fbpx

Кина оформи три нови воени единици

-

Кина оформи три нови воени тела, односно единици во рамки на реформите кои треба да ги модернизираат вооружените сили и да ја зголемат нивната борбената готовност.

Државната телевизија денеска емитуваше снимка на која претседателот Кси Ѓинпинг им предава воени знамиња на лидерите на трите нови единици – генерална команда на Народната ослободителна армија, на ракетните сили и на силите за стратешка поддршка.

Кси Ѓинпинг рече дека трите нови единици се формирани за да се модернизира и да се исполни кинескиот сон за силна армија.

Кинеската војска во моментов брои 2,3 милиони лица, а во план е да се намали за 300.000.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Повредена млада мечка на патот Тетово-Непроштено по удар од автомобил

Доцна вечерва на локалниот пат Тетово - с. Непроштено патничко моторно возило удрило во млада мечка која го минувала патот заедно со мајката и уште две помали мечиња, соопшти...