fbpx

Спасени 11 рудари во Кина, по 18 се трага

-

Спасувачките екипи досега успеаја да извлечат 11 рудари, кои вчера остана затрупани во еден рудник во источната кинеска провијнција Шангдонг.

Според кинеските медиуми, во рудникот се заглавени уште 18 рудари. Спасувачите информираа дека го лоцирале местото на кое се наоѓаат рударите, но операцијата за нивно извлекување е отежната поради честите одрони во рудникот предизвикани од неколкуте свлечишта во регионот.

Во текот на вчерашниот ден од рудникот биле извлечени 10 рудари, а 11. бил спасен изутринава.

Во рударски несреќи во Кина годинава загинаа 931 лице, што е значително помалку во споредба со 2002 година, кога животите ги загубија 7.000 рудари.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...