fbpx
Таг: Кина

таг: Кина

Произволно се тврди дека САД во Украина работеле на создавање биолошко оружје со ДНК на Руси и Кинези

Тврдењето дека „САД во биолабораториите во Украина работеле на создавање на биолошко оружје засновано на ДНК на одредена етничка група, односно на Русите и Кинезите“, е сосема произволно и без никакви докази. Департментот за одбрана на САД уште на 10 март 2022 година објави дека Русија и Кина лажно обвинуваат за употреба на биолошко оружје, оттаму се децидни дека...

Кина најавува правила за генеративната вештачка интелегенција во државата

ai
Кина најави нови правила за генеративната вештачка интелегенција и станува една од првите земји во светот што ја регулира технологијата која ги напојува популарните услуги како ChatGPT, сооппштува Си-ен-ен.  Управата за кибернетски простор на Кина, кое е највисокото тело за заштита на интернет во земјата, во четвртокот објави збир на ажурирани упатства за управување со растечката индустрија. Во споредба со прелиминарниот...

Мајкрософт: Кина обвинета за хакирање мејлови на американските власти

Хакери со седиште во Кина обезбедиле пристап до сметките за е-пошта на околу 25 организации, вклучително и на владини агенции, соопшти „Мајкрософт“, а пренесува Би-би-си. Компанијата не даде детали за тоа за кои владини агенции станува збор, но американското Министерство за трговија за Би-би-си потврдило дека „Мајкрософт“ ги известил за нападот. Американски медиуми објавија дека мета на хакерите бил и Стејт...

Шест мртви по напад со нож во градинка во Лианџијанг, Кина

Во инцидент што предизвика шок во Кина, шест лица, меѓу кои три деца, беа брутално убиени во напад со нож во градинка во градот Лианџијанг, лоциран во југоисточната провинција Гуангдонг. Осомничениот, 25-годишен маж, е уапсен од полицијата, пренесува Би-Би-Си. Според локалните власти, како што пренесува АФП, меѓу жртвите има наставник, двајца родители и три деца. Дополнително, при нападот едно лице...

Медиумски наративи за ЕУ како фактор за зголемено руско влијание во Северна Македонија

Кога се проценува влијанието кое ја изместува Северна Македонија од прокламираниот процес на демократски развој насочен кон прифаќање на вредностите на Европската Унија (ЕУ) и пристапување кон ЕУ, не смее да се занемари како во македонските медиуми се претставува уделот на одделни држави членки на ЕУ и како медиумските и политичките интерпретации влијаат на перцепцијата на самата заедница како...

Тиктокер со 400.000 следачи лажел во видеата дека е руски војник, а всушност бил продавач на храна

Човекот кој на кинескиот TикТок тврдеше дека е оперативец на руските специјални сили, беше суспендиран од платформата во саботата, откако беше откриено дека тој е маж во провинцијата Хенан, кој се обидувал да продава производи преку Интернет. Тој себеси се нарекол Баоер Кечати (Baoer Kechatie) и имал околу 400.000 следбеници на Дауин (Douyin), која е всушност кинеската верзија на ТикТок,...

Кој шири дезинформации за и на Косово?

Оваа сторија од Ардит Кика беше изворно изработена за и објавена од Kosovo 2.0 како дел од проектот Western Balkans Anti-Disinformation Hub project. Таа е реобјавена овде со дозвола.    Србија, Русија и Кина се главните носители на дезинформации за и во Косово. Публиката што зборува српски е повеќе погодена од дезинформациите од српските и руските медиуми, додека кинеската е насочена...

Тужба против „Бајтденс“: Кина шпионирала активисти од Хонг Конг преку ТикТок

Компанијата сопственик на ТикТок, „ByteDance“ (Бајтденс) е обвинета дека им дозволила на членовите на кинеската Комунистичка партија да пристапат до податоците на активистите и демонстрантите за граѓански права во Хонг Конг. Идентификувани и следени биле и корисниците што објавувале содржини поврзани со протести, тврди во тужба поднесена од Врховниот суд во Сан Франциско, САД, од поранешниот шеф на инженерство во...

Кина и македонското високо образование: Влијание сконцентрирано на државните универзитети

Кинеското влијание врз македонското високо образование е сконцентрирано првенствено на неколку државни универзитети во Македонија, и тоа преку континуирана соработка низ годините што резултирала со размена на студенти и универзитетски кадар и со потпишување на договори и меморандуми за соработка. Во соработката предничат три универзитети и тоа најстариот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Универзитетот „Гоце Делчев“ и Универзитетот „Свети Апостол...

Штетни надворешни влијанија се присутни и во медиумите во Северна Македонија

Новата геополитичка реалност ги претвори медиумите, од средства за информирање, во софистицирано оружје. Иако во Република Северна Македонија ниту еден медиум не е во сопственост на правни или физички субјекти од Русија, Кина или Иран, сепак, нивните наративи се присутни во медиумската сфера. Новите медиуми, кои како платформа го користат Интернетот, се најкористени за промовирање на агендите на недемократски...

