fbpx
Таг: контраспин

таг: контраспин

Контраспин: Измените на КЗ по итна постапка сe доказ дека антикорупцијата е мртва

Со измените на членовите 353 и 353-в и 394, се дезавуираат сите други корисни предложени измени на членови во новиот КЗ, кои навистина значат усогласување со ЕУ. Но, воедно се дезавуира и секоја друга декларативна или напишана заложба на партиите од власта и нивните лидери, а и од најголем дел од опозицијата, дека сакаат да се справат со корупцијата...

Контраспин: Ковачевски не може да знае дали ќе влеземе во ЕУ до 2030 г., па уште и први од Балканот

Недостасуваат повеќе елементи во равенката членство во ЕУ до 2030 година за да може некој да тврди дека ќе влеземе во ЕУ во 2030 година и тоа први на Балканот, само ако го смениме Уставот. Освен тоа, нема докази дека во моментов сме најдобри на Западен Балкан во однос на евроинтегративните процеси, без оглед што некои наши соседи во...

Дневна доза патриотизам за бранителите од 2001 година и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ

Годинава, исто како и секоја година во август во изминатите над две децении, главните македонски партии на политичката сцена во земјава испукаа неколку комуникациски куршуми при одбележувањето на трагичните настани во месноста Карпалак и Љуботенски Бачила од 8 и 10 август 2001 година. Иако нема сомнеж во искреноста на желбата да се одаде почит, факт е дека за начините...

Контраспин: Османи (и Груби и ДУИ) спинува за постоење на антиалбански хибриден центар

Тврдењата за хибриден центар насочен кон ДУИ, како и на скриена албанофобија на секое споменување на некаков скандал поврзан со ДУИ, се извртување на вистината или спин, бидејќи не е понуден ниту еден аргумент во насока на кредибилноста на таквите тврдења, иако Османи го тврди токму спротивното. Од анализата пред вас може да се види јасна линија на еволуција...

Контраспин: Отвoрена истрага на ОЛАФ не значи и потврден криминал

Веста за 18 истраги на ОЛАФ во С.Македонија за пет години секако дека е има своја тежина и е предупредувачка, без оглед што недостасуваат многу елементи како што се институциите и типот на препораките што се дадени откако истрагата завршила. Но кога ќе се употреби во теза дека тоа покажува дека СДСМ и ДУИ се расадник на криминалот, тогаш...

Контраспин: Наместо фронт за борба против корупцијата, фронт против ДКСК

Во еден ден негативни реакции против ДКСК дојдоа од четири места од ЈО (жестока), од МВР, од ДИК (жестока), од Државно правобранителство, а ден претходно и од градоначалничката на Скопје. Повод – наодите и заклучоците на ДКСК за три предмети – (не)извршување на заплена на имот во случајот Труст (милионски суми во евра), сомнежи за кражба на лични податоци...

Контраспин: Владите на Груевски дале дозвола за рудникот Иловица во 2012 и 2015 година

Поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски се огласи на Фејсбук дека неговата влада никогаш не донела одлука за експлоатација на злато и бакар во Иловица, но со детална проверка на одлуките на Влада што се депонирани и издадени во Службен весник на РM од 2012 до 2022 година се утврдува дека Груевски спинува, зашто донел такви одлуки...

Контраспин: Правото на личен став, па и на министерката Шукова, е домашен и меѓународен стандард, без оглед што мислат од „Еуромакс Рисорсис“

Компанијата со седиште во Канада, која треба да ја реализира „најголемата инвестиција“ во државата од независноста – изградба на рудник, во реакцијата за изразен личен став на државен функционер (министерката за животна средина Каја Шукова), бара (апелира) од државните функционери да се воздржат од лични ставови, зашто тоа било прашање на однос меѓу влада и инвеститори за кој имало...

Контраспин: Левица спинува дека Македонија е вклучена во репресии на Србите на Косово

Реагирајќи на одлука на Влада за испраќање на 31 припадник на АРМ на Косово на шест месеци, Левица спинува дека КФОР е репресивна сила која често употребува прекумерна сила врз Србите, дека со одлуката на Владата и земјата е вклучена во такви репресалии, дека над 90 отсто од македонското население ја осудува таквата одлука и дека мисијата не е...

Контраспин: Судскиот совет спинува околу оценската мисија на ЕУ

Многу е голема перцепцијата дека членовите на Судскиот совет (или тој што го пишувал соопштението) мислат поинаку, ама не смее тоа да се каже и дека, всушност, во СС не се нималку задоволни со странска мисија што ќе го оценува, па ќе предлага решенија. Можеби затоа јавноста вчера беше известена со став во форма на соопштение во кое многу...

