fbpx
Таг: Кина

таг: Кина

Македонските компании ќе го претстават својот потенцијал во Кина

Македонските компании од прехранбената, фармацевтската индустрија, ИТ-секторот, производството на алкохолни и на безалкохолни пијалоци и на високо-технолошки производи ќе имаат можност да учествуваат на Саемот за инвестиции и трговија во Нингбо, Кина, кој ќе се одржи од 9 до 12 јуни. Како што беше истакнато денеска на прес-конференцијата на Сојуз на стопански комори, Саемот за инвестиции и за трговија претставува меѓународен настан кој ги обединува...

Во Кина досудена смртна казна за корупција

Властите во Кина осудија на смрт лице обвинето за проневера или земање мито поголемо од три милиони јуани (460.000 долари), јавуваат денеска локалните медиуми, повикувајќи се на правосудни документи. Кинескиот Врховен народен суд и Врховното народно правобранителство заедно ја донеле одлуката како додаток на ревидираниот кривичен закон од 2015 година. Смртната казна може да биде сменета во доживотен затвор без можност...

Во несреќа на градилиште во Кина загинаа 18 лица

Најмалку 18 лица загинаа, а уште 18 се повредени откако во еден град на југот на Кина, поради силниот ветер, се урнал кран, соопштија денеска локалните власти. Кранот тежок 80 тона се урнал вчераутро, директно на двокатницата во градот Донгуан, а четворица од повредените се наоѓаат во тешка состојба. Во моментот на несреќата, во зградата се наоѓале 139 лица, од кои...

Кина чека објаснување од Панама за „Панама пејперс“

Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ју, на заедничка прес-конференција со германскиот колега, Франк Валтер Штајмајер, во Пекинг, се задржа и на аферата „Панама пејперс“, во врска со перење пари и со затајување данок, во која се вмешани и кинески владини претставници. - Кина се бори против корупцијата. Како што еден наш претставник рече, таа борба е вечно патување. Очекуваме појаснување од...

Грција ја продаде Пиреjа за 1,5 милијарда долари

Грција денеска потпишува договор за продажба на 67 отсто од пристаништето Пиреjа на кинеската компанија КОСКО. Договорот со кој владата го предава мнозинскиот дел од акциите на КОСКО за стопанисување со најголемото пристаниште во државата, ќе се потпише во кабинетот на премиерот Алексис Ципрас во текот на денот. Со ова и официјално се приватизира атинското пристаниште. Кинеската компанија ќе плати...

САД и Кина потврдија дека ќе го потпишат договорот за климатските промени од Париз

Соединетите Американски Држави (САД) и Кина издадоа заедничка изјава со која двете земји потврдуваат дека следниот месец ќе го потпишат договорот за климатските примени постигнат на конференцијата во Париз во декември, минатата година. Како што пренесува „Би-би-си“, двете земји се обврзале да преземат мерки, неопходни за приклучување кон договорот што е можно поскоро. Истовремено САД и Кина ги охрабриле...

Избодел десет деца пред училиште во Кина, па се самоубил

Десетина деца се избодени со нож пред основно училиште на југот на Кина, а напаѓачот потоа избршил самоубиство, објавија кинеските медиуми. Маж пред влезот на едно основно училиште во градот Хајкоу, во провинцијата Хајнан, со нож повредил шест момчиња и четири девојчиња, објави кинеската државна телевисија „Си-си-ти-ви“. Децата се пренесени во болница, при што две се тешко повредени, но нивните животи се...

Кинески банкари уапсени во Мадрид

Пет претставници на најголемата кинеска банка, Индустриска и трговска банка на Кина (ИЦБЦ), се уапсени во Мадрид, под сомнение за перење пари кои од Шпанија ги праќале во Кина, соопшти шпанската полиција. Неколку десетини полицајци упаднале во просториите на подружницата на банката во центарот на Мадрид, преку која, како што тврдат истражителите, повеќе шпански и кинески претпријатија прикривале потекло на парите. -...

Кина поставила ракети во Јужното Кинеско Море

Кина неодамна распоредила ракети земја-водух на спорен остров во Јужното Кинеско Море, објавија денеска тајвански и американски претставници. Според сателитските снимки од 14 февруари, а кои ги објави „Фокс њуз“, Пекинг распоредил две батерии од осум ракетни фрлачи и радарски систем на островот Вуди или Јонгчинг, во рамки Парацелските Острови. Претставниците на Тајван, кои, исто така, имаат територијално право на островот, ги...

Регистриран првиот случај на вирусот зика во Кина

Кинеските здравствени власти го регистрирале првиот случај на вирусот зика во земјата, кај лице кое неодамна се вратило од Венецуела. Заболениот маж е на возраст од 34 години и на 28 јануари се лекувал во Венецуела, пред да се врати во Кина на 5 февруари. Откако е констатирано дека е носител на вирусот, веднаш е хоспитализиран. Кинеската национална комисија за здравство...