Социјалните мрежи и медиуми – лост за ширење на авторитарни пропаганди

Руската пропаганда користи различни форми на социјални медиуми и канали за ширење на својата пропаганда. Води војна во Украина, но води и хибридна војна со многу повеќе земји. Северна Македонија и Балканот се мета на оваа пропаганда, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Социјалните мрежи се најсилното оружје на руската пропаганда. Лаги, манипулации, извртувања на вистината....

„Нетиз“ ги тужи „Близард“ за отштета од 44 милиони американски долари

Превземено од NetEase
По случувањата во јануари, кога поддршката за опстојување на „Близард“ на кинескиот пазар беше целосно повлечена, а Близард сè уште не може да најде партнерска фирма во Кина, дојде до целосен прекин на сервисите и акаунтите за игрите World of Warcraft, Hearthstone, Overwatch 1 и 2 и Diablo. Кинезите по овој повод направија еден вид проштално собирање на WoW. Единствената игра...

Европа гневна откако кинески дипломат зборуваше против суверенитетот на земјите од поранешен СССР

Европските земји бараат одговори од Пекинг откако кинески висок дипломат во Париз го доведе во прашање суверенитетот на поранешните советски републики, и тоа во коментари кои би можеле да ги поткопаат напорите на Кина да се смета за потенцијален посредник меѓу Русија и Украина, пишува Си-ен-ен. Официјални лица од Литванија, Латвија, Украина, Франција и од Европската Унија  возвратија против забелешките...

Индија годинава ќе ја надмине Кина како земја со најбројно население

Индија е на пат да ја престигне Кина и да стане најнаселена земја во светот кон средината на оваа година, покажуваат податоци објавени од Обединетите нации (ОН). Според извештајот, се очекува населението на Индија да достигне 1,4286 милијарди – или за 2,9 милиони повеќе од нејзиниот сосед – Кина со 1,4257 милијарди жители. Повеќе од 70 години наназад, азиските нации сочинуваат...

Кинески воени бродови и 26 авиони и денеска патролираат околу Тајван

Кинески воени авиони и бродови на морнарицата сè уште се во водите околу Тајван, соопшти во вторникот Министерството за одбрана на островот по завршувањето на тридневните воени игри, додека тајванскиот претседател Цаи Инг-вен го критикуваше Пекинг за неговото „неодговорно“ однесување, пренесе Ројтерс. Кина ги започна вежбите во саботата откако Цаи се врати во Тајпеј по состанокот во Лос Анџелес со...

Влијанието на Бугарија – принцип на обратен азимут

За разлика од влијанието на Русија и Кина во С. Македонија, кое во најголема мера се шири врз основа на позитивна идентификација и посакувани и/или споделувани вредности, може да се каже дека она влијание, коешто го остварува Бугарија, се базира на одбивање, негирање, па дури и анимозитет, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Пишува: проф. д-р Мирјана...

Кинескиот претседател во Москва, додека во Украина беснее војната

Кинескиот претседател Си Ѓинпинг денеска е во посета на Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин, која доаѓа само неколку дена откако Меѓународниот кривичен суд од Хаг го објави налогот за апсење на рускиот претседател поради основани сомневања за воени злосторства сторени во Украина, пишува Гардијан. Си Ѓинпинг пристигна во понеделник напладне. Тој рече дека Кина и Русија се...

Плашек: Земјите на Балканот се добра мета за Кина и нејзините штетни влијанија

Давид Плашек е водечки аналитичар на Црвената програма на невладината организација Европски вредности од Прага. Тој е докторанд на Карловиот Универзитет во Прага и еден од ретките научници што се бави со проучување на кинеската пропаганда во Европа. Балканот е интересна мета за оваа авторитарна пропаганда, пишува „Вистиномер“. Интервјуто подолу го пренесуваме во целост:   Кинеската пропaганда од неодамна започна да се...

Полска ќе даде четири авиона МиГ-29 на Украина, остатокот од НАТО срамежлив

Откако претседателот на Полска, Анджеј Дуда вчера соопшти дека во следниве денови неговата земја на Украина ќе ѝ подари десетина борбени авиони, од кои четири МиГ-29 ќе бидат испорачани следниве денови, западните земји, во прв ред, САД и Германија, немаат такви планови, но тоа сепак става морален притисок врз нив, пишува британскиот весник „Гардијан“. Данскиот премиер Мете Фредериксен за данска...

Британските министри добија забрана да користат ТикТок на службените телефони

На министрите во британската влада на нивните службени телефони и уреди, од безбедносни причини им е забрането да ја користат апликацијата за видеа ТикТок која е во кинеска сопственост. Владата стравува дека кинеските власти можат да имаат пристап до чувствителни информации што се чуваат на уредите, јави Би-Би-Си. Британскиот државен секретар за дигитализација, култура, медиуми и спорт, Оливер Дауден рече...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...