Контраспин: Како Мицкоски пронајде врска меѓу истрагата за спомениците и идентитетот

Случајот може да се разгледува од неколку аспекти, кривично-правен, политички, односно влијание на политиката врз правосудството, корупциски/антикорупциски, на залудно потрошени/украдени пари (33 – те градинки на СДСМ, иако и тоа е спин само по себе), но никако не може да се разгледува од аспект на случај кој во позадина го загрозувал македонскиот идентитет. Токму таква врска некако успеа да...

Контраспин: Окови, линч и тоталитаризам има само во перцепцијата на епископот Јаков Стобиски

Колку и да прозвучува неверојатно едно црковно лице пред верниците да говори невистини и да подбуцнува, сепак епископот Јаков Стобиски го прави токму тоа - употребува тешки квалификации, провоцира и ја подгрева атмосферата пред утрешниот протест. Иако епископот сака да претстави дека е загрижен оти невладините ќе го оковале нашето општество во тоталитаризам, простор за таква загриженост нема. Тоа...

Контраспин: Како Груби виде „угледни“ во ДУИ, а „некадарни“ во ДКСК?

Наспроти арогантниот настап на Груби, кој отворено се сомнева во капацитетите на Антикорупциската корупција и со доза на потсмев вели дека „не ги бивало“, токму  ДКСК е една од ретките институции за која има позитивно мислење во последниот Извештај на Европската комисија. Но, државните институции кои треба да овозможат да се постапи според наодите на ДКСК, се „јавнати“ од...

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ спинуваат околу уставните измени

Партијата на власт спинува дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се согласил со уставни измени и со тоа го променил ставот, додека ВМРО-ДПМНЕ спинува околу глорификацијата на предлозите на Христијан Мицкоски дека тие значеле ем брза интеграција, ем заштита на идентитетот, пишува „Вистиномер“ во својот Контраспин. Текстот подолу го пренесуваме во целост:       Двете најголеми политички партии во земјата СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ по средбата...

Контраспин: Дилемата за изолација или интеграција не е лажна – опасноста е голема

Застојот во реформскиот пат на државата по 2008 година, по одбивањето на Грција да бидеме примени во НАТО на самитот во Букурешт и изолацијата која настана по тогаш закочените евро-атлантски интеграции, придонесе со стеснување на демократските права и слободи на граѓаните и до состојба опишана како „заробена држава“. Ништо не укажува дека би било поинаку доколку не го исполниме...

Контраспин: УКИМ не смее да биде спинерска тема на партиите

Секое градење цврст став и комуникација на тој став со јавноста само врз основа на една од бројните ранг листи во светот, е осудена на ризик за спинување уште во старт. Оттука, нема сомневање дека, иако ВМРО-ДПМНЕ се повикува на точен податок од една ранг листа, ставот дека нивните политички противници на власт СДСМ и ДУИ го допреле дното...

Контраспин: Јолевски спинува околу случајот со обвинителката Ленче Ристоска

Наместо претседателот на Советот на јавни обвинители (СЈО), Антонио Јолевски, да ја повика обвинителката Ристоска на разговор од кој можеби и ќе дознае кој тргувал со влијание од Советот, тој и Советот ја упатуваат пред Етички совет за да оценел дали Ристоска со критиките и барањата за трансформација на СЈО сторила дисциплинска повреда и им го нарушила угледот. Ова,...

Контраспин: Каде Димитриевски ја виде Илирида во Коридорот 8?

Секое отворање на прашања поврзани со трошење на многу буџетски, народни пари во многу важни инфраструктурни проекти за државата е повеќе од легитимно. Но, поврзувањето на истите прашања со етнонационални наративи е спинување. Дотолку повеќе што доаѓа од Димитриевски кој досега не само што не ги злоупотребувал овие теми, туку е познат како пример на раководител на мултиетничка општина...

Контраспин: Ковачевски и Владата спинуваат околу дел од Договорот со „Бехтел и Енка“

Изјавите на премиерот Димитар Ковачевски во последните два дена околу деталите од договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10-д се проблематични од аспект на вистинитоста и во дел од нив може да се детектира спин. За да може уверливо и без никаква дилема да се потврди дали опозицијата лаже и шири хистерија, сè што...

Контраспин: Левица може и на Џугашвили да му се поклони

Во обид да го оправда своето поклонение на гробот на албанскиот револуционер и диктатор Енвер Хоџа, Левица наведува мотиви како што се соработка со албанските левичари и симболиката на Хоџа како борец против фашизмот. Ова е спин, зашто по логиката на Левица, Апасиев утре слободно може да замине за Кремљ и да се поклони пред гробот на Јосиф Висарионович...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...