fbpx

Кинескиот претседател во Москва, додека во Украина беснее војната

Во однос на барањето за апсење на Путин издадено од Меѓународниот кривичен суд во Хаг, од кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопштија дека судот требало „да заземе правична позиција“

-

Кинескиот претседател Си Ѓинпинг денеска е во посета на Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин, која доаѓа само неколку дена откако Меѓународниот кривичен суд од Хаг го објави налогот за апсење на рускиот претседател поради основани сомневања за воени злосторства сторени во Украина, пишува Гардијан.

Си Ѓинпинг пристигна во понеделник напладне. Тој рече дека Кина и Русија се добри соседи и доверливи партнери, додавајќи дека ќе работи заедно со Русија на „чување на светскиот поредок заснован на меѓународното право“. Вечерва е предвидено тој да се сретне со Путин на неформален тет-а-тет состанок. Кинескиот претседател објави свој напис во весникот Росискаја газета, во која тој повика на „прагматизам“ за Украина.

Во однос на барањето за апсење на Путин издадено од Меѓународниот кривичен суд во Хаг, од кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопштија дека судот требало „да заземе правична позиција“. Кинеските власти велат дека ќе продолжат да имаат „објективна и праведна улога во украинската криза и да играат конструктивна улога во мировните преговори“.

Во меѓувреме, во Украина продолжува да беснее војната започната од руските сили на 24 февруари минатата година. Украинските власти соопштија дека ситуацијата во градот Авдивка во Донецкиот регион е слична со онаа во Бахмут, пишува Укринформ. Исто како и Бахмут, Авдивка е во целост уништена како резултат на постојаните руски обиди за негова окупација. И овој град е на првата линија на фронтот, каде се срамнети со земја некогашните објекти за домување, цивилната инфраструктура и индустриските капацитети.

Американскиот Институт за проучување на војната во својот најнов извештај појаснува дека украинската подготовка за контраофанзива во Бахмут или во јужниот дел на Украина предизвикува загриженост кај Русија. Темпото на руските офанзивни операции низ театарот е забавено во последниве недели, што сугерира дека руската пролетна офанзива во Донбас можеби се ближи до кулминација.

Британското Министерство за одбрана во најновиот извештај пишува дека руските сили во изминативе три недели постигнаа мали придобивки околу градот Авдивка. Овој град во Донецкиот регион е под контрола на украинските сили, кои и понатаму продолжуваат со организираната одбрана, но нивните линии за снабдување сè повеќе се загрозени од руската операција за опколување, пренесува Гардијан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...