fbpx

Индија годинава ќе ја надмине Кина како земја со најбројно население

Повеќе од 70 години наназад, азиските нации сочинуваат над една третина од светската популација

-

Индија е на пат да ја престигне Кина и да стане најнаселена земја во светот кон средината на оваа година, покажуваат податоци објавени од Обединетите нации (ОН).

Според извештајот, се очекува населението на Индија да достигне 1,4286 милијарди – или за 2,9 милиони повеќе од нејзиниот сосед – Кина со 1,4257 милијарди жители.

Повеќе од 70 години наназад, азиските нации сочинуваат над една третина од светската популација.

Би-би-си пишува дека стапката на наталитет во Кина неодамна опадна, а нејзиното население минатата година се намали за првпат од 1961 година.

Прогнозата за популацијата во Индија дадена во Извештајот за состојбата на светското население на Фондот за население на ОН (УНФПА) е само проценка, бидејќи земјата нема спроведено попис од 2011 година.

Исто така, Обединетите нации велат дека нивната проценка не го вклучува населението на двата специјални административни региона во Кина – Хонгконг и Макао – ниту пак островот Тајван, кој Пекинг го гледа како отцепена провинција која еден ден ќе се обедини со копното. Тајван, пак, се гледа како различен ентитет од кинеското копно, со свој устав и демократски избрани лидери.

Во ноември минатата година, светското население надмина 8 милијарди луѓе. Ескпертите велат дека растот на населението, сепак, не е брз како порано и во моментов е со најбавна стапка од 1950 година.

Населението во Кина ќе се намалува и следната година, и покрај тоа што земјата во 2016 година се откажа од политиката за едно дете и воведе стимулации за паровите да имаат две или повеќе деца. Зголемените животни трошоци и зголемениот број на жени кои се приклучуваат на работната сила се меѓу факторите кои придонесуваат кон забавувањето на растот на населението во Кина, пишува Би-би-си.

Стапката на плодност се намали значително и во Индија. Од 5,7 раѓања по жена во 1950 година, плодноста денес изнесува 2,2 раѓања по жена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...