Компанијата „Макпрогрес“ преку интернет ќе ги продава производите на кинескиот пазар

Македонската компанија за кондиторски производи „Макпрогрес“, преку интернет ќе ги продава своите производи на кинескиот пазар, за да го зголеми извозот. Производите ќе се продаваат преку интернет-компанија во Кина „Јинггонг мол“ (Jingdong Mall). „Макпрогрес“ на кинескиот пазар ќе ги продава производите од асортиманот на „винчини“ и на „армониа“.

Заев: ДИК ќе го каже датумот за избори

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретнал со амбасадорот на Кина во Македонија, Зеншун Вен. На средбата се разговарало за актуелната политичка ситуација во Македонија и за продлабочување на односите на Македонија со Кина. - Сите политички субјекти во Македонија и претставниците на меѓународната заедница се свесни дека се пробиени законските рокови за клучни обврски од Договорот во Пржино, прочистувањето...

Лагард: Забавувањето на кинеската економија не е катастрофа за глобалните пазари

Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, денеска оцени дека забавувањето на економијата на Кина нема да предизвика катастрофа за глобалната економија и дека потресите што ги погодуваат финансиските пазари „се нормална појава“. Лагард зборуваше на последниот ден од одржувањето на Светскиот економски форум во Давос, каде што информациите за забавувањето на економијата на Кина предизвикаа страв меѓу учесниците од...

Земјотрес ја погоди Кина

Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала, утринава по полноќ е регистриран во централниот дел на Кина. Засега нема информации за жртви и за причинета материјална штета. Како што соопшти американскиот геолошки институт, потресот се случил на длабочина од десет километри во округот Мењуан во провинцијата Сингхај.

Кина оформи три нови воени единици

Кина оформи три нови воени тела, односно единици во рамки на реформите кои треба да ги модернизираат вооружените сили и да ја зголемат нивната борбената готовност. Државната телевизија денеска емитуваше снимка на која претседателот Кси Ѓинпинг им предава воени знамиња на лидерите на трите нови единици – генерална команда на Народната ослободителна армија, на ракетните сили и на силите за...

Северна Кореја отвори безвизна зона за кинески туристи

Северна Кореја, на брегот на реката Апнок во Синуј, отвори безвизна зона за кинеските туристи, јавуваат кинеските медиуми. Кинеските посетители ќе можат да се задржат еден ден и, покрај во купување, да уживаат и во севернокорејските специјалитети, но нема да можат да одат во други делови од земјата. Туристичката зона од 130.000 квадратни метри се наоѓа на место каде неодамна е завршен мостот...

Спасени 11 рудари во Кина, по 18 се трага

Спасувачките екипи досега успеаја да извлечат 11 рудари, кои вчера остана затрупани во еден рудник во источната кинеска провијнција Шангдонг. Според кинеските медиуми, во рудникот се заглавени уште 18 рудари. Спасувачите информираа дека го лоцирале местото на кое се наоѓаат рударите, но операцијата за нивно извлекување е отежната поради честите одрони во рудникот предизвикани од неколкуте свлечишта во регионот. Во текот на...

Кина: Најмалку 91 лице исчезнаа во свлечиште

Најмалку 91 лице се водат за исчезнати откако свлечиште го зафати градот Шенжен на југот на Кина, каде се затрупани 33 објекти. Кинескиот премиер Ли Кекијанг наредил покренување итна истрага, откако свлечиштето го погодило Шенжен, кој се наоѓа во близина на Пекинг. Свлечиштето урна повеќекатни згради во индустрискиот дел на градот, што предизвика дополнителен наплив на кал. Заменик-градоначалникот на Шенжен, Ли Кингшен,...

Јолевски во посета на Кина

Делегација од Министерството за одбрана, предводена од министерот Зоран Јолевски, од денеска престојува во неколкудневна посета на Народна Република Кина. Како што денеска соопшти МО, за време на посетата министерот Јолевски ќе има средба со министерот за одбрана на НР Кина, генералот Чанг Ванкуан. Министерот Јолевски ќе ги посети и Универзитетот за национална одбрана, како и Академијата за специјални операции.

Кина ги обвини САД за сериозна воена провокација

Кина ги обвини САД за сериозна воена провокација затоа што американски бомбардер прелетал над еден од кинеските вештачки острови во Јужното Кинеско Море. Кинеското министерство за одбрана соопшти дека САД намерно ги поткреваат тензиите во спорната област. Вашингтон е повикан веднаш да преземе чекори да спречи повторување на вакви инциденти и загрозување на односите на војските на двете земји. Во соопштението Кина...