во изминатите 32 години не била посветена онака како што тоа било направено во времето кога со земјата владееле и управувале кадри од Сојузот на комунистите на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не биле посветени ни половина, барем од она што било замислено во стратегиите за...